Jaс ништо не разбрав кој починал ??? Не ми го отвара линкот прееска што го стави Фри Дали мајка дали дете и кој на форумов ??
Извинување до вас две...не читајте вакви ствари. Да за жал многу брзо се случи. Затоа не се нервирајте и гушнете ги по дома сите.
Па и на нас што имаме деца ни умираат блиски. Тоа е составен дел од животот. Како што децата се раѓаат, така и луѓето умираат. Сочувство до блиските.
Имаме огромен проблем со нејадење, ве молам за помош... Бебе е 17м а никако не сакаше да јаде нешто што не е блендирано, а сега воопшто ништо не јаде.. Од време на време без проблем јаде од нашето јадење, јаде парчиња, гризе лепче, патлиџан сецкан, краставица, ама претежно се заинаетува и в уста не става ништо. Утрово и правев печено јаболко со гриз и ванила - 6 лажици макс лапна Ручек: мисиркино со ориз, кромид и морков - воопшто не касна За вечера и дадов мелена плазма со банана и млеко надевајќи се дека ќе касне и пак исто, ништо не става во уста. Се дрецка, се инаети, плаче и мава, крцка со забите.. Ненормална нервоза за бебе покажува. Јас и мм никогаш не викаме маваме и слично.. Денеска ме извади од памет, трпението ми заврши и ја плеснав не требаше знам, најголемиот противник сум на такво однесување ама скував, детево збеснува.. Не е ситуацијата за вадење заби, туку според мене периодов на седење дома на мене и мм ја размазивме премногу. Порасната и посвесна е на кои начини може да си истера по нејзино и буквално за најмала ситница на пример ако и речам не фрлај мамичке не е убаво така таа легнува на земја и плаче, се тресе со главата се вцрвенуваше цела и гризе по теписи.. Незнам навистина што да правам..
Прво и најбитно, мора смирено. Иако не се веќе бебиња, сеуште не осеќаат ако сме ние нервозни. Мојата е скоро 21 месец, знае да изводи, јас најчесто игнорирам и заборава на испадите. За јадење додуше ретко одбива, тука немам некој совет, ама еве пробај со играчки на хранилка да си игра, со цртани... Најбитно е да се смириш. Не те судам за удирањето, имало моменти кога сум се контролирала, ама бројам до 100. Па и назад. Ништо така не се постигнува, освен тебе што сега ти е жал. Terrible two and horrible three - да почуваме живци, иде и полошо.
Сигурна си дека не се заби? И јас така мислев ама извади 3ки и сега јади колку толку. Ама Почнав и сируп Бекутан можно и од него
Не се заби, само што ги извади 4ките, нема знаци за вадење на 3ките.. Ако беа заби немаше да јаде ништо, а за благо и соленки одма скока..
Се додека не се повредува, најдобро е да игнорираш. Сите педагози тоа го кажуваат. Лошото однесување да се игнорира за да не добива внимание (ни негативно) со таквото однесување, а секое добро однесување да се наградува со пофалба (значи позитивно внимание). Знам дека е полесно да се каже отколку да се направи, ама ппдобар совет од тоа нема. Особено на оваа возраст од 2-3 години кога не знаат ни самите они што им фали и зошто се трескаат од земја.
https://www.google.de/search?q=hipp...KHQIJBUUQ_AUoAXoECAsQAg&biw=414&bih=719&dpr=2 @mamaJana пробај од овие ако ги има доле. Имаат многу убав вкус и речиси нема дете што не ги јаде. Бидејќи кај мене е веќе војна за ручек (пребира) овие ручеци ме спасуваат многу. Речиси сите ги јаде.
Не памтам кога јадела без молби, значи цртани, па раниме мечиња, па се убедував себе дека не треба да нудам различни јадења доколку одбие еден оброк, па правам 3 пати јадење за 1 ручек, па раниме куклиња, па се раниме во шетање, на тераса, во Шатор, па на количка.. Ужас! Секое јадење го одбива, уште не пробано. Пробуваме да ја раниме јас па сопругот, нема резултат. Дневно пие макс 500мл млеко, ако не и дадам чоколино/медолино и сл може да се случи ништо да не изеде во 10часа.. Од витамини и давам киндеримуно Dr. Wolts и Пико Ц витамин.. Вода повеќе од 60мл дневно не испила до сега. Сок домашен од лимон, морков и Цвекло по 120 мл дневно. Ова според мене е премалку. Предходно барем по некоја хип каша јадеше, сега и тоа не јаде..
Мислам дека е многу млеко. Ама стварно не знам, ќе кажат поискусните. Мојава млеко со очи не сака да види. Пие само околу 500мл вода, некогаш сокче ретко. Мислам дека млекото ги држи сити.
