Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.262
    Допаѓања:
    67.822
    Пол:
    Женски
    Навистина е мнооогу полесно сами кога ќе кажуваат. А до тогаш, да, нормално дека им се готви тоа што сметаме дека треба, па они од тие работи подоцна бираат.
    Инаку, додека цицаат не очекувајте дека нешто премногу ќе јадат, и моето беше такво, ама па ниту ја форсирав или се нервирав, колку јадеше толку. Вода скоро ич не пиеше. Млекото заменува многу работи. Е кога престана да цица почна да јаде повеќе и да пие вода. Тогаш дури видов колку млекото ја заситувало.
    Навистина не мислев да направам да се чувствуваш лошо или дека се жалиш, само баш за тие работи ми беше коментарот, дека и самите очекуваме да биде полошо. И јас истото го мислев.
    А не треба да е така, баш се интересни како растат и почнуваат да зборуваат повеќе, кога почнуваме да ги гледаме плодовите од нашето воспитување. Па дури и реченици кои сме им ги кажувале ни ги враќаат.
    Интересен е периодот и брзо поминува.
     
    На hello-kitty.90, BabyT*, happygirl и 3 други им се допаѓа ова.
  2. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    И мене ми се интересни.
    Како расне ми е се поинтересна.
    Не се осетив лошо, нит се правдам, туку не ми беше за жалење. Ама ако сега се корнеме, викаме и шлапаме што ли ќе праи(ме) понатака.
    Како комуницира е се полесно.
    Јас мислам дека сум единствена што кажува дека како расне ми е се полесно.
     
    На mimiiiii, happygirl, FreeMind и 2 други им се допаѓа ова.
  3. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    зошто не? Која е позадината на ова?
    Јас не гледам проблем да му ја заменам чашата ако ја сакал цевената, или да ја замениме чинијата или да избере каде сака да јаде...
    Сериозно прашувам кој е ставот на психологот. Многу работи учам од мајките овде, многу пати сум сменила мислење или сум почнала да гледам на работите од друг аспект, па затоа не велам дека сум во право и затоа прашувам. Не можам сама да согледам проблем во ова :)
     
    На Bella*, Coco31, BabyT* и 2 други им се допаѓа ова.
  4. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.038
    Пол:
    Женски
    Јас истото го викам. Сто пати е полесна оваа година од претходната и далеку поинтересна. Се надевам како повеќе ќе разбира ќе биде уште полесно. Во очекување да разбира...
     
    На Bella*, AlicaInWonderland, TeddyGrey и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.262
    Допаѓања:
    67.822
    Пол:
    Женски
    Не си единствена и јас тоа го мислам. Додека беше бебе постојано во раце ми беше, лепенче право, па колку е само потешко кога не зборуваат и не можат да кажат што ги мачи. Како проодуваат станува се полесно и полесно. Сега веќе и немам од што да се пожалам, сосема сум задоволна моментално од тоа какво дете имам и работам на тоа да си остане така.
    И мене ова ме интересира, јас и давав да пие и да јаде од што сака, не гледам како е тоа проблем, сега сама си зема тоа што и треба и тоа што го сака. Оди во кујна и си зема тањир, чаша, си мести за јадење. Си зема за облекување што сака, јаде додека да се најаде, потоа си зема десерт колку и е доволно. Значи знае сама да се регулира.
     
    На hello-kitty.90, happygirl, AlicaInWonderland и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Milaаа991

    Milaаа991 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2018
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    11.385
    Пол:
    Женски
    Каде каде е полесна оваа година. Уживам да и бидам мајка. Но интересно ми е колку повеќе ни е исполнето времето сега и колку помалку имам слободно време. Па аналогно сум дури и поуморна. Но ова е оној пријатен умор кој те тера да спиеш спокојно, а имаш сила дури и да читаш книга или гледаш филм пред спиење.
    Пред 1 г немаше шанси да се нафатам да читам, да месам, да правам торти, а сега заедно правиме се она во што уживам. И едвај го чекам мигот да разбира се и да си правиме муабет.
    И да мајчинството не е лесно воопшто, но е најубавото нешто што ми се случило и дефинитивно сакам пак. Тоа го кажувам на сите идни мајки. Да нема спиење, јадење на раат и излежување, но ми фали секој поминат миг со неа и едвај чекам да видам што ни носи утре. Како ќе изгледа, што ново ќе знае. Тоа е многу возбудливо и ме прави среќна да видам како расти. Зар има нешто поубаво од тоа!?
     
