Јас денес после работа со мм се заакаме у Велес по лизгалка. Ѕвонев од сабајлето имаа, одиме кај 16часот немат ништо.
Штом толкава побарувачка имаше,сигурно ќе донесат. Па во рок од 2 дена,колку им се продадоа само од тука. Хит играчка. Ја среди мм,нешто било испаднато во чешмата внатре Ама за моево дете не е. Не мие садови,како и Спиди што пиша,туку полни чаши со вода и пресипува. 3 пати се намокри,едвај го пресоблеков,не даваше да го тргнам од чешмата. На крај се заигра само со чашките,пресипуваше од една во друга,ламинат лом направи,се испонамокри,пак го пресоблеков и собирав вода,и едвај му ја тргнавме и смиривме. Ќе чекам потопло време,па ќе му ја дадам. Ем внатре потоп прави,ем ќе настине ако седи мокар,а да не расипува врз себе не разбира. Нека дојде лето,па во двор ќе се шлака. Останатите,набавувајте садопер,многу убава играчка. Од сите играчки досега што сме му ги купиле,ова му е нај по мерак.
@hello-kitty.90 тргни му ги чашките штом така. Стави лажици, вилишки, тацни и остали тракатанци. Јас и мини животните и ги оставам внатре. И поткачи го на нешто (и држете го да си го фрли врз себе). На рацете тетра пелени врзани ми заврши огромна работа и потоа кога погледнав доле она вир направила. Ќе го решам и тоа денес ќе си игра во чизми
Број од Иван Исцелител, баба Ванѓа и све остали бајачки? Неможам повеќе. Вчера само едно спиење претпладне имала. Синоќа уморна убаво заспа во 22:10,до 23 и нешто спиеше, до сабајле око не сме склопиле. Секунди и минути да собериш еден час сон сум имала. Почна во креветчето да се мрда, да менува позиции, почна да се удара да плаче. Ја преместив на спална. Не сака покриена. Не носи чорапи,додека јас спијам со термо чорапи и волнени елече инаку кивам како слон. Не ја фати место, де лево, де десно. Кенка, плаче. Се изнагта млеко и од нервоза и дадов и сокче. И тоа со го испи и јок.. Мм стана во 6 и ние ајде во дневна ќе играме. Ќе си умрам. Незнам што да правам, ама сериозно.
А да ја предадеш на некој па да поспиеш некој саат и после со ладна глава некој распоред да направите, изводливо е?
Во 4ч в дневна со мм го оставив, издржав 5 часа без сон неможев веќе што дете ќе беше денес 9 часа на работа, вчера исто 9 отепана сум И друго што многу ме нервира, од сите плачи, го шетам на улица, полно е дечиња, се ок ако не го ѓибнат, ако му зборни некој плачи ли плачи, само од поголеми деца понеплачи, на иста возраст вчера 2 чупиња го фаќаа, тој рацете ги стави на очи и почна да плачи, демек се крија,дали се срами? неможев да го смирам, само од другарка ми детето го сака. Некое чаре? Претходно многу сакаше дечиња.
https://batali.net/3741/apel-za-pomosh-za-veleshaneczot-atanas-karakachanov/ Ве молам кој колку може, неговата жена е со нас на форумов речиси во исто време породена со нас. Само што наполни годинка. Да дадеме надеж дека се ќе биде во ред. Фала ви.
Ако најдеш број одма и мене да ме бараш. Ова не е хумано вака да нејќе да спие. Само станува само се мава исто па кај мене во рака. Па млеко. Па си збори нешто. Ни на спална не спие мирен. Строго да не е покриен и бос исто да е. Како ке издржам
Во скок да не е? Нека го чува маж ти Кај нас кога беше 9тиот скок беше страшно,па една вечер јас ја чував друга мм Сега ја чува само он Мора помош да бараш!
И јас рипав,ама ми дојде памет откако почна да ми се врти секој ден од несоница и ме фати страв и лека полека си се навикнавме сите Мм се навикна да спие секој ден со неа,она почна да не плаче по мене и јас си го фатив сонот
Скроз исто спие и мојата, главата забодена под оградицата и кога ќе стани е утоп, има фризура на Афромен