Толку спие и моево. 10 саата ноќе и саат ипол - два преку ден. Теоретски на година до година ипол би требало до 15 саата да спијат, ама нема правило.
Ќе ви се придружам на дружењето, иако овде пишувам по 2 реда на месец во читање сум редовна. Пијачка може, како права мамичка си напраив домашен ликер па дрмам по 2 чаши од време на време, а пред бебе со пиев ич мака си немав Бебе мое лом, по 20 пара тренерки дневно менувам, само бара нешто да се зашлака.. Почна пак да поткаснува саглам, предходно 2 недели на чоколино и плазма беше... Заби до 4ка сите на број, 5ки во исчекување.. Спиење од 10 и пол до 9 и пол наутро со превртувања и сто пати менување креветче-спална и обратно.. една дремка од 1ч дневно.. Многу ми е жал што немам повеќе време да и посветам... Тагувам по неа Прераното тргнување на работа ме утепа психички, сега повеќе од предходно. Сакам да играме заедно, да учиме нови работи, да се галиме, да и спремам разни јадења а не вака.. Имам максимум 5 часа со неа дневно, во кои треба да направам ручек и за нас, да ја искапам, јас да се средам, да средам низ дома. Во овие 5часа сум уморна, згазена пошо на работа ми е ултра напорно.. Мм ја чува по цел ден, дури љубомора чуствувам кога ќе ги видам заедно како си играат, си пеат песни, ми кажуваат како го поминале денот.. Се изжалив..
Некогаш ми иде да плачам. Се разбуди и ја пикна раката во кругов: Стрес ми ги пресече нозете панично почнав да тегнам она плаче и ја одглавив некако. Може да заврши денов доста е за денес.
Се смири ноќе, пу пу да не подречам,само 4 ноќи ми лумпуваше, да не се повтори Разбира се што ќе и кажам ама инает е голем, не знам на кого Откога почна да оди, само трчам околу неа да не се бапне некаде зошто Антонија мисли дека знае да трча @FreeMind Антонија си ја заглави раката во столица има такво дупче за колку прсти да пикнеш да ја поместиш, јас кога ја видов се пресеков ама полека и викам ајде мама каде е рачето извади го, и и помогнав да го извади ама 99% сама си ја извади. Штом може да го пикне ќе може и да го извади Па повелете постапалчиња
Го гледаш просторот измеѓу креветот и масата? Ете таму се заглави со главата и телото. Бев надвор. Она спиеше, станала, се заглавила, врескала. Фала богу маж ми ја слушнал и истрча. Цела се тресев од страв и зошто не сум била внатре...
@LoveHope женче не ја оставајте сама ни секунда, непредвидливи се @FreeMind само без паники, осеќаат и уште толку плачат. @S.J.Parker леле каква ее слаткишабраво за мама и убавите стапалца. Дали ќе пробувате летото за одвикнување од пелени? Ќе бидат околу 17,18м.
@BabyT* јас сакам да пробам знам дека е мал па нема да форсирам. Ако биде, биде. Се опремив со гаќички. Во тритекс на попустот се спремив Инаку фала за идеата за сликовниците: Кој сум јас. Ги обожава, па колку многу се смее на нив...ќе си пукнам од ќефови Инаку сега имаме 60тина сликовници и книги
Има уште попуст во Тритекс? Јас гледав комплет гаќи најверојатно се на George па се мислам за такви. Баш ми е мило,, и мојата ги обожава, постојано ги врти и разгледува, ги имитира животните. Сега ги земавме на Биби, малку се поразлични животните, во некое смешно издание ама сепак ги препознава
@S.J.Parker лепотица @BabyT* јас ќе пробам летово, за какање нема проблем го издржуваме, ама мислам дека рано ќе биди, но можи да се обидиме ништо не губиме. И јас сношти пробав в креветче, 3 пати го презаспивав и во 4 го оставив на лежај со нас и пак во 6 стана.
Јас не верувам дека до летово ќе научи да кажува дека и се кака. Она уште вода не знае да каже, а не пак кака. Ако ја видам дека се стега ја ставам на нокшир инаку не сака да седи ако пробувам онака. Ќе земам адаптер за на шоља и таму директно ќе ја учам кога ќе биде спремна.
@BabyT* кажувај какви се и од каде се тие сликовници, некој серијал ли се? Барам нови за синко, старите му здосадија веќе.
Размислував за адаптер и јас. Сабајле што ми се случи, ме пресмеа. Нели на секое одење во тоалет, госпожата ми е придружба, и така сабајле кога испаднав ми ја затвори вратата од тоалетот додека она беше внатре, и ја слушам напнува. Пробувам да ја отворам а она пак ја затвара. Од кога се искака ми дај да ја отворам Инаку за вода, мојата не кажуваше едноставно си го зима шишето. Сега во последно време ја вика некако ама неможам да ја претумачам, битно зборчето е на в @happygirl на биби ги има комплет 4 книгички за 670 ден со бесплатна достава. Дебела корица и многу интересни се животните. Има диви животни, питоми, броеви и букви (последните 2 за малку покасно се, ама шарени и интересни се) овие се 4 различни. Исто и звучната сликовницата што ја пратив пред некој ден. Сега се мислам за една од Просветно дело , да ја најдам и ќе ја пуштам. Може некој ја има па да каже искуство.
За сама сама го зема ама не го вика. Ја пукнавме со тоа вода сакаш? И сама на себе сум си досадна. Инаку ги рани животните со лажица, им дава бода кога ќе и речам ајде Емили дај им вода сега, па кафе им вари им дава. Значи точно знае што и зборам али не ми враќа вода со збор.
Еве овие се што ги фалам јас, што ги видов од BabyT дека ги купила па ги нарачав и јас. Внатре се скриени животните, треба да ги бара и ептен му е интересно, ги отвара и се смее А инаку од Биби сликовниците за најмалите мене не ми се допаѓаат. Ги земавме сите 4, ама не сум задоволна од животните. Нацртани се многу нереално, како карикатури се. Мојов не можеше да ги познае. А во други сликовници и нови коа се ги познава животните. Бројките и буквите се океј. Инаку нема веќе гакички на попуст останато во тритекс. Само некои бодиња маички нешто... @BabyT* ако сакаш види онлајн
Ние овие ги немаме ама погоре што ги ставив се исто да ги бара. Мислам @Milaаа991 ги имаа овие. За Биби се сложувам дека се нереални ама мојата ги сака. Овие од каде се, сликај ако можеш внатре какви се.
Моево Биби не го обожава како цртан, го гледа ама не со мн ќеф да бидам искрена ни мене ме ми се свиѓа баш Иначе за вода знај што е ама не ја вика никако, за сега не кажува мн зборчиња, само основните, ни по негово ни по наше за се си се разбираме со М М М хаха Заб да пишам ги кажува со една буква, на Пр. Сношти на блузата имав Був, и му беше интересен и покажа кон него и му велам Був тој ми вели Б, јас пак Був тој пак Б, после пак Бо, хаха и така, знае да ја кажи А, Б, Ч, Т, К, М кога гледаме бушава азбука ги повторува по нив.