Да денес се пресмеав, беше надвор и дирек в чешма, најмногу таму сака да игра, со вода, ама уште не го оставам мн долго да не настини, и го мијав лице и како што стоеше наведнат, си зеде вода од коритото (нормално нечиста) и се изми сам на лице па вели Ете за секоја раб што ќе ја направи од ко ќе заврши вели Ете. Цел ден надвор се испофати, секаде седна, се виде Јас давам. @Milaаа991 ваков е стварно е смешен
Дојдов тука бидејќи ми требаше мислење од поискусни мајки а и бебе за неполн месец ќе прави годинка па ќе се префрлам во темава. Мислам дека го најдов делумно одговорот во мислењево на Фри. Сакав да прашам кога се смета бебе дека е проодено? Малава се пушта сама по 3-4 чекорчиња веќе недела дена. И со држење за мебел веќе одамна оди. А за раче оди, ама ќе изоди 2-3 метра и или седнува или ме влече за ногавица да ја земам.
Јас лично ја сметав за проодена кога сама без никаква помош си одеше низ станов. Претходно сама научи да стане од место и си стоеше малку ги смени работите. Верувам одговорот е дека ти сама знаеш кога детето ќе го сметаш за проодена. Има некои одвај чекаат шест чекори, некои да стане само од земја, некои како мене терористички до крај на дефиниција Мислам дека за вртењето на страна одвај чекав другиве чекори ми дојдоа спонтано. Сега трча и по угорница и по удолница сама. Мајка ми направи постапалки личат на нога од ној али чим се потрудила морам да ја презентирам. Мајка тоа ти е
Се договоривме за собиранка со се деца со хепи и Мила (цела екипа овде) со централно место во Кавадарци штом заврши коронава. Ќе ги запознаеме сите бебуши наеднаш верувам ќе биде прејако
И јас сакам хаос ќе биди @lady.N и моето така се пушташе по неколку чекори, па и неколку метра, ама се додека не ја прошета цела дневна не го сметав за прооден, тоа беше некде на 14 месеци. И пак ноќно лудило ај стануваше цело време ај, ама од 3 и пол со 5 лудуваше низ куќа, плачеше, играше, се праеше само не спиеше, се фаќаше цело време на образот кај тројката десно долу и се гребеше му дадов парацетамол малку и заспа одвај со плачење, па од 5 до 8 и пол спиеше..значи овие тројки цел живот ќе памтам кога никнувале
А дали има ставате крема со заштитен фактор за надвор? Малава веќе неможам да ја додржам, само на тераса сака, кога ќе ја внесам внатре одма бунт. Инаку денес е права лошка, си влезе во некој филм и ги фрла сите играчки, ама онака крвнички. Ако те погоди со некоја потешка, глава ќе ти скрши. Па ајде лекции дека не треба така, лудории .
Постапалкиве не се лоши, убаво изгледаат, а и битно е да се одбележи не мора да се којзнае што @lackygirl a од кога почна да се пушта сам додека да прооди убаво колку време му требаше, чисто ориентационо да знам што да очекувам?
2 месеци кај него па потоа пак беше плашлив многу, одеше со страв некако па се опишти убаво на 15 месеци
Јас ставам бебешка на хип за надвор лете и зима, а со заштитен фактор само на плажа. Околу месец дена сигурно има. Па ќе прекине да се пушта и потоа кога ќе помислиш детево нема да тргне никад само ќе го видиш како преку ноќ си оди и не му требаш
Многу беше жешко деновиве и малава за 2 дена фати боја.Шеширче на глава не трпи ни 2 секунди,одма го фрла на земја.Едино да и го захевтам .Видов-не видов зедов еден крем на Фрези Дерм со 25 фактор,пишува од раѓање може да се користи.Тоа најдов во Зегин,не планирав да одам на други места.И мислам дека е ок сега за сега.
И јас деновиве го мачкам со заштитен фактор на мустела, 50ка. Може е прменогу ама таков имам и плус дете е, нема штета
Јас имам ништо со заштитен фактор, така шета синко деновиве. 'Шета' пред зграда на паркинг. И покрај полицискиот час мм или јас го симнуваме два пати на ден да се истрча надвор малку. Се изморува убаво, и после спие еднаш денски ама 3 саати.
И јас мачкам хипп 30 фактор. Лани користев мустела 50ка ама годинава мм беше да бара да купи фактор во 3 и пол во петокот и земал тоа што нашол прво. Инаку и мое бебе е иста немирка како што кажувате, вриска, писка се тепа дури ако и земеш нешто, незнам од каде и е оваа навика, никогаш не сум ја плеснала.. Ме нервира што не и поминува фазава со лапање се што ќе дофати..
Навечер не се издржува веќе. Од кај 1часот по полноќ па до сабајле сме со плачење, кенкање, не спиење и само млеко. Јесте, забите ја мачат. Ама секоја вечер без спиење смачено ми е. Ќе полудам..
Јас имам на бекутан 50ка ама некако слабо ја мачкам зошто ми е тњшко за размачкување, или као во 10 не е јако сонцето и ете Антонија од сега е со чоколадна боја, не црвенее туку црнее, ген на татко и. Инаку кои се скоковите после годината? Антонија е 14 месеци и еве веќе 4 дена станува наспана во 2 и си игра до 5. Не сака во раце туку ора низ спална и само приплакува. Плаче да ја земеш, ќе ја земеш плаче да ја пуштиш, плаче сака цуцла, ќе и ја дадеш ја фрла и така до сабајле до 5. И после спие дури 2 саата и готовоооо, почнал денот. Секое сабајле голтам аналгини од што ме боли главата дека ненаспана а башка и нервозна
Мојата е 15 месеца, сега скоро ваква работа ми направи. 3 дена по ред станува во ниедно време и ровари низ креветот како крт. Не плаче, ама досаѓа. Третиот ден ми пукна филм, цел саат ја држев да лежи во креветчето, не плачеше ама викаше се бунеше, и презаспа. Другиот ден пак, и после тоа пак си се врати во ред, си спие до 7 ко што треба. Бидејќи до сега тие ретки пати кога правела проблеми во скокови исто вака било (по 3 дена станување ноќе, правам cry it out и се враќа во ред) мислам дека беше скок во прашање. Не проверив дали има баш во овој период, ама јас така си го сфатив. Арно ме потсетивте за кремата за сончање. Јас црнеам, маж ми гори, за детево уште не сме откриле каква ќе биде, треба да ја мачкам кога е на сонце, веќе бајаги е стоплено.