1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.920
    Допаѓања:
    203.171
    Пол:
    Женски
    Намали малку со млечно, до 500мл млеко и млечно во денот може да внесува над годинка, дури и помалку. Ако даваш адаптирано, не давај обично млеко. Или скроз премини на обично, или продолжи со адаптирано. Ако пие млеко од шише, и ако надминува 500мл вкупно во 24 часа, мора да ја намалиш дозата. Пожелно е, ај да не речам мора. Подобро кисело млеко, јогурт, сирење нека јаде, отколку млеко да пие.

    Ништо не ставај. Многу брзо поминуваат вакви ранички кај маливе.
     
    На Happyinlove, lackygirl, BabyT* и 2 други им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.260
    Допаѓања:
    67.820
    Пол:
    Женски
    Нашиот ортопед ни рече да не купуваме ништо за проодување. Детето си проодува босо по дома, кога е веќе проодено му се купуваат соодветни обувки. Едино може онакви чорапчиња одоздола со гумички за да не се лизга, ама толку. Антоније од орто+ е ептен строг, против паткање е, само е за природен начин на проодување, односно детето да прави се во свое време и без никаква помош од родителите и помагала.
    Цртани пред спиење особено не се препорачуваат бидејќи потоа мозокот го врти тоа во сон и не спијат мирно. Повеќето барем.
    Мојата касно почна со прибор, а не ја ни форсирав нешто особено. Како и беше згодно така. После во градинка почнала да си јаде со прибор, ама поголемка беш веќе. Не ми е тоа некоја работа за потресување искрено.
    Јас би ти советувала да ги избегнуваш зборовите не, не може, не смее, едноставно пренасочувај го и врти внимание.
     
    На Kate555, gjoker4e, Milaаа991 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. babydust

    babydust Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2017
    Пораки:
    620
    Допаѓања:
    1.724
    Пол:
    Женски
    Поздрав женски,
    колку повеќе дома седам,повеќе време немам.Лесни чекорчиња на Дорa и Антонија @Bella* @S.J.Parker .

    @thinkerbell не земај чевличиња,рано е.Јас земав така како тебе од мерак само и сметаа.За надвор и облакав од меките кондурчиња оти само за кратко беа.А и кога ќе ти требаат поубаво е да си пробаш оти калапите се различни.20ка од едни се мали,од други може тамам да бидат.

    За удирањето по глава,беше некој период,еве сега веќе престана,фала богу.Сега се кубе по коса.На заспивање,на облакање,на пелена менување...На глава не трпи ништо.

    За приборот,не знае да користи,а сака цело време да ја држи лажицата и да брка во чинијата(т.е. да фрла насекаде).

    Играчки од 5 мин.повеќе не ја интересираат.Само да оди,да се качува по скали и да трча од соба во соба.Затоа и настојувам да сме надвор почесто.Инаку дома кога ќе се закемка,ми пука филм.И скокот ни почна(фала богу последен) па за се живо кемка.Посебно за тоа што и е забрането.

    Од книги Азбуката на Биби и е омилена моментално,дека ја гледа на тв.Од неа научи да вика лале.А тато уште не знае да каже,па мм се нервира:D.

    Ова време карантинско,човек облека на детето не може да земе.Сакам да видам што ќе купам,а не вака се онлајн да се порачува.Не знам веќе ни кој број да земам.Аман веќе.

    Инаку,читав,дека после десетти скок или околу година и пол некаде ќе почнат повеќе да зборуваат,така да, не се замарајте многу со зборењето.(fingers)
     
    На Kate555, hello-kitty.90, AlicaInWonderland и 7 други им се допаѓа ова.
  4. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.193
    Допаѓања:
    24.599
    Пол:
    Женски
    Срцево ми застана жени, од кревет на маса му падна на мм, се удри на главчето странично, пушти и крв, отидовме на итна блиску ни е, го исчистија со хидроген и јод, само гребнат е, мене ми е страв од потрес, докторот ми рече дека не би требало да има, се си е нормално, само плачи одвреме навреме, го боли изгледа. Колку време да го надгледувам, да го заспијам, ништо не ми рече док. Рацеве ми се скинаја
    @FreeMind како е Емили?
     
