@S.J.Parker лесни чекори на Антонија Фаза е со манџата штом испаднат заби ќе и помине. Потоа пак друга фаза сама кога ќе јаде нема да сака лажица, потоа манџа пред другарки никако, па пред искачање да не замириса случајно и така додека остариме. Да и го извадиш забите не можеш ќе искочат. Падна утринава и крв од уста на ќошот почна да и тече. На сам ќош од дрвена играчка се удри се спрепна од друга и сетоа тоа го видов и не успеав да ја фатам. Ладни облоги не ми дава да и ставам, заб нема скршено што да и ставам?
И јас го имам таблетов. Мислам дека само муука цел ден. Кравата и е омилена. И книгата ја врти, ги кажуваме животните. Многу ја сака книгава со таблет.
Според мене е нешто најискористено. @S.J.Parker лесни чекорчиња на малата Не јадењето е од забите, неможеш ништо за да убрзаш за жал @FreeMind пред некоја ден беше вака, со многу многу крв. Бевме да ја чистат во болница и да видат да не е за шиење. Среќа беше само дупка од 3ката. Докторот ни кажа на газа да држиме некое време Борова вода. За 2 дена беше како нова. Добра е твојата, мојата беше ко Анџелина Џоли
Јас ги имам овие две,уште од многу мала и ги купив и ги имитира животните од многу рано и сеуште и се омилени А и за книги душа дава,и во денот тоа по 15 пати правиме Ќе донесе неколку сликовници и ги листа и јас да прашувам кај е мачето кај е бубамарата и така со ред си ги погодува А ако кажам НЕ дали јас дали татко и слуша ептен,а бабите не толку Се радувам што почна дa јаде убаво пак,ама Мора парчиња др несака
Сте дале ли интегрален ориз? Малата е 15 месеци, таков имам дома и планирам да си го направам за ручек, па дали можам и нејзе да и дадам, дека колку и да се вари не е толку мек како белиот ориз.
Zdravo na site .... Sinko e 14 meseci i od pred nekoj den pocna so rakata da se udira po glava,primetuvam stom mu kazam nesto da nepravi ili netreba nekade da odi toj zastanuva i pocnuva da se udira. Me interesira dali e ova nekoja faza od razvoj ili treba da se prezemi nesto......
Да комплет 780ден. И имам дадено ама не го бендиса баш. Исто прави и мојата, веројатно фаза ама нека кажат и другите.
Колку теми се отвориле Ова е потполно исто кај нас. @S.J.Parker лесни чекорчиња на Антонија Мене подлогата за седење многу ми е едукативна, сите животни, овошја, јајца, предмети знае да ги покажи одма без размислување, почна после годината да покажуава 3, 4 после секоја недела нови и се се знае. А почна и буквата А да ја покажува и В на латиница ова од песничните на англисли ABC phonic songs
Го имаме и ние десно теписончето ама само покажува њаче (маче) и ајче(зајче) , од другата страна има диносаурус и ги вика коко пошто се што лета и расте во јајце е или коко или кваква
И јас го гледав таблетот од Просветно, ама не го нарачав, мислев дека е за поголеми. И лупнав 550 ден за звучна сликовница Црвенкапа од Топер и благо речено катастрофа е. Само си трошам пари без врска од дома. Ова нарачувањево онлајн уште малку ќе ми направи проблеми во бракот. Луѓенца беба пушта по чекор два држејќи се за мебел. Не ми била поисполнета душава. Знаете колку ја мислев и ја носев на контроли. Добро, се уште сум со страв да не касни во развој, зошто нешто не прави, зошто не прави му за крава и слично (очигледно сите сме со исти маки), ама полека стравот избледува. Детево расте и се развива правилно како што гледам. И сака да ме гледа додека сум во тоалет И така. Дома сум, а немам време за ништо. Се уклучувам набрзинка и толку. А да, да се надоврзам и јас. Страшно го дрибла татко и. А тој па толку е мек, нежно и се смее. Дури и кога ја кара целиот е "тато не таму, немој". Демек озбилен, па и се смее. И толку и фали на неа да не го послуша. Кога и менува пелена како да ја коле некој. Последно му стана со гомна размачкани на газот, па викаше да му помогнам. Фала му на тој што ги измислил подлогиве за еднократна употреба инаку тешко дека ќе чистев гомна од мебел без да повратам. Едит: Кога е време да купам кондурки за проодување? Ич не ми се нарачува онлајн тоа, сакам да и ги пробам.
Лесни чекорчиња на малите куклички @Bella* и @S.J.Parker @Nina 2014 сметам дека 15 месеци е многу рано за на логопед, нема простор за паника, знам многу деца на познаници кои до 2 години не зборуваа ниту еден збор, а сега неможеш да ги заѓутеш . Не се секирај, се ќе си дојде во свое време. Едвај чекам да видам какво човече ќе ме очекува на 14 месеци . Малата точно после годинката почна многу работи да разбира, ако и речам донеси го бебето да му дадеме вида да пие, оди и ми го носи, ако и речам оди на татко ти однеси му го, му го носи нему. Истото го праве и со топчето и балонот. Тие три работи ги знае. Кога и викам дојди да те гушнам иде накај мене. Ме топи со тоа .
Лесни чекорчиња Антонија Моево ич не е заинтересирано за книги,а има еден куп,и оваа со таблетот,ама не му се интересни. Мајка ми е како Милан од Жикина Династија,потајно сака внук и да е интелектуалец,па му накупувала книги . Еве ги стојат,му ги вадам од шкафче,стискам звуци,зборам,вртам страни,читам приказни,а он ноншалантно ми врти грб,си растура играчки или бега. Има време,можеби ќе ги засака . Внука ми навечер додека да заспие постојано гледаше цртани,по 2-3 саати,па прозборе околу годинка,баш зборчиња кажуваше. Не дека можеби не сметаат цртани,ама ако и се работи со детето,покрај гледање цртани,не верувам дека ќе назадува. Мајка ми преку ден уста не затвараше,постојано и зборуваше,ама навечер и двете одмараа со цртани. За ударање по глава и на моето му текнува и се плеска по главата со цела сила,а и ако се удри од шкаф,столче,маса,обавезно се удира уште неколку пати да види дали ќе го боли и колку силно може да се удри .
@thinkerbell нас ортопедот ни кажа патики од кога ќе преоди убаво, стабилно за надвор. До тогаш дома, босо. @hello-kitty.90 мојата да ги има овие ќе пукне од радост. Ама што вика Тинкербел не сакам да си правам проблеми во бракот Инаку јас имам друго прашање. Кога треба да почнат убаво да јадат со прибор? Ги држе со лева, ај тоа како сака така ама не знае ни да буцне ни да сркне, а допира храната само со него. Не е на одмет и од другите мами со поголеми дечиња,да ни кажат нешто
Па ние како нападнавме сите избегаа од темава И јас сакам совети од постари али како растат децава една по една исчезнува @thinkerbell за број мораш да си пробаш на нога секој модел е различен. Јас од една фирма купив и сега само поголеми бројки онлајн нарачувам иначе првите во продавница ги проба. Кога ќе почне да оди за едно раче купи и и веднаш надвор на прошетка. Од едно раче до самостојна е околу месец дена ако те интересира. Од два чекори сама до едно раче е недела дена разлика
Мојава знае да јаде сигурно веќе 2-3 м, ама еве неколку дена се лигави, боцка со вилјушка, па зема со раче да јаде. Ма како сака, само нека јаде. Инаку и супа срка сама, пола во уста, пола во врат. Скоро се сама си срка и си јаде, ама уште да јадеше количинску ќе немаше посреќна од мене.