    На thinkerbell, paleska3, hello-kitty.90 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.038
    Пол:
    Женски
    И јас потврдувам дека оваа година има простор за некој филм, книга, љубов и по некое литро вино на ден. Веројатно се прилагодивме на темпото би рекла.
    Она лани што беше бе со доењето...да не отворам уста ќе се изнервирам пак:D
     
    На Nina 2014, thinkerbell, paleska3 и 9 други им се допаѓа ова.
  8. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.392
    Пол:
    Женски
    За да му се даде на детето шанса да се справи со своите фрустрации. За да му се помогне да сфати дека е одделено од другите луѓе и светот односно дека она што тоа го има на ум, некогаш нема да се совпадне со она што го мислат другите луѓе. При тоа дечињата користат некои стратегии (некои родители употребуваат збор манипулации што ме нервира ваквата употреба ) за да добијат нешто. На пример, те мразам, или, ти си најлоша мајка. Може да му се покаже емпатија на пример "знам дека денес ја сакаш жолтата чаша ама денес е во машина за миење". Или да се направи " илузија" дека детето има избор. На пр "денес ја сакаш црвената или жолтата'. Ако не прифаќа ни еден избор, му кажуваш дека ти ќе го направиш изборот за него. Ако трчаме во кујна да ја смениме чашата му даваме лажно очекување дека може секогаш да добива се што ќе посака со викање и лутење, и правиме да му е потешко да стане пофлексибилно. Со тоа што нема да станеме да ја смениме чашата му покажуваме дека викање и лутење не е правилниот избор да се добие нешто и го учиме како да го извлече најдоброто од ситуацијата (на пример да се задоволи и со чашата која сме ја донеле и да сфати дека водата е иста во било која чаша, односно само ќе увиди дека не е толку страшно како што му изгледало на почеток)
     
    На Coco31, hello-kitty.90, Spidy и 4 други им се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.262
    Допаѓања:
    67.822
    Пол:
    Женски
    И мислев дека е вакво нешто. Ама работата е што ние не мора да фабрикуваме вакви ситуации, секако се случуваат. На пример сакало јаболко, ама во моментот нема. Тоа е реална ситуација. И децата сфаќаат вакви работи. Жолтата чаша може да се измие и да му се даде, ама можеби продавниците се затворени и нема од каде да се купи баш тогаш јаболко. Затоа нема ништо лошо во тоа нешто кога може да се овоможи да се овозможи, се прави разлика за нешто кога навистина нема и не може. Тоа и кога ќе пораснат и разбираат повеќе баш се гледа. На пример јас на ќерка ми сега и кажувам дека немаме пари да купиме таква и таква играчка, она сосема го разбира тоа и не ни бара. Ова веќе навлегува и во искреноста, испаѓа дека ги лажеме само демек да научат како да се справат со емоциите. Нема потреба од такво нешто, затоа уште и пред некој пост реков, бирајте ги битките, не произведувајте вакви вештачки.
     
    На Coco31, hello-kitty.90, AlicaInWonderland и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.392
    Пол:
    Женски
    Не знам дали нагласив. Ова е во ситуации кога детето вика и се лути со самото тоа што сме му однеле "погрешна" чаша. И дека нема потреба да се мие чашата бидејќи на детето му се дава погрешен впечаток дека ќе направиме се доколку се разлути. Дека мора да научи да се носи со фрустрацијата на поинаков начин.
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.262
    Допаѓања:
    67.822
    Пол:
    Женски
    Те разбрав јас. Ама детето ќе научи да се носи со фрустрациите од реални ситуации. А чашата секако само ќе може да си ја измие и да си ја земе кога ќе биде доволно големо да го направи тоа, пак ќе може да си пие во омилената чаша без наша помош. Не знам дали ти мене ме разбираш што сакам да кажам. :)
     
    На AlicaInWonderland му/ѝ се допаѓа ова.
  12. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.038
    Пол:
    Женски
    Јас идам на принцип на рутина налик тренинг на куче бидејќи степенот на развој е ист. Кога си идеме од надвор чевлите ги соблекува на врата, шушкавецот од себе исто, потоа за рака ја носам во тоалет да измие раце и на крај ја пуштам да оди слободна е. Иако почнува да плаче и се противи упте од врата некогаш од умор никогаш не менувам рутина. Така има да биде бидејќи тоа е редот. Исто е со заби миење, пресоблекување, дување нос, давање на шише во рака (сега го дава во рака), распоред на оброци во саатница итн. Верувам дека секојдневната рутина е добра ствар и така ќе продолжам. Кога ќе почне да сфаќа ќе ги средува играчките, ќе ја остава нечистата облека во корпа и ќе го средува креветот задолжително после будење. Со тек на време ќе и стане рутина и нема да се противи, а е за нејзино добро.
     
    На babydust, PrettyG, Coco31 и 9 други им се допаѓа ова.
  13. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.880
    Допаѓања:
    18.758
    Пол:
    Женски
    Иако син ми е помал и не сум за оваа тема, ке се надоврзам дека ова важи и за седење во свое седиште во автомобил.
    Нема сака не сака, мора да седи бо негово седиште врзан и крај. За негово добро. Било за 3 минути или за 2 часа, нема попуштање.
     