    На Happyinlove, happygirl, FreeMind и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.978
    Допаѓања:
    21.188
    @lackygirl многу ми е жал:(Се надевам дека нема ништо,само е исплашен и од ударот го боли. Ептен ми е страв од вакви ситуации,колку и да пазиш,беља бидува. :hug::hug::hug::hug::hug:
    @RainBow можеби затоа моево не спие мирно ноќе. Не гледа цртани,туку му пуштам песнички,преку ден некогаш кога ми е кенкав и друго залажување не помага,пуштам некоја омилена песничка да му одвлече внимание,и после он продолжува со друго да се игра. Одвреме-навреме погледнува во тв,не седи и да гледа цело време. Не викам дека е убаво да седат пред тв,ама не секое незборување кај деца е како ппследица од гледање тв. Внуците на мм,чувани на ист начин,со гледање неограничено цртани и на тв и на телефони,машкото прозборе околу годинка,женското дури на четири.
    Не спорам,секако дека е најдобро тв,мобилен,компјутер да се сведат на минимум,ама секое дете е различно.
     
    На babydust и lackygirl им се допаѓа ова.
  6. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.038
    Пол:
    Женски
    Таков бил денот вчера се надевам не му е потрес на малиот. Верувала или не падна уште пет пати до вечерта многу јако. Тетка ми вели оти постапалки не сум направила плус некрстена можеш да замислиш комбинација.

    Мислев нема да јаде поради устата али си јадеше. Не ја намачкав со ништо.
     
    На happygirl, hello-kitty.90, TeddyGrey и 2 други им се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.260
    Допаѓања:
    67.820
    Пол:
    Женски
    Нормално дека е секое различно, затоа и не секое исто реагира на цртани. Тоа баш значи дека цртаните може да се причина за незборење кај машкото, иако женското си прозборело, зашто се различни децата. Сзо препорачува пред година децата да не се изложуваат пред екран зашто и поголемиот број потоа имаат проблем со прозборување. Инаку, јас телевизор не сум оставала и не оставам да зборува во позадина бидејќи само одвлекува внимание од активностите. Да се заигра нешто, па да погледне и да постои и отишло вниманието што и така не им е долго.
     
    На hello-kitty.90, AlicaInWonderland и lackygirl им се допаѓа ова.
  8. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.376
    Допаѓања:
    37.502
    Пол:
    Женски
    Јас секојдневно прашував по темиве ама откако наполни 2ипол години сеедно ми е дали ќе биде падне од кревет на маса или од маса од под. :rofl:

    Колку вистина имало дека после не приметуваш ни дека паднало.

    Најбитно е да не давате телефон! Никаква технологија. Наместо тоа ете звучни сликовници, звучни играчки, некоја играчка што повторува.

    За другото одговорила се убаво Реин.

    Тоа бебето што гледало 2-3 саати пред спиење цртани и прозборело на годинка, по логика требало да е помало од годинка кога гледало цртани? Да ми дадеш број од таа тетката или баба што и да е. И она гледала 2-3 саати цртани кога била бебе?
     
    На babydust и lackygirl им се допаѓа ова.
  9. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.193
    Допаѓања:
    24.599
    Пол:
    Женски
    Фала ви :hug:
    Уште му течи по малку крвца, док ми рече дека танко му било кожичето и дека мал бил...
     

    Прикачени фајлови:

  10. paleska3

    paleska3 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2013
    Пораки:
    1.206
    Допаѓања:
    3.161
    @lackygirl нека е со помин :hug:.
    Најверојатно ќе отрпнеме како што велат мајките со поголеми дечиња но сега е многу стресно. И кај мене малата синоќа си го удари непцето, пушти малку крв, се изнаплачи убаво и така липајќи се успа. Абе душата ме боли али не се додржуваат.

    Цртани јас и пуштам кога кенка без причина, но како прооде не гледа толку. Пред тоа повеќе и го одземаа вниманието, сега ќе погледне 5мин и пак тргнува некаде, па после некое време пак ќе погледне. Сега почна и да игра на омилените песнички, па многу ми е смешна, го фаќа тактот :D.

    Играчките и се интересни неколку минити, ама додека да ги преметне сите поминува половина час. Нов хит и се фиоките, научи да ги отвара и сака да вади се од нив. Кога ќе отвори прави задоволна и среќна фацка ^_^ и почнува истражувањето. Само да има кој да собира по неа.
     
    На hello-kitty.90, babydust, FreeMind и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Ова го имам забележано кај малата. Кога е пуштен тв, без разлика што има на него знае да се загледа и не си игра, а кога е исклучен без проблем се си игра едно 2часа.