Значи поголем нејадач од мојава не знам дали има. На година ипол уште нема труплирано родилна. Не знам колку млеко пие оти цица. Ама вода со молење повеќе од 50 мл не пие. Сок ретко и давам ама и него слабо го пие. Едино јогурт и кисело млеко ако побара плус и е течност. Мојава ни чоколино не бендиса, последно со тројките кога ги вадеше во очај и понудив. Јас до 4 г само на чоколино сум била жива, не јадач невиден. Ама оваа и мене ме заеба. А цело време исто не јади или има периоди на подобрување и влошување? Ако сега е особено влошено нејадењето и ако си сигурна дека не се заби можно е и 10 тиот скок да ја дрма. Пишува во апликација дека се манифестира меѓу другото и со бојкотирње на храна. Кај нас дали до тоа беше или од 3 ки не знам. Еве два дена е подобра, дури страв ми е да кажам. Оти 2 дена подкаснува, а 10 на воздух живее. Еве претходно 3 дена само јаболка парчиња јадеше. Тоа тоа, подобро од ништо.
Да не им се плашите на нејадачите. Мојава е родена 3 кила, на 15ипол месеца е 9 кила и нешто. Јаде три оброка по 150-180 грама, 2 до 3 пати кравјо млеко исто накај 150 грама (навечер пред спиење може до кај 200 грама ако порано вечерала, или ако не јадела многу, ама ретко се дешава). Ретко некоја ужина (банана, праска, јаболко, слива, околу 50тина грама), ама пие 250 грама сок домашен (поделено на два пати, обично после оброк) и накај 300гр вода низ денот, шишето и е на изволте цел ден. Животинско царство чоколадо ако и дадам цело, не јаде повеќе од пола, го остава на маса. Во последно време јаде смоки и соленки зошто јас често јадам, па ако ме види ќе бара, ама ако јаде смоки обавезно крати нешто од другото јадење. Значи најадена си е со волку (500-600 грама во оброци и ужинки, и 700-800гр во течности). Со оглед на тоа дека има деца што јадат дупло од ова на оброк и имаат плус 2 ужини во денот на нејзина возраст, мене ова реално ми делува малку. Ама поише не сака и тоа е, не се ни обидувам да и дадам. И мене и на брат ми ни пишувало неухранети во книшките. Од мајка природа не може да избегаме. Јас пре би да имам дете што не јаде, отколку што јаде како дупнато. Замисли да ти вика ми се јаде, а не можеш да му дадеш дека е дебело. Може на 2 години не се случува, ама го гледам на 4-5 години и како растат се потешко е. Подобро слабо дете отколку дебело. Нема да умре од глад, ако е гладна ќе јаде. И ако не изеде нешто, мислам ако цел оброк не го сака, за 2 саата пак истото го добива, замени не готвам. Имало денови кога нејќе ништо, скоро имаше неколку такви дена. После 2 дена надокнадуваше. Којзнае што и беше.
Ова вашево не е нејадење. Има деца, што ги гледам а и тука читам, што баш ништо не би ставиле во уста, другарка имам и на 5 залаци се радува, а и тие се со молење. Инаку, да, подобро е слабо и здраво дете, отколку дебело. Ама ај не му дади ако бара... уште не ми е дебелка мојава, мене ми е таман ама не сакам да ми биде дебелка, затоа внимавам, али си јаде, иако мислам дека покасно ќе има нејадачка фаза. Сум си замислила дека тоа мора да се пројде, а не е така знам.
Јас да бидам искрена не верувам дека дете слабо и нејадач (кое живее на чоколино и смоки) е здраво дете. Шознам ми фали имунитет во дефиницијата. Јас би да јаде се макар и дебела била. Со спорт се тоа фино ќе си дојде на свое место. Гојазни деца се деца кои физички се неактивни. И не е тилку голем проблем во исхраната отколку во движењето. Чекај уште еднаш да размислам...само нека јаде дефинитивно е мојата страна
Јас мислам дека дете што јаде само чоколино и смоки не е нејадач, туку пребира. Тоа што јаде, јаде се, може една две работи нема да сака многу, ама генерално јаде. Тоа што не јаде, не јаде ништо. Мојава ако решила да не јаде, ич не и гајле дали е телешко или чоколино. И чоколадото не го дојадува. Единствено сирење нејќе. Нема комбинација во која не сум и го ставила, го плука. Дури и сама зема сирење од мојата чинија, ќе го лапне и ќе го плукне. Тоа го сметам за преференца, за друго јадење така не прави. Ако треба да давам чоколино 3 пати на ден зошто само тоа јаде, има да го фрлам чоколиното во канта, и ќе нудам само варен грашак додека не го пројаде. Ептен сум лоша, си знам. Ама реално подобро гладно да остане детето, па да јаде што ќе му дадеш, отколку да научи дека ако плука едно јадење ќе добие чоколино на крај. Нече мочи ове ночи кај мене тоа