Па и јас сакам да ве имам. Како тоа ќе правиме средба, а не ве познавам. Ќе испадне како состанок на слепо. Јас носам жолта блуза и роза.
Јас: срц, ај бе второ. Таман ќе си играат, нема да изигравам кловн и заедно ќе си патуваме таман ќе потпораснат. Мм: до кога си во изолација? Од кога на работа? Јас: од 28ми. Мм:Спремај се од утре ќе ти ја наредам да тргниш на работа. Ок...
За 9 месеци ќе видиме кој работел во изолација Јас ја имам само Лаки од друштвово тука. Нина исто така но со нејзе сме другачки од дамна и Шарлоте исто Иначе бебе се прави само што не збори,како моторче е,се разбира,ми дава шишето да му наполнам сокче и вика мама на.Скока од кревет во креветче,од животните вика само ау,му и мау. Играчките ршум ги прави,ги истура па ги враќа назад па влегува цел во нив. Ќе му ги купам и јас коцкиве и паметниот таблет,сега најмногу му одзима вниманите дрвениот лавиринт и само си го врти топчињата. Јас ве читам ама немам желба за пишување,во многу тешка состојба сме,уствари јас највеќе а лошото тек доаѓа,подршка од маж ми имам голема а од бебе највеќе. Како ќе издржам незнам а и од се се тргнав станав асоцијална.
Фала ти од срце фала му на бога на тоа поле добро стоиме,но тешки да беше тоа,татко ми има канцер и е веќе на крај,многу е тешко за гледање а неможам никако да му помогнам.
@happygirl @lackygirl @BabyT* @Milaаа991 Јас сега на сите во лп ќе ви го пуштам инста, ако сакате заследете ме. И фри сега ќе си ја додам Весело Инста ми е целиов со детево а овде не сум го ставала до сега... Инаку ова со песоков по дома жива катастрофа се е лом, сега наместо да лежам, треба да чистам мал е за ова дефинитвно. На крај завршивме со игра криење животни во грв
Јас летото на мојот роденден за малку ќе го загубев татко ми, тешко крварење имаше од чир на желудник во Битола го откажаа 2 пати, кренаа раце, одвај Скопје го однесоа, кажано ни беше дека до Прилеп нема да издржи фала му на Бога остана жив, запре крварењето, тие дена незнам како ги поминавме, само чекавме повик и очекувавме најлошо, знам како е, во вашиов случај нема надеж за жал.. те гушкам, што е за нас ќе си врвиме, таков е животот, еден иди друг заминува
Да не испадне ти реков али сега ме изнасмеа. И јас се убив затоа. И мојот инста е само со бебе и куче, сега ќе ставам и од мене некоја да не искочам нефер. И мажи ми праќаат риквести, фала дечки на внимание али стварно не барам ниту секс ниту швалер на форумов. Озбилно. @monik55 биди силна
@monik55 за жал, точно знам низ што проаѓаш. Денес правевме година помен од мојата агонија што ја поминав. Помина и тоа. Што убава екипа сте тука, и јас ќе ве дружам иако за 3 и пол месеци ќе ја напуштам, ама секако, ја се враќам по вас како и во 6-12. Кавадарци here we come.
Фала ви од срце девојки и извинете а негатива. @TeddyGrey Оваа недела неколку пати помислувам на тебе кога поминуваше низ истово и си барам утеха.
@monik55 биди силна, не знам што да ти кажам, жал ми е. Девојки, многу ми е мило што ве 'запознав' макар и виртуелно вака Ве чекам сите во Кавадарци следното лето, здравје само
Драга, нема утеха. Мораш да си силна, а уствари и немаш некој избор освен тоа. Детето ме одржа нормална. Сликите и ужасот што го минав... агонија е баш точен збор. Јас многу психички се спремив за крајот... ради бебево. Не смеев да дозволам да паднам, па лесно поднесов кога почина. Ама тоа што беше претходно... ќе ме мачи цел живот. Тешките слики за очи. Ама и тоа е составен дел од животот. Имаме душички, што им требаме и им требаме среќни, мирни. И тоа е најголемата сила и утеха што ќе ја добиеш - во тие очиња две.
Зашто фрики, па он е најубав во цела фамилија, затоа има инстаграм го заслужил секој лајк што го има добиено
Јас скоро 5 г подоцна се уште имам кошмарни соништа и плачам во сон кога ќе ми се вратар некои од тие ужасни слики. Иако никако не посакував таков крај, ми олесна што заврши таа агонија. Во нашиот случај не стануваше збор за канцер, болеста траеше цели 22 години, од денот на моето раѓање. Последните години можам да ги споредам со хорор филм и тоа е она што не можам да го преболам и ме прогонува, а не самата смрт. Некогаш таа е најдоброто решение ако веќе нема спас, јас така гледам на тоа и така се тешам. Среќа во тие мигови да имав дете, кое ќе ми беше водилка и утеха. Мојот живот повторно доби смисла со неа и повторно искрено се смеам. Иако да, никогаш не сум повеќе комплетно среќна, еден дел секогаш недостига и ќе недестига и знам дека никој никогаш нема да го замени. @monik55 колку и да ти е тешко сега, прифатија ја смртта како еден вид ослободување на болниот од маките. Нема утеха знам, ама на тој начин ќе си олесниш сама на себе.