Јас го бањам 3 пати неделно. Во стан сме, периодов дома затворени и нема кај многу да се кашка. И јас сакам летото да пробам во туш кабина да го бањам, уште во корито во дневната го бањаме. Веќе 2 недели наутро пелената му е скроз сува, не моча додека спие. А во текот на денот мочка нормално. Треба ли да се загрижува или не?
Од кога стана потопло времето се потат повеќе и кај моето имам приметрно неколку утра да биде сува.Појачај на течност,било каква.А и ако спие цела ноќ,можно е да е сува.
Имам 3 мали 1 недела се да ти пратам по карго (се шалам нормално) да не ме свати некој набљудувач сериозно. За маживе и јас се зачудив Јас сеуште го капам 2, 3 пати неделно во копанка, заради кожата, ако го капам почесто мн сува му е и му се прават егземи, а одмивање секој ден 1 или 2 пати. В купарило плачи не сака ни да влези, а и долу ни е најголем проблем во куќава.
Може, секако сум во потага Јас а бањам 3 пати неделно, или кога многу ќе се изшлапа надвор. А тоа кога е топло знае да е и 2 пати на ден
И јас сум во потрага по маче, моето ми го затруја додека бев во болница. Уште ми е болка. А сакам и некое малечко кученце да вдомам, мн се радува малава на животни. Кај свекрва ми имаат ротвајлер и еден муп мачиња и малечки раси кучиња и пресреќна е. Особено се радува на ротвајлерот, дури и научи на име Арон да го вика. Јас многу се плашам од него иако е во специјален кафез, ама она гајле нема ни кога лае. И на пример ако ја држам јас и во меѓувреме ја земи свекрва ми силно лае или обратно, како да ја заштитува. Девер ми ме убедува дека таа сорта многу сакале деца. А за манијаци има многу низ фотумов. Еднаш додека бевме уште во труднички некој тип ми пушти во лп слика од Стојко, демек сум била запечена дека трудна. Си бараат изгледа милфици.
Спие цела ноќ, не се буди воопшто. За течност, вода пие по 300мл, тешко повеќе. И цица пред да заспие еднаш.
@paleska3 може има самохрани или не татковци не би сакала да ги дискриминирам али овие не ми личеа дека бараат совети за деца @AlicaInWonderland за што се караше ти уствари кога си полна со животни Ози и кангал, ми е страв да не ти го изеде @Milaаа991 @BabyT* нема подобро од ова во пакет за посвојување https://www.facebook.com/1539968141/posts/10221790222895012/?d=n За вдомување се двете свртете на профилот како се гушкаат да ги видите. Преубави се. Јас да се вратам назад ваков пакет би земала и кутре и маче заедно. Имаше едни ги вдомија во Германија буквално неразделни беа. И @simona_baby си посвои скоро кутренце и од екипава ни еден да не остане без милениче. Затоа ни оди муабетот и ве сакам Иначе ја бањам преку еден ден ради кожата му доаѓа три пати неделно. А секоја вечер ја бришам, одмивам, менувам боди и секнам нос уствари ја малтретирам пред спиење.
Ме изнасмеа за манијакот Колку и да е добро кучето на толку големо не би му верувала, имам и причина за тоа ама да не разлагам. Како и да го гледаш незнаеш кога може да му се спојат жичките, исто и како некои луѓе.
Мислам дека нема потреба од грижи,толку пие и мојата,некогаш и помалку.Ако и давам бисквити или нешто солено,пие повеќе.Нон стоп ја нудам.Давај и овошје што содржи повеќе течност,јогурт,супа....Се е тоа плус.И примети баш дали се поти.Поладно дома,подобро е.
Ако не најдиш маче да ти чувам едно за 3 месеци таман ќе биди имам и машко и женско А за манијаков прво ваква бев worried: после
Немам верба ни јас, но како што кажав во специјален кафез е од калена железна жица. А кога го шетаат ние сме дома. Огромен е и страшен иако има мила душа сепак на крај е животно. @lackygirl ќе се договориме, барем ние сме блиску за земање.
