Давам и јас биогаја. Давав редовно до година. Па прекинав, па бевме на патување и таму почнав да давам пак оти страв ми беше од промена на храна, вода....па фати периодот на стомачен вирус и ете уште давам, не сум прекинала
Јас му давам 2 капки Вигантол, фонтанелата му е затворена. После ќе давам д витамин на Пливит, само дупла доза. Пробиотик давав само додека имаше грчеви, тие 2-3 недели, инаку не.
Јас до три месеци давав и прекинав до стомачниот вирус на десет месеци. Потоа во градинка давав и сеуште и давам БиГаја. Ќе давам до две години.
Јас и давам Waja пробиотик, а за д витаминот, нема веќе вигантол, па ортопедот ми рече да земам пливит д3, да давам 7 капки до 15 мај, потоа 5 капки до 15 септември. Рече дека мора да прима и преку лето затоа што најмногу витамин д има од сонцето во периодот кога е најтопол денот а тогаш нели не ги изнесуваме на сонце. Значи дозата е според килажата, малата има околу 10 кг.
И јас давав додека имаше грчеви само биогаја ама од нив уште повеќе грчеви и запек доби, па и давав провен 1 недела и од нив скроз и се регулира столицата и и помина грчевите. Можеби беше само коинциденција. Инаку давам по 5 капки Вигантол ама на лажичка, па сигурно половина се губат. Фонтанелата повеќе од 1 прст отворена, а веќе 18 м е. Повремено давам и бебитол со омега, ама сега давам Бекутан мултивитамин со омега и д3, па тоа не давам. Вигантол веќе нема никаде, ќе мора да купам Пливит само не знам како да ги дизирам нив. Матичната викаше од нив 5 капки, ама тие се мн послаби како што знам, а ваму и за Вигантолот ми рече 5 капки поради фонтанелава што и е отворена. Јас се зафркнав до 10 м само бебитол и давав, а тие се мн слаби и сега изгледа затоа не и затвора. Ама па тоа ми викаа сите педијатри да и давам, тек зимото ми рекоа да преминам на Вигантол дека ладни месеци без сонце. А и според мене ние не ги изложуваме доволно ма сонце за да синтетизираат витамин Д. Башка и немаат доволно површина на гола кожа за да го примат. Шо знам. Си велам до 2 г ќе се затвори. До сега не знам никој возрасен со дупка на глава.
Јас знам @Milaаа991 многу со дупки во главата, доста возрасни особи. Али странично им се дупките фонтанелата не е кај овие Д витамин не помага,само стап. Се смеат ли вашите сами? Станува од спиење ја пресоблекувам и се смее така замислена некаде.
@Milaаа991, додека имаше вигантол јас по совет од ортопед давав 2 вигантол и една капсула бебитол со омега. Кога ги снема му пишев на ортопедот и ми рече да продолжам како што пишав погоре со 7 капки до 15 Мај, а потоа 5 капки пливит. Бебитолот заменувал 2 капки пливит. Јас ги дотрошив бебитолот и почнав само пливит да давам. Фонтанелата и е уште многу малку отворена, а сега ќе прави 13 месеци.
Во однос на претходните муабети, најдобрите препораки за книги за децава сум ги добила кај @hurricane__full_of_joy . Непристрасно и одлично доловена содржината. Кој има интерес нека погледне. Каква екстра заштита?
Давам waya пробиотик секој ден,убаво било посебно за деца со атопичен дерматит така ми напомена педијатарот уште кога почна со дохрана зошто па не ја ни прашав. Витамин д давам бејбитол и плус д со омега исто од бејбитол. Читав многу мислам го користат молерс мислам се викаше масло со омега 3 и витамин д па дали да земам од тоа незнам. А не сум го носела на педијатар од пред хаосов. За мрп е примање ама не го носам сега може за еден месец да одложам незнам зошто ме плаши таа вакцина. Може дека дава подоцна реакција па треба да бројам денови. Ке видиме како ке се одвиваат работиве . Не ми е за гужвите толку зошто и немало. Ми е од реакцијата навејќе..
Јас цело време му давам само Пливит Д3 по 4, 5 капки а синко е 15кг, исто му давам од 9 месеци до сега, матичнава така ми рече биогаја давав точно 6 месеци, потоа ги прекинав. А до 9 месеци давав само по 2, 3 капки Д3. Ништо друго нема пиено, дури вака ко ќе ве читам си велам дека грешно правам, ама така па ми вели докторката, на своја рака не давам. Па добар е, на 9 месеци ко бевме Бт ортопедот рече дека затворена му е фонтанелата и по 5 капки да давам, колку што памтам. Денес го повозиме малку надвор, ќефој беше, ама пред тоа кога мавна со челото во масата модар е на чело, се изнаплака.
Да ги намалите контактите со луѓе од страна додека помине периодот на вакцината од две недели. Го гледав Hachi со Ричард Гир температура кренав од плачење. И малава крена од вакцината и се гушкаме двете се тешиме дека се ќе помине.
Јас имам едно прашање. Малата уште во првите месеци имаше на лице бели брунчиња(мислам милиа дека ги викаат) Педијатарот тогаш ми кажа да не се грижам треба да ги снема до 3м, ама не кај неа и нови се појавија. Е сега некаде од 10м има едно под око, ни исчезнува, ни се шири така стои. Дали има нешто опасност за тоа, искрено немам педијатар прашано, се заборавам.
Се Јас ги гледам овие два модели,мислам двата да му ги земам дур се намалени, А за сандали какви? https://www.sport-m.com.mk/ProductC...Grupa=503&Pol=M&MarketingStatus=018&Vozrast=I https://www.sport-m.com.mk/ProductC...Grupa=503&Pol=M&MarketingStatus=005&Vozrast=I
Синко ги има првите, и лесно оди во нив. Ама полесно му е во кондурчињата од Гемелли, иСти како на Лаки дечкото што има. Трча во нив без проблем. Еве ги:
И јас сакам вторите да ги нарачам. Ги видов во живо меки се и летни. Првите мене не ми се свиѓаат. Многу се крути. Сандалки од најк имаме, и тие се многу меки и згодни ама ги нема низ мк, а може и дека е рано, енос ќе донесуваат. Вчера му земавме едни најк така набрзина на непробано. Не се лоши. И после дома најдов уште едни патики кои сум ги ставила во облеката за поголем а точни му се сега, јас за на есен ги рачунав... Таман фатив ред со облеката и величините, сега со обувките имам мака
Исто, за месец два и мали се. Читав на нет дека во оваа возраст им расте по 1 см стапалото секој месец. А во висина не растат веќе толку брзо. Ја од Пеко во ГТЦ купив пред некоја недела и топлинки нови и чевли. Имаше убави патики но почнуваа од 22, а мојата носи 21. Имаше и попуст А витамин Д по колку им даваат не вашите малечки во периодов?