Фала ви на двете за советите и споделеното. Се борам колку можам но многу тешко ми оди,ние двајца сме посебно поврзани,додека бев бремена беше секој преглед со нас,кога се роди малиот и него го земавме. Ние се бориме со мајка ми 17 години е болна се за неа се тресеме на крај татко ми настрада. И ако нема уште место за паника мене ме фаќа паника зашто уште не збори,затоа е убаво вакви работи да се прочитаат за да стимулираме,
Ништо не си гледала внимателно. Си има слика од 2017. Ајде одново да ги разгледаш сега! Спиди има љубовен инстаграм онаков после тежок ден ќе идам да се одморам. Ама и @AlicaInWonderland има кангалче. Вака така цела екипа љубители на животни испаднавме. Лавли
Профил има од 2017, ама јас го имам од 2016, роден е на 8ми март, дар за жените Колку што радост ми донел мене во животот, и сега кога гледам малата колку го сака, не можам да си замислам како би бил животот без пуфкава.
Стигнав до накитен со сијалички, и кога е бодигсрд на свадбата. Ми беше сТрам уште одма да манијачам.
Јас сум повеќе по мачки ама во иднина и кученце ќе си имам. Сега за сега си имам на работа 2, 3 улични кученца што си ги хранам и милам Еве ми ја едната Лиса, сега си има и дом ама пак си иди кај мене на галење, не ме заборавила. Има околу 4,5 год.
Јас и ти пиво ќе си пиеме Не штети,дури и повеќе млеко ќе имаме (така викаат старите) Додека се собереме,ќе престанат со цицање. ****Јас не би чувала деца,доволно ми е моево
На кого е Кроле муцкана бела убава? Не можам да препознаам од сликите на бебето за кој член се работи нека ми пише пп за да знам. Другите сите ве знам, сите! Сеа Реин сите у мајчински ќе не стави. Да се вратиме на бебушите. Спие цела вечер без ни еднаш да стане. Помина скокот изгледа целосно.
Денес и кај мене ја преспа цела вечер, дури ни вода не побара. Ама се издига во 6ипол и одма почна со плачки и мавања за даљинското за да пуштам лала
Е кај мене цела вечер стануваше пд креветче, заврши кај нас нс спална и пак кенкање не спиење. Почнавме дс се расправаме со мм и она се преправаше дека спие бе? И пак продолжи со кенкање. Секоја вечер ли ги бањате малите?
@monik55 нема зборови за утеха, биди силна @FreeMind зар и мажи ја читаат темава ? Малата кај мене овие три ноќи спие од 9 и пол до 9 и пол, ова и е најмногу спиење од кога е родена, прекенкува два пати во текот на ноќта но брзо презаспива. Но затоа преку ден премина на една дремка. @LoveHope ние ја бањаме 3 пати неделно.
Да не испадне на крај со кучињава да се собереме. Децата дома со мажите Од пред неколку дена имаме и маче дома. Тоа е љубов невидена. Со мене така не се гали Јас го бањам секоја вечер од причина што сме постојано низ двор, брка во песок и вода и е лом. Не ми се внесува дома таков. Или пак да го легнам така на спиење. Плус многу сака да се бања па тоа ми е некоја игра и тепање време. Најдов сега едни мемори картички за во бања, се лепат на плочки, па ќе ги нарачам, и тоа време во бања да го искористам за стимулирање и игра
Да, ја читаат и мажи Имам слушнато муабет меѓу другари А имам и видено отворено форум фемина кај возрасен чичко кој што ме замоли да му наместам мк подршка на тастатура на моб
Сакам да и земам маче. Како го зема ептен малечко? Кај оде за физ.потреби, нели го гребе бебе? И уште милион прашања ама да не те бомбардирам
И јас сум уште у ваша група,ама до тогаш сите ќе пропиеме.Па ако е дружба закажана за следното лето и децава ќе се заигруваат сами( ај уиш со).Игротека не ни бега. Не знам како наоѓате време вие,ама јас освен некој саат да читнам овде,немам време за ништо.Инаку и мое дете спиеше по цела ноќ еден месец,ама сега со скокот пак ми станува по еднаш.Мила ме утеши дека може пак ќе спие после тројкиве и скокот. Инаку и јас ја бањам уште секоја вечер и одма на спиење.И таа сака и очекува секоја вечер.На лето ќе пробам во туш кабина со мене.Пробал некој? И ние имаме едно кученце и едно што го прибираме за јадење,ама како наше е.Многу и се радуваат на ќере,а таа ужива да трча по нив.Потврдувам дека секое дете треба да има некое милениче.Таа е посебна љубов.