    @lackygirl нека е со помин :hug:
    Како што кажав и малата пред некој ден, падна и течеше многу крв, нормално е да се уплашиш.
    Исто и мојата како на @FreeMind еднаш ако падне таа ден и е цела во паѓање :doh:
     
    На hello-kitty.90, RainBow, babydust и 2 други им се допаѓа ова.
  12. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    И од мене големо не за цртани. Ама за жал знам да пуштам. Понекогаш во “лоши” денови или моменти тоа ми е крајна опција за смирување. Кога сме сами дома многу често само тоа ми останува опција за да идам до вц, да фрлам ѓубре, да спремам ручекот....
    Ова звучи ко да се правдам, ама се правдам сама на себе :)
    Но секогаш му пуштам или Биби или песнички на македонски.
    Имав слушано еднаш докторка (незнам точно која специјализација беше, дали дефектолог...) зборуваше за влијанието на цртаните, се веќе ни е познато дека се штетни, ама дополнително кажуваше колку денешните цртани се полоши од оние што порано ние сме ги гледале. Како пример го спомна за споредба мечето Ушко од наше време и денешиве цртани. Во денешниве имало премногу јаки бои, движења, звуци, кои малите мозочиња не успеваат да ги перцепираат и само и. се ствара конфузија во глава, како маѓепсани се во обидот да го сфатат она што се случува. И после завршувањето на цртанот нивниот мозок упте некое време бил преокупиран во обид да се стабилизира од целата динамика. За разлика од мечето Ушко каде нема ниту динамика на бои ниту брзи движења, и мозочето нивно полесно може да го “соџвака”
    Ова лаички објаснето како јас го имам сфатено, се надевам ме разбравте :)
    Истп друго препорачуваше коа веќе мора да се пуштаат цртани на мајчин јазик, да се избегнува мешање на јазици додка не почне да зборува. Па затоа јас Биби ја пуштам.

    Точно е дека секое дете е различно. Ама не можеме да се потпреме само на тој факт и да оставиме “шо ќе дае Господ”.
    Може некое ќе збори како навиено и со цртани, ама она кое има предиспозиции да има покасен развој во говорот, со цртаните ќе направиме само проблем.
    Примери ќе најдеме милион пд типот: на комшиката детето азбука кажувало на 1 година, на пријателка одело на 10 месеци, на братучедка не зборело до 3 год па наеднаш почнало.....Ама ние мораме да гледаме за своето. Да се посветиме максиммално и да направиме се што можеме најдобро
     
    На gjoker4e, Lolipop23, happygirl и 9 други им се допаѓа ова.
  13. LoveHope

    LoveHope Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2015
    Пораки:
    1.371
    Допаѓања:
    4.172
    Пол:
    Женски
    @AlicaInWonderland нормално дека ќе се маѓепсани. Не трепнуваат, па уште со рака те тргаат настрана да не им сметаш пред очи.
    Мојата не сака цртани. Незнам зошто. Ама музика мора обавезно да пее. Поточиња очиња, од златни славејчиња на Златна бубамара тоа видео, дарко биберко дали сакаш пица и она вика да да да. Сега биби една песна ни е за играње.. Ама постојано игра со телото, штом заврши песната ракоплеска хаха.
    Сака со неа и друг да си игра. Сама ретко си игра.
    Вчера ќе си умрев. Јадеше со сласт чорба од месо од јагнешка глава, дроб, мозок, компир, морков, резанци. Се оближуваше дури. Стварно се изнервирав. А ти оди направи и нешто за неа само.. Сама си отвара уста, си се најади дете.
    @FreeMind мама од секогаш викаше поголеми деца поголеми обврски и нервози. Очигледно така постануваме и ние.. Јас лично ве читам сите, ама немам време или ретко да пишам. А мака ми е, сакам да ви пишувам..
    Патем, од денес сум во изолација со решение. Бев пред малку брис ми земаа. 14дена дома, ќе скренам. Вчера кога си тргнував од работа и солзи си пуштив со една од сестрите.
     
    На S.J.Parker, Milaаа991, Lolipop23 и 6 други им се допаѓа ова.
  14. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.038
    Пол:
    Женски
    Јас за технологијата имам став дека она забранување на таблети и телефони е некое истражување од минато време кое не содејствува со времето во кое живееме. Направените студии се сите со негативното влијание врз децата. А времето во кое живееме бара од децата веќе во прво одделение да знаат да ракуваат со овие апарати. Ако не знае често се исмејувани тие деца како заостанати. Плус и вежбите им се со пребарувања на интернет и игри и инста групи со едукација и така натаму.

    Додека не прочитам истражување кое ќе ги земе овие фактори пстанувам на ставот дека детето со тек на време (не од една година али) треба да се остава во контакт со технологија ( се разбира временски определено).

