Дајте некое чаре за повраќање во кола. Од кога е родена секој ден ја возев во седиште, сами идеме секаде без проблем. Лани на одмор ми поврати после 3-4 саата возење, во текот на зимава неколку пати на подолги релации, ама сега со карантинов не беше во кола ич неколку недели и еве 3 пати по ред повраќа за помалку од 10 мин. Првиот пат викам ај јадена беше, вториот пат 1 саат после јадење, сега третиов пат 2 саата после шише млеко, уште не беше ни доручкувана. И на пола пат ја извадив од седиште мислејќи да не е до седиштето (иако одамна го користиме), ама не, пак си поврати. Не знам како да и помогнам, ако вака тера во кола не можам да ја ставам, особено не сама ако треба да одам некаде со неа.
Видов ги имате сивките патичиња најк,многу се кјут, задоволна си?Јас ги меркав да ги порачам ама незнам дали се меки,удобни. Малиот додуша не е уште прооден ,по дома е нон стоп бос,ама сакам да му земам некои нема ставено на нога ништо, за роденденот му ги облеков едни и плачеше да му ги соблечам. Со ова коронава човек да не може на раат да отиде да виде ,да одбере а вака онлајн колку ќе видам.И со бројчиња на непробано,смешки.
Да! Ептен сум задоволна од тие. Со тие патики прооди и тие му се најудобни. Три броја по ред му зимам од тие. Сега ми е проблем што неможам 22 да му најдам од истите. Спортвижн немаат бројка, а имав една британска страна каде што нарачав последен пат 21, ама сега немаат достава до мк Ако најдеш бројче зимај обавезно. Тие се единствените патики што ги најдов со засечоци доле на ѓон и се свиваат скроз, од крај до крај. Плус многу се лесни и не потат. Јас тие ги препорачувам како идеални за први обувки и проодување @Spidy ние коа летавме имаше годинка и матичната ни беше препишала едни таблети за лошење по пат. Ние ги имавме за секој случај бидејќи имавме долг пат. Не ги користевме, ама штом ни ги препиша на годинка значи се за бебиња за таа намена. Има и во зегин лижавчиња без рецепт идат тие. Ама незнам нашиве дали се стасани за до лижавче
@Milaаа991 @AlicaInWonderland Јаде мојава лижавчиња, си научи со тие новогодишните бастумчиња, ако има такво нешто кај нас морам да пробам. Не само што ми е жал за неа што и е лошо, туку и никаде нема да можам да ја носам, 3 пати неделава го перев столчето и навлаките во колата за помалку од 10 минути возење.
Јас и имав земано на внука ми таков женски модел ама таа беше околу 2 годинки, па незнаев колку се добри баш за почетници,не се двоумам веќе ќе порачам. Ако во меѓувреме не најдеш ако сакаш ќе ти земам од овде, ако има бројче,имам човек доаѓа за некое време Мк па можам да ги пуштам
Си знаеш дека се милиа, ќе поминат. На козметичар ги вадат со игли, ама твоето мало е. Обично сами паѓаат, ретко стојат долго време, периодични се.
@Spidy малата твоја како мене. Јас многу мака од патување имав,до скоро. За низ град не паметам ама за патување подолго и низ кривини ми ставаа новини ,штампа на гради демек оловото од штампата нешто спречувало лошење појма немам што ми правеа,може се што ке слушнеле ми правеле дека лом сум им го правела стокецот. И подоцна драмамина таблети ми даваа. Дури и на екскурзија од школо кога не носеа обавезно наставничката ми даваше. Сега има лижавчиња ако може да лижи земии од аптека. А скоро статија ми излезе зошто некои сме подложни на лошење и поврајќање во текот на патувањето и ја прескокнав... може и таму пишеше новина да се стави
Па весникот ако не ти спречи повраќање, барем ќе ја фати повраќаницата ова баш бабин лек, ме изнасмеа. Јас баш мислев следен пат да и ставам лигавче од оние со џеб напред, барем колата да не ми ја прља
Ако поврати уште неколку пати, можно е да станам толку очајна и тоа да употребам Стварно ми е греота за детето, знам дека не може да се контролира, не е крива ништо, ама еве цела година немаше гајле, сега не можам до соседна населба да стасам без цело седиште да го исперам.
Имаше едни таблети им ги носев од тука биле најефикасни. Да прашам утре и ќе ти кажам кои се знам дека на секое идење им земав. Само ги заборавив како се викаа. Сестра ми има 41 година и од бебе до сега во кола повраќа. Никакви апчиња не и помагаат за жал. Али кај повеќето деца помагаат.