@lackygirl како сте? И мојов вчера за прв пат тресна од спална дирекно на глава на тилот. Лазеше а до него бев го пресоблекував и на ивицата од креветот се сврти да седне и дирекно на глава,а висока е не дека не е спалната висока. Се уби од пиштење,јас по него,избезумена. Гледам прво да не ја дупнал главата немаше крв,џумка немаше. Се смири и не му давав да спие само. Па добар е вака. Му го пратев погледот и нормално се однесуваше,терористички
Супер е синко ништо не му е и јас го пратев како што пишиш и твоето е супер со помин @FreeMind исто со старите прави, ми го дава далинското да му сменам и прај А А А кон тв, ако не сменам плачи и се ака назад во хранилката, ама хикори дикори дак му е омилена, од сите продукции ја сака, пуштам микс и си гледа, дека има Саат заљубен е во часовници пишев еднаш Исто заљубен е во девојката на брат ми хахах да видите како ја гледа, поинаку од сите, се смее, се срами, како нагален е леле мори мајко. Сега ја нема видено 1 месец, па ќе видам како ќе се однесува ко ќе се видат
Леле многу ми се смешни така мали кога имаат симпатија кон некој, им се познава стварно . Моево уште не покажува кон никој посебно , т.е сега нема ни кон кој . Исто и јас само песнички и пуштам, цртаните не ги сака ако нема песна. Здосадени и се некои па црка да ги смениш или ти подава далинско. И кога ќе се погоди песничката мрда со газето .
Бибер сум давала, вагета ни за нас не користам, не ја сметам за здрава. Иако сега има некои без адитиви демек. @lackygirl се пресмеав со симпатијата. Внука ми кога беше малечка сакаше еден мој школски. Комедии беше. Само по него одеше и го гушеше.
Млеко пиеше пред заспивање и сега со плачење го одби, плаче солзи крокодилски. И дадов вода и заспа. Баш чудно, да не им некој нешто слично доживеано? Во скокот е и тројки растат.
Тоа од дм што си хо пие нон стоп истото од исто шише буквално ништо не е различно. За прва дремка си го испи сега за втора драма.
Дали и вашите мали се луди и лоши? Надвор е постојано во двор. Паѓа, станува, во песок седнува, со рацете минува по колата(превалкана е), мм работи со цемент цигли во двор она се шлапа. Пуштив вода со цревото и она се шлапа каде што капело цревото. Пуштам песни на јутјуб, одма мора да се менува, ниедна не и се допаѓа.. А се разбира. Многу е лошка. По скалите надвор се качува, по саксиите се држи, ги кине цвеќињата од свекрвата. Команди страшно владее. Ама ниту секунда не смеам да седнам надвор.. Уф, се изнажалив...
Јас не можам ни да добројам што глупости прави. А немам ни време од одење по неа. Само нека се здеави и живи, ова не го сметам јас за лошо дете, туку темпераментно. Си се тешам.
Јас наместо вегета давам сушен зеленчук зачин. Оддамна имам читано за вагетата дека е многу нездрава и престанав да ја користам општо. И ја заменив со сушен зеленчук. И за дете сега исто користам. Всушност и вегетата треба да биде тоа, сув зеленчук, ама и додавале многу штетни адитиви
Се успивавме со нишкање, и оп преку ноќ, пред 2 дена никако неможев да ја успиам. 40мин нишкав јас, 20мин маж ми и на крај се предаде, утре дента пак исто, дете плаче не дава да ја успиам, инаку легнуваше во 20ч, тогаш во 23ч. Ни ску*чи со мм и ја легнавме до нас, за 2мин се успа. Ај си викам изморена била. Утре дента пак исто не дава во раце, ај викам да пробам, за 2 мин кома. Ах викам мајче, будала А баш тие денови се жалев на мм дека нема да издржам уште долго вака со мојата кичма и бебе ме поштеди Нека трае Инаку го пишав ова оти го поврзав со бунтувањето на @FreeMind ако не е за иста работа.Може му се случуваат некој промени сега Млеко и мојата пие помалку сега, ама јас давам само ако побара. Луѓе колку растат.. Денес сама посака да ја облекувам во алишта, и покажуваше со прстето. Шмизла мајкина со фустани по дома Мојата е во фаза каде што за секој предмет прашува 'воа?' и да и кажеш а она пробува да го повтори.
Јас па се нервирам, бебе не фатив да нишам.. Се сака да се заспива на спална. Или на клацкалката, седната во скут. Негативен брисот. Ми падна камен од срце..