Стандарден кревет. Ние за големиот зедовме единечен кревет со димензии на душек 90×200, планирам летово и за малово таков кревет. Ама обавезно заштита од отворената страна некое време, додека да се навикне да не паѓа од кревет.
Ние засега ваков ќе и правиме. Доколу имав место дирек голем единечен 90*200, но бидејќи немаме место засега ваков.
Што убаво сте си се нашле на инстаграм, а јас не ни имам акаунт. Таму е журката значи. Најмногу би си направила ради таа страна активности за деца, ама стварно со друго не можам да се замарам. И на сите им е чудно кога ќе кажам дека немам инстаграм. Во кој тоа свет јас живеам? @paleska3 што направи со мрп? Јас денес ја однесов, ја боцнаа. Денес е супер, баш фино си јаде, малку беше нервозна попладнево, ама тоа мислам дека и го изреметив спиењето денес. Ќе видиме после една недела. Коса ми се крева од вакциниве, со сите гори од температура, па психички се спремам и сега.
@thinkerbell уште не сум и ја ставила, ама мислев следната недела да ја однесам. Таман ќе се седи дома и наредните три недели па мислам таман ќе биде. Кај мене па малата не покажа ниту една реакција до сега од вакцините ама од оваа сум некако исплашена како ќе биде.
Леле јас уште ја немам однесено за МРП, а скоро 18 м е. Некако ич не ми се носи сега, ама ќе мора кј да е.
И ние застанавме кај мрп. А и не планирам да го носам додека не понине лудолово со вирусот. Ионака сме изолирани. А по болнициве и амбулантиве не ми стоат спрмени и заштитени за да го носам сега. Кој знае кога ќе не фати...ама што да се прави. Ние спиеме на спална. И јас сакам сега вакво ниско креветче да му направиме во неговата соба. Ама јас искрено тешко дека би го оставила сам во негова соба да спие. Мислам дека до 2год ќе тераме вака на спална
Јас сакам прво вакцината за стрептокока да му ја ставам, па после МРП. Ама којзнае кога ќе го носам...
Морав сега да и ја ставам, баш заради тоа дека сме изолирани. Кога ќе помине фркава трга во градинка. Јас и маж на работа, баби на работа. Барем вака на раат со нас ќе си биде периодов дома. Инаку во диспанзеров кај нас беше баш празно. Докторката си беше со визир, капа, маска, ракавици, каљачи. Мирисаше на тазе чистено и дезинфицирано. Дури изненадена бев.
И јас не ја однесов за мрп.. Јануари беше ужас, рота вирус фати, повраќање и пролив 15 дена, инфузии секој ден. Фебруарски ја утепаа настинки, растечен нос. Таман се убедив да ја носам објавија пандемија. На која возраст се прима стрептокока?
Се прима од бебе, тогаш примаат 3 дози. За поголемиве е 1 или 2 дози, зависно од возраста ама мислам до 5 години. Мојата спие сама во соба од 11 месеци. Знае да се симнува од кревет. Секако би зела нешто ниско и заштитено со ограда, зашто во сон би паднала. И јас нешто слично разгледував како @kiki_riki само би го правела по мерка. Ајде здравје да пројде кризава, па за втор роденден тоа ќе и биде подарок.
Јас денес ја носам на ревакцина за шестовалентната. Се јавивме да прашаме дали во време на корона треба да ја носиме педијатарот рече секако вакцини нема одложување. И мојава на сите е со температура али си велам ревакцина не е страшно како првата. Мрп е жива вакцина го слабее имунитетот внесете дополнителна заштита две недели околу малите. А за кревет сама во соба госпоѓа ќе почека. И онака се изнафрливме пари за кревети и душеци кои не ги ни допре. Втор пат иста грешка не правам. Кога навистина ќе спие сама и сака да спие сама ќе и ја направиме собата. Дотогаш ќе и ја спремиме за игрална мислам дека така е попаметно барем да се искористи просторот.
Добро, и кај вас на 2-3 месеци им омалуваат обувки? Пред точно 2 месеци и 1 недела сум му ги порачала патичињата што му се згодни. Веќе му се мали Знам дека 100 пати зборевме на темава ама дајте некои што продаваат онлајн и доставуваат. Освен спортвижн и спорт м. Немаат бројки ништо. Најк или адидас барам меки модели. Се што имаме дома се со тврд ѓон, вчера му облеков такви, едвај одеше и постојано сакаше во раце. Морам итно да најдам. Незнам зошто кај нас немаат избор. Точно знам веќе какви ни требаат, ама не се наоѓа. А страните кај што нарачував онјан не доставуваат сега до мк. Се надевам дека е само периодов укината доставата за мк, не за стално
@AlicaInWonderland јас пред некое време се жалев исто. Најди си марка која му одговара и земи 21,22,23 и нека седат дома. Јас од истите земам и само бројка плус. Толку два месеци и нови. Ја буцнаа во двете рамења денес оти се движела со нозете да не ја болат. Температура вечер со парацетомол. Мрп да ја прими летово ревакцината и да биде спремна за градинка. Решивме Јуни крај да ја прими и готово. Аман. После на пет години. За д витаминот прашав за летово рече си продолжува исто шест капки цело лето до три години. Штетно е ако ја оставиш на сонце на плажа да изгори, а ние децата не ги оставаме незаштитени во 12 пладне да горат нели? И така.
Е ајде де. Ич на крај памет не ми текна дека е можно да блокираат достава до мк. А таман си велев си најдов страна за нарачување, избор голем... Бејби и ние сме со сандалки. Викендов во сандали го помина Незнам зошто не би било исправно...
Па дека не ја држат толку стабилно ногата како патики. Инаку пробај тие што ги имаш тврди патики да ги изгмечиш, да омекне.
Ааааа аха. Мене умот ми отиде за ладно да не е е да, не се баш стабилни како патики, ама убаво си одеше со нив па не ми се чини како проблем. Најверојатно ќе треба да пазиме како газат да видиме да не бега ноџето па да направиме проблем. Фри од кој витамин д даваш? Каква е концентрацијата на тие 6 капки што ги прима? Јас давам 2 капки Вигантол, 20.000IU. Мене ми се чини малку, фонтанелата уште отворена е