    На hello-kitty.90, lackygirl, Spidy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.262
    Допаѓања:
    67.822
    Пол:
    Женски
    На децата и те како им е потребна рутина за да знаат што да очекуваат. Наоѓаат сигурност во рутина. И јас не прекршувам рутина за ништо. Си заспива накај осум од бебе уште и тоа не и е сменето. Ако закаснам со почнување на рутината за легнување и се премори толку е, потоа е плачење за се. Со преуморно дете нема разбирање, апсолутно. Потоа и заспивањето е многу помачно. И ние ако се премориме ни е потешко да заспиеме, се врткаме додека не успееме да ги стивнеме мислите, исто и децата. И за јадење е исто, кога беше помала и не можеше да каже дека е гладна, леле мори мајко. Сега е друго веќе, си знае кога и се јаде, ми вика кенкава сум зашто сум гладна.:rofl: и тантрумите најчесто се случуваат кога се гладни или ненаспани, емоциите им се тогаш пута десет, а не знаат да се справат со нив.
    Кога е нешто за безбедност тогаш нема збор. Се гледа само да се олесни ситуацијата и да се намали плачењето. Се збори, се пее, се глупира, било што, додека не разбираат нели. Ама за безбедност едноставно се мора што се мора.
     
    На happygirl, hello-kitty.90, Spidy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.199
    Допаѓања:
    24.610
    Пол:
    Женски
    И во хранилка :D нема отстапување, се јади во хранилка, нема одење по него со тањирче :smirk:
     
    Последна измена: 1 мај 2020
    На babydust, happygirl, Spidy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Јас не ја ставам секогаш во хранилка и дозволувам сама да избере работи, не го гледам тоа како попуштање. Според мене детето не треба да го учиме како кучето по наредби. Треба да е слободно да избере, ништо не терам со сила. Едино седиште во кола, тоа е друго.
     
    На Milaаа991 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. mamaJana

    mamaJana Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    1.481
    Допаѓања:
    7.267
    Пол:
    Женски
    Јас немам проблем во друг дел освен во нејадењето. Мое бебе спие, си игра, разбира, се гали.
    Воопшто не се доживувам како мајка која неможе да се справи со обврските околу детето. Загрижена сум како ова дете функционира со толку мал внес на храна. Јас несакам детето да ми се прејадува, ниту да биде дебело, сакам нормално да јаде 3 оброци.
    Не сметам дека е погрешно нудењето на втора опција но не сметам ни дека е правилно разгалување со се што ќе посака.
    Во однос на коментари да почекаме следно шо ќе прават децава искрено и јас тој коментар го доживувам негативно, не разбирам како некој може растењето на детето да си го доживува како омг што ќе направи сега.. Децата растат, растеме и ние со нив како родители.
    Имам пријателка што откако се породи за детето зборува како за најголемиот терет во животот, се ежам кога ја слушам како може така да го чувствува своето дете.
    Ви пишав како на пријателки, за утеха, со желба да слушнам дека не е толку трагично што не јаде.
    Тоа што ја плеснав по рака не го сметам за толку трагично. Не сметам дека треба да расте со страв дека мама се налутила, ама трпението после 2 тањири лупнати на земја и кај најмајчичката ќе пукне.

    Бтв и денеска е иста катастрофа, од сабајле 5 лажички јогурт со лепче, ја чекам да стане па ќе ја частам со хипп каша да видиме како ќе поминеме..
     
    На Lolipop23, paleska3, happygirl и 6 други им се допаѓа ова.
  18. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.880
    Допаѓања:
    18.758
    Пол:
    Женски
    Јас дигнав раце од јадење во хранилка. Имав замисла дека мора да јаде во хранилка, пробав ама си седеше гладен. Сега јаде додека јас го држам. Хранилката ја користи за седење, си игра во неа додека јас готвам или мијам садови.
    Познавам родители кои детето не го ставаат во седиште ако е кратка релацијата. Сега не сака никако да седи.
     
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.262
    Допаѓања:
    67.822
    Пол:
    Женски
    Верувам на никој не му е тоа целта при целава дискусија. Плус, на сите ни се различни децата, не пали кај сите истото и по целото читање треба да видиме што најмногу ќе успее и ќе му користи на нашето дете. Со читање на искуства, собирање на информации и потпирајќи се на нашиот инстинкт, на нашето познавање на сопственото дете можеме многу подобро да реагираме. Родителството се учи. :)
     
    На happygirl, mamaJana и Milaаа991 им се допаѓа ова.
  20. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.038
    Пол:
    Женски
    Не гледам што има да избере помеѓу миење раце после искачање или миење раце, миење заби или миење заби?:) Некои работи не дозволуваат избор затоа нема избор. Има да мие раце и заби сакала или не.
     
    На Mantub и Spidy им се допаѓа ова.