    Во врска со цртани тоа е веќе докажано за нивното влијание во оваа фаза кај децата и нема тука што да збориме вака е или така е. Само во делот со јазици кој Алиса го спомена има факт кој вели дека јазичните способности на детето се развиваат од една до три години. Баш тогаш лесно воспрема странски јазици и науката тврди дека е добро да ги слуша се со цел да му останат во еден дел од мозокот за подоцна да се наврати и искористи. Бреин рулс се вика книгата.

    Јас пуштам и македонски и германски, но преку 90% се на англиски од почеток. Збориме на македонски и читам и објаснувам на македонски. Исто цртаните од англиски и ги преведувам и на македонски кога сум до неа.

    Зошто пуштам цртани? Зошто не се издржува без нив. Мојот ден изгледа многу долг и ми требаат неколку саати да одморам психички, а и физички:

    - станувам во 5.45 одам на прошетка со Ози до 6.30, го чистам и ранам до 7
    - пијам кафе до 7.30 успат спремам доручек за на работа и за Емили
    - она станува од 7 до 7.30
    - прво играме игри коцки ставаме, животни повторуваме
    - појадува во 8 до 8.30 без цртани сама
    - одиме низ станов од една во друга соба, метам успат со неа
    - од 9-10 седиме или на тараса или искачаме надвор половина час
    - заспива во 11, јас спремам ручек и пијам кафе како сега моментално
    - станува кај 12.30 прошетка надвор со Ози пола час, готвам за Ози ручек и го ранам
    - руча околу 13ч ако е со лажица цртани пуштам кокомелон одма, руча еден саат
    - ја спуштам во игрална седнувам јас да ручам она гледа цртани до 15ч, спремам ужина со игра ја јаде, метам
    - си иде татко и си ја презема со игра до 16.30
    -прошетка надвор до 17.30
    -преспива до 19ч, јас спремам вечера, метам, џогирам
    - игра до 21ч бањање ако е дента и во 22 во кревет најкасно

    Ако ги нема цртаните може само да се обесам.
     
    На gjoker4e, Milaаа991, Heidi и 9 други им се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.260
    Допаѓања:
    67.820
    Пол:
    Женски
    Треба да се направи разлика како е времето поминато пред екран. Некаде до година ипол не треба да се пред екран, потоа може по еден саат. Јас на мојата дури сега негде почнав да и давам телефон, тоа значи и симнав едукативни игри и заедно играме. Не е исто да прави некоја активност и само да зјапа и да се обидува да сфати што е што. На толку мали деца од година ипол, две не им треба воопшто телефон или таблет. Се согласувам за преживувањето, некогаш едноставно човек и не може да издржи. Подобро е да се седне да погледа цртани додека собереме душа, отколку нервозата на нив да ја истураме.

    А за паѓањето... Леле колку паѓаат, нема друго освен човек да сфати дека така ќе биде. Само да не е страшно. И мојава паѓаше и паѓа. Среќа се научи да паѓа, се задржува на раце секогаш. Ама еве сабајле на татко и му паднала од гарнитура на грб доле, изгубила рамнотежа, каква среќа што куп мечиња имало доле и паднала на нив.:x
     
    На happygirl, lackygirl, paleska3 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.038
    Пол:
    Женски
    Токму така. Ако јас сум нервозна џабе е времето без цртани во таква атмосфера. Битно е со детето да се работи и она време кое е определено за едукативна игра да се прави рутински секој ден. И мене ме мрзи да читам приказни секој ден пред преспивање додека она не ме ни регистрира, али јас сум упорна и читам секој ден. Ако треба цркла.
    Исто е за се. Штом се искочи од рутина после е тешко за назад.
     
    На Milaаа991, Lolipop23, Bella* и 8 други им се допаѓа ова.
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.260
    Допаѓања:
    67.820
    Пол:
    Женски
    И уште сакав да кажам дека новите студии велат времето поминато пред таблет и телефон не е толку лошо, ако е детето активно, како што кажав и погоре. Тоа како чума ни е станато за децата, како отров. И јас едвај се натерав да и дадам малку време пред телефон поминато со играње, баш поради ова. Ама ете, технологијата само ќе напредува и не можеме да ги враќаме децата назад.

