Ме пресмеа со проблемов. Ме врати назад пред година и пол какви се не глупости ми текнуваа. Ќе и порасне. @hello-kitty.90 прај бе мила ако имаш време веднаш влагај во кујна. Само уште јас останав со ненаправени постапалки али како ме мрзи...а видов едни колачи со мармалад боље за нив да потрошам време у кухиња.
https://www.facebook.com/169373263087295/posts/3460579517299970/?vh=e&d=n Вид на ова налетав доста фино е за пет минути ќе ги направиме Штикли за проодување
@hello-kitty.90 лесни чекорчиња.Штом се пушта,брзо ќе се осамостои.Мојата од кога прооди исто ме држеше за раче и пазеше да не падне.После некој ден почна да трчка по малку и пак пазеше.Сега трча и не гледа ништо пред себе и паѓа скоро секој ден.Среќа не паднала лошо до сега,ама кога гледам како трча и гледа настрана или ја врти главата,знам дека ќе направи беља. Две четворки доле и три тројки во исто време искачаат.Дефинитивно тројкиве се најтешки,особено горните.Ја чекам да се насмее,да ја видам, инаку не дава.Апетит малку намален,ама не е лошо.И скокот веќе проаѓа и лакше се дише.Баш кога беше громчето кемкаше по цел ден,дури мислев ќе се разболува,а она плус и тројки вадела.Ама па сега почна нови гласови и букви да кажува.Повеќе зборови и разбирам од брборењето. Исто како на Лаки,мнооогу сака деца и тоа поголемки што трчкаат.И она по нив трча и копира се што прават.Тука во маало ми се,па се гледаат секој ден.Милина се да ги гледа човек. Тие две трчаат напред,а она последна одвај,одвај не може да ги стигне.Па ќе се умори и крева раце да ја земам.Па по скали ќе појдат,а мојава прдла, страв и е сама,кемка и гледа во мене,и се качуваме децата и јас.Надолу исто.И нема нозе да болат.Другите мајки си седат,ама нема везе јас сум со децата.Тоа е. Ауу лајк за штиклите @FreeMind . И јас уште немам правено, а што сакам вакви рецепти- кратко и јасно,без многу шарање нокти.
Само тропам нешто,а додека тропнувам убедена сум дека сум во право И после некое време се смеам сама на себе Иначе нели имаше постапалки од мама ти? @hello-kitty.90 извини мила не сум видела дека имаш пишано дека сте прооделе Лесни чекорчиња ,се препекавме ја и ти за проодување Иначе најново ги тегне лајсните од вратите тие гумираните и неможеме убаво да ги наместиме едвај ги затворивме вратите по соби Е за тоа само не ме слуша,300 пати Не,не,не абе џабе
Лесни чекорчиња. Штом почнал да се пушта толку, за брзо ќе трча баткото. Барем кај нас така беше. На 11 ипол месеци прооде, а до роденден трчаше како да одела одсекогаш.
@Ringishpil_ со менувањето пелена и облекувањето нема спас изгледа, многу ми бега, ама многу, плус писка, ушите ми зуат мислам од тоа пискање. Кога конечно ќе се облечиме престанува и како ништо да не било. @hello-kitty.90 за една недела ќе трчна низ дома. Толку им треба да се почувствуваат малку посигурни. И надвор првиот пат кога ја изнесов со патики, незнаеше да оде, ги удараше една од друга, вториот ден како одсекогаш да одела со патики. @thinkerbell како е малата со вакцината? Има ли некоја реакција?
Сега за сега не. 5ти ден денес, рано е уште. Утредента после боцкањето беше невозможна, ама дететето си имало мака со забите. Очекувам наредната недела реакција, ако помине без ништо ќе частам. Ноќна мора ми се вакциниве и нејзините температури после нив. Стануваме навечер со маж ми на еден саат наизменично, страв ми е да не качи тт, а ако спие од температурата се комира. Едит: Неколку дена не бев во тек и сега гледам сте збореле за собиранки. Срам да ви е што не сте ме рачунале. Би дошла, да, ама непоканета како?
И јас не направив постапалки сега касно е, мака ми е само за купените работи за нив Многу плачи за се, не се трпи, бевме кај мајка ми денес цело време плачеше и само кај мене идеше па мама ме гушна и му вели моја е мајка ти, тој дојде со плачење и дирек в раце не ме попушти само мама мама, не беше ич ваков, абе за се плачи, многу ми е напорно, нервозно, па и со неспиењево
Со комбе од Скопје ќе стасате или боље автобус да ви организирам Ако исчезне коронава би си дошла во Октомври тогаш сеуште е совршено времето доле за дружби. Ако исчезне... Сакав да кажам кај мене само еден ден појави температура на мрп али не беше страшно. Сега и за ревакцината на шестовалентната благо се покачи околу 37.5 дури не ни мерев со топломер. Само оти ја буцкаа на рамењата и се појави локална реалција на едното од менингококата и не даваше да ја допреме. Еве денес нема ништо. Со вакцините имам уште само ревакцина на мрп во Јуни крај и завршив јас. Следни од пет години. Сакам да кажам тројки и растат и цел ден приплакува од нигде никаде. Ама уште јаде што значи тек сега испаѓаат. Во очекување на две недели диета и десетти последен бебешки скок останете во добро расположение
Аман бе.. Хаххаха Вчера бевме на гости кај татко ми и 2 секунди во 6 часа не седна. Татко ми вика јака ти душа, како го раниш, како го преслакаш ова дете. Се во лет. Среќа по пат спиеш па одморив. Инаку ми се заврте од трчање по неа. Се да види, се да фати. Се ново и беше. Со тројките не е кенкава засега, само намали на апетит. А за глупости не одбива. Е како за пудинг не ја боли, а за манџа пишти и вади од уста и се чепка со прстиња кај нив. Ајде уште две да излезат, па раат некое време. Само да не крене т како со другите. На време почнав да давав витамиски сируп, па колку толку овој пат јаде, се надевам нема ептен да и падне имунитет и ќе истераме полесно.
Одвај чекам!....нот ) Спиди што правиме вака во животот? Некој тренинг нема ли да си фатам од почеток?
Третата книга од мојот серијал за sleep training има поглавје за воспитување. Пробувам да применам што повеќе, ама моево е генерално мирно, не ја карам многу за сега. Кога се треска од земја за глупости само и се смееме со татко и, пошо смешно е кога плаче зошто вратата од тераса не се отвара кога самата она си ја затвори Јас мислам дека ние со кучиња веќе имаме искуство, лесно и со децава ќе се снајдеме. Не знам ова дали важи за тебе, Фри, пошо Ози те врти како сака Ако можев џавкачко куче да го научам да не лае, ќе го научиме и детето бе, ваљда не е толку тешко...
Јас ќе платам за сите Мене Ози ми е газда јас сум му класичен роб. Ама пак слабост ми е прво дете знаеш како е. Нема таму простор за промена земена сум под нозе. Али пак знам како не треба може ќе успеам на втора.