Некој меѓу период има со одењето помеѓу двата скока. Исто два три дена правеше и кај мене. Само аналгин или кафетин помага. Изгледа ја олабави скоков па два вечери по ред спие по цела вечер и преспива по саат и половина на легнување.
Нормално дека и јас сакам. Дете здиве дома а и плус уста не отвара за ручек,дај му кроасан и кисело млеко трча за јадење. Почнав и јас да мачкам со фактор,додека е на тераса,пред некој ден жар црвен стана.
Како може да не сакаш ќе се нашлокаме кавадаречка сигурно имаат по подруми од 82ра може и за поздрав ќе ни дадат по едно шише Немој да не сте ни дале!
И јас до сега мачкав само крема на мустела, ама малава деновиве од тераса ми стана црвена по лице, плус како што вели @babydust шеширот го носи едвај 1 мин, може само да и го захевтам . Значи да купам крем со фактор за кога излегуваме.
Ајде уште ова досадијава нека помине и се ќе биде таман. Иначе пак си пие млеко. Чукнато ми е детево скроз.
И јас се пријавувам за вино, за многу вино.. Домашно,убаво за мерак. А за децата ќе најдеме бебидитерка. Средбата не ја замислувам запознавање на децата туку,, шлокање,, на мајките и кажување на сите маки и несоница. Ем ај рајт? Мојата почна да јаде кисело млеко.. Како овошје да јаде незнам... Боровинки сака и јаде многу, знае каде стојат и си бара сама.
И моево не сака капи, нема шанса одма ги фрла, имам од фризидерм ама не го мачкав и сега веќе е касно, ама и мозолчиња ситни му се направија, нз дали од сонцето или од 3ките што го мачат. Исто и шаките/дланките му се црни катран како нараквици да носи ко ќе го слечам. Продолжуваме со неспиење 16 месеци неможи чоек да се навикни на ова, не и не тешко е без сон
Ти со двете здравје ќе дојдеш ако не ја згрешиш пак и да бидеш оневозможена да патуваш. Секако коронава не си оди лесно ќе си поседи)
А јас на камера ќе се пуштам гарант тогаш кога ќе заврши коронава ќе се пораѓам Ќе славите плус повод мекици за Бела
Едвај чекам, иако имам чувство како сите лично да ве познавам. Искрено толку интимни работи немам споделувам ни со другарките кои ги имам од средно. А за пиење мене не ме барајте, освен ако не потрае баш долго коронава, па да се одбие малава дотогаш. Инаку можам со 1 чашка пиво да ве дружам. И како најтрезна деца да чувам.
Мене од 1 чаша раЧија ме фајЧа хаха секој ден на ручек пијам по 1 чаша и зашеметена сум 3 саати Сношти пак на 1ч стануваше
Ти не си од ракијата зашеметена туку од умор и неспиење. @Milaаа991 и непијачи гушкаме ич да не се плашиш. До тогаш по еднаш ќе преспиваат може да изнајмиме една куќа и да ги легнеме. Два саати мир алелуја. Јас пијам и рачија и вино така да не сум пребирлива. Плус трио гранде да ни свират би било срчи до колена. Туку бек ин ди риалити морам да ја заградам со реквизити од сите страни да не отвара врати и да се качува по кревети за да може да јадам. Од каде и е енергијата...
Навистина е од неспиење Леле и јас се чудам како можи на газ да не седни, седи само за јадење и толку.
Ви завидувам на сите што ви спијат малите навечер. Ама сериозно. И завидував на @Spidy кога беа бебиња сега се зголемува екипата. Луѓе, колку се само наивни. И викам ајде мама мижи, мама ќе се крие, одма трче на ѕидот да миже, се кријам и ме бара. Мама, де подади ми го тоа.. Одма зема. Мама ај измасирај ме, со двете раце со прстите ме масира на грб. Синоќа со рацете се научила бејби шарк да ја игра. А првпат вчера и ја пуштив. Патем, треба пазење пред неа кога се разговара на телефон. Разговарам со братучеда и кажувам дека името почнува да си го кажува и кога ќе ја прашам колку години има, покажува 1 со прстето.. Таа се шета низ дневна и покажува со прстето. Значи ми го разбира разговорот. Фак. Ние дома кога се расправаме она не бега, не плаче, не се плаше, влегува во дискусијата со раката се дере на цел глас и рже. Одма се кара