    За читањето би сакала да споделам искуство. Јас сум страствен читач, затоа сакам и мојата ќерка да сака да чита. Уште на неколку месеци почнав да и купувам од оние меките бебешки, меки се, ги гмечеше, ги стискаше, јас ќе и ги прочитав двата збора што ги има во нив. Потоа поминавме на сликовници со тврди корици и со по некоја реченица, оние помалите во формат. Ептен не им држи вниманието, ама тоа не значи дека треба да се престане со читање и готово, нема да сака да чита никогаш. Потоа поминавме на поголеми накај година ипол, ама не можеше да додржи внимание да и го читам текстот како што е напишан. Затоа и ги прераскажував сликите и и покажував, така седеше и внимаваше, кога можеше да види и на сликата што се случува. Така со раскажување теравме подолго време, купував само сликовници со многу слики, а малку текст.
    Потоа почнав по малку да читам и од текстот кога видов дека веќе почна да обрнува повеќе внимание. Накај две ипол негде се префрлив на читање на текстот, ама исто така купував книги со малку текст, поголем текст уште не можеше да слуша. И сега веќе читаме книгички како Сара кеј, Исидора Мун, Сказни, не и требаат ни слики, ме слуша како читам со полно внимание, се соживува, читаме и по два саати дневно. Сега веќе симнувам на киндл книги, секакви и со секаква тематика, збоуваме и дискутираме за се што читаме.
    Сакам да ви кажам дека е тоа нешто што се гради малку по малку како си раснат децата. Ама вреди целосно, да ја слушнете како зборува и се изразува нема да поверувате дека е едвај четиригодишно дете. И не го велам зашто е мое дете, туку тоа се најголемиот дел од коментарите на луѓето. И да ве мотивирам да им читате на децата. :)
     
    На gjoker4e, Ava.84, Milaаа991 и 11 други им се допаѓа ова.
  18. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.626
    Пол:
    Женски
    @lackygirl како сте денес мила? Му помина ли главчето на баткото..којзнае колку се потресол маж ти :doh: нека е со помин :hug:
    @FreeMind и јас не правев постапалки,значи ќе паѓа Дора :D :?:
    За цртаниве..гледа само кога јаде на ручек по половина час,и чат-пат пред спиење исто по пола час
    Немам проблем,не гледам проблем..Премногу е активна,збори многу по нејзино и Се повторува по нас..сега најново ме повторува како се смеам ме имитра :) комедии е :D
    Последен пат сега кога бевме на педијатар,баш ја прашав Др за цртаниве,ми одговори се што е умерено не е проблем после година
     
    На hello-kitty.90, paleska3, FreeMind и 2 други им се допаѓа ова.
  19. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.193
    Допаѓања:
    24.599
    Пол:
    Женски
    @Bella* добар е, нема гајле, само што се преплашивме :worried: ќе се навикниме ко што гледам, само да нема лошо :)
    Му пуштаме и ние цртани англиски претежно, кокомелон, Дејв енд Ава, АВЦ кидс...кога јади скоро секогаш и ко ќе збесни :D за да се смири малку, се на се 1 саат, саат и пол денот му се збира, ама сега некако не се интересира како порано, му се здосадија и ако не му се бендиса цртанот не тера да го смениме :D
    Др што ме радува, се повеќе се интересира за книги, сликовници...како што кажа Рејн му ги обј сликите и повеќе му задржувам внимание, ако му читам нејќи, само врти страни :D интерсно ми беше, што уште од 10 месеци кога ќе му даевме, книга, списание, тие дрвените слагалки од ПиКи што се како книга секогаш ги гледаше како што треба право не однопаку, ако му даев книга однопаку тој одма ја вртеше право "на лице" што се вели. За заспивање после Дино Мерлин, му раскажувам приказни, Црвенкапа најм ја сака оти има волк во неа :rofl: многу ги сака цртаните со Волкот Воли од кокомелон, омилен му е. Ама не ја јади бабата на Црвенкапа, го сменувам крајот :lol:
    И почна од вчера да ме плеска по лице исто пред заспивање :D
    Денес прв пат се вртеше сам в место, му стана интересно и направи уште 3, 4 круга, пресреќен беше како кизнеј што направил ^_^ :rofl:
    Секој ден новини, а најново мислам дека почнааа тантрумите...
    Лесна ноќ :l:
     
    На hello-kitty.90, babydust, paleska3 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.038
    Пол:
    Женски
    Кај мене бидејќи е експерт за кокомелон ги гледа само новите, за старите вика ејјј значи смени ги или викам.
    Тие со музика ги пуштам сите веќе ни сама не знам како се викаат има од многу продукции.

    Пред некој ден и мечето Ушко и го пуштив фацата и беше ват д фак? И сега од оваа дистанца гледано ни јас не би го гледала ( а го обожавав).
     
    На hello-kitty.90, babydust, paleska3 и 3 други им се допаѓа ова.