Многу ги сакам, може и да видите кај мене на профил што имам, за жал сега е затворена затоа што нападна Ја немам видено од кога бев 9м трудна, како и да е тоа беше за мене голем стрес, ама пак ми недостига.
Да, овошје, јогурт, манџи јаде тоа се во текот на денот. Дома е 21-22 степени, како секогаш. Малку повеќе се поти пред спиење, трча низ цел стан. Ама некако чудно ми е што не моча ноќе, нели покасно престануваат да мократ навечер?
Мало е многу, чекавме да се омачи и но го дадоа само што можеше да го земеме. физиолошки потреби во простор со песок самп уште од старт. Не гребе воопшто. Самп трчка по малиот. Многу се златни јас веќе 3-4 месеци го бањам во туш кабина. Пробај, ич не е страшно. Само долу за лизгаво пази. А за мочаењто имам читано дека сува пелена навечер е еден знак дека е спремен за одвикнување од пелена. Доколку после станување има веднаш полна Од кај да знам што сум се карала Хормони изглеа. Не се ни сеќавам што став сум бранела не ни сакам да чачкам во мислењата додека бев трудна, срам ќе ме изеде
Што убаво друштво сте се собрале. Моиве поголеми се од вашите, чинам врсници со @TeddyGrey. Јас се жалев дете не ми зборува ама 19 месец преокрет, малата во рок од една недела пушти преку 30 зборчиња (треба на лист да запишам точно), а малиот покрај нејзе што ја слуша цело време додава и тој по некое зборче. Фала му на бога што се близнаци па се силат еден со друг те. тој повторува се од нејзе. Малата е водич. И изгледа почна фазата со прашување. Влегуваме во вц и само прашува ќерка што е ова, за прашак, што е ова, за омекнувач итн. Туку јас друг проблем си имам, малава некако агресивна ми е спрема мене и мм, нон стоп не мава и тоа убаво. Ни со мирен тон, ни со повисок не не есапи. И нон стоп главата ја Лука од врата, ламинат, кујна, креветче. Има лузна на чело што не знам кога ќе и заздрави ако продолжи вака. Совет некој како да се справам? Почнаа и тие двајца да се тепаат. Ко некој судија се чувствувам, само разделувам. Сепак откако се родени овој период ми е најинтересен, смешни се ептен. Едит: За туш кабина ги бањам од 10 месеци, прв пат кога ги однесовме на одмор и од тогаш се преродив во тој поглед. Нема носење корито во дневна, па прскање, па потурање со вода,,па екстра џогирање итн.
Да, мојава е Август 2018. Мислам дека се врсници. И јас ја бањам од околу 12 месеци во туш кабина, односно кога почна сама да стои/оди. Уживанција е да не мкнеш реквизити.
Сеуште во на чико на спрат кадичето ја бањаме. Маста му ја извадивме. Ама е погодено сеуште, до кадата е си има одвод и со туш го полнам. Ни влечам ни истурам. За во туш кабината ќе треба да влагам и да се топам и јас. Додека не и испаднат нозете од кадичево дотогаш нека седи.
И ние ја бањаме од 10 месеци во туш кабина, почнавме од причина што многу плачеше во корито па демек ајде да смениме. Плачеше и таму еден месец и наеднаш и стана интересно бањањето. Сама уште ми е страв да ја бањам во туш кабина затоа што се лизга и е многу немирна, па затоа татко и ја држи а јас мијам. Сега и сама бара, кога влегува во бањата покажува со прстето натаму. Како и да е, многу е полесно од носење корита, вода, чуда... Дали уште ви стоат оградиците на креветче? Јас се мислам да и ги извадам, дека иде топло време, многу ќе се поти а ми е страв да не се удара многу
Не ни ставив оградици, останаа како играчка. Кога веќе пишувам да прашам, што е следно после бебешково креветче и кога. Ми личи како да и станува тесно.