Јас до 3 месеца бебињата ги викам паразити, не дека не ми се мили, ама и како мајка кога никаков фидбек немаш, нема ни поглед ни насмевка, ништо да те мотивира на тоа неспиење. Друго е кога ќе ти се насмее на 3-4 месеца, кога ќе те гушне и ќе си заспие на 6-7, кога ќе ти рече мама така со милост на една година... колку се поголеми, толку повеќе те мотивираат, иако и повеќе те нервираат До 3 месеца бебето е паразит, а мама е зомби. Не може никој да ми рече дека не е така. Тоа не значи дека се жалам, или плашам некој што нема деца. Таа е реалноста. Па и ниедна врска не е идеална, и со мажот ќе се скараш, и мајка ти ќе те изнервира. Зошто со детето се би било розово? Нормално е да ти пукне филм зошто 3 пати ти ја мава чинијата од земја, и нормално е да ја научам да не го прави тоа. Сигурно нема да и речам браво дека скршила нешто, ме искубала или слично. Се си има последици. Кога учеше да оди, викав браво, и помагав, сите се радувавме, и она се мотивира повеќе да се труди додека не ја совлада таа вештина. Кога го скубеше кучето, и ја тргав раката, ја карав и и покажував како убаво да го гали. И додека не научи убаво да се однесува со него, не и дозволував да му се доближува, колку и да плаче и вика. За мене ова е просто. Награда за убаво однесување, игнорирање или казна за лошото. Исто како со куче. Дури не научи да збори побеќе од ова не ни може.
Јас лично ова никогаш не сум го практикувала. Мене ова ми е рамно на кога правиш нешто што не треба не те сакам и те игнорирам, а кога правиш нешто добро тогаш го имаш целото мое внимание и те сакам. Базичниот концепт на ова ми е токму тоа, го наградуваш детето со твоето внимание, нешто што никогаш не би го направила. Мојата љубов и внимание не зависат од нејзиното добро или лошо однесување. Тие ги има секогаш.
Го сфаќам тоа, ама на оваа возраст каде тоа немам како да и го објаснам, игнорирањето е најдобрата корекција за лошо однесување. Алтернативно ако она ме скубне треба и јас нејзе да ја скубнам. Како поинаку ќе и докажам дека тоа што го прави не е добро? Ако ја залажам со некоја друга активност, тоа само и го менува фокусот, не ја учи дека кубење не е добро да се прави.
Само велење не и тргнување на раката, толку е доволно. Сега уште нема капацитет да сфати зошто не е добро, а и игнорирањето не и кажува зашто не е добро, едноставно гледа дека ја игнорираш. И на долгорочен план ништо добро не носи, зашто нема секогаш да биде зависна од твоето игнорирање или неигнорирање.
Жал ми е ама нема оправдување за удари на дете. Ако ние го изгубиме нашето трпение ние сме криви, не детето. Ако ние не можеме да се справиме со некоја ситуација, не може да ја бараме вината во детето дека "не изнервирало". Не е во ред да се утешуваме дека за таа конкретна ситуација, секоја мајка исто би постапила, затоа што не, има такви кои не би изгубиле трпение воопшто. Апсолутно се трагични сите удари. За ова зборував во првиот мој коментар. Премногу се редат во фокус мајките како нив им е претешко. А нашето негативно однесување кон децата па и плескање, си го оправдуваме со тоа дека тешко е мајчинството. И на децата им е претешко кога сакаат нешто, а не можат да се изразат, ама тие немаат сила да не плеснат.
@mamaJana еве го и моето ич не јаде. Јаде само еден оброк на ден,останатите 2 ги пробува,неколку лажички и ги заменува со цицање. Јаде само палента со јогурт (направена од 1 лажица палента) некогаш и не ја дојадува,супа една црпка со пола кришка леб надробено,ориз една лажица со јогурт и монте пудинг, и од останатите јадење правени за нас по 2,3 лажички. Тост или малку пица може да грицне. Шпагети со болоњезе сос.И смоки со јогурт. Тоа е неговото мени. Вода пие по неколку голтки,сокови,компоти не сака. Ми се смачи и на мене,ама тоа е. Нудам,нудам,правам,фрлам,јас јадам,ама не успева ништо. Ниту пак спие,скоро 16 месеци. Се тешам дека цица,па сигурно се заситува,ама не е работата само на млеко да е. Треба и овошје,и зеленчук,и месо повеќе.... Со нервирање ништо не постигнуваш. Ако е гладна,сигурно дека ќе бара да јаде,штом не бара значи дека не е и тоа што го внесува е доволно. Консултирај се со педијатар па давај и некое сирупче за апетит,со витамини. Не има повеќе мајки на кои децата не им јадат,па теши се дека не си сама. Твоево мислам дека е во 10 скок,па затоа е и такво,деветиов беше страшен,десетиов како последен верувам и дека е најтежок. И не е ова нејадење како Спиди што опиша,нашите буквално не јадат,барем моето,еднаш нема изедено три оброка,а да не зборувам па и за ужини Можеби @Milaаа991 нашите ќе пројадат кога ќе завршиме со цицање,ама страв ми е да пробам. Немој да остане нејадач,па и без млеко,или пак да бара млеко па да морам да му давам ад или кравјо. Се надевам дека ќе се подобри,мора да се подобри.
јас имам проблем 15 месеци е уште блендирано јаде парчиња никако не отвара уста ни кифличка ни леб ништо не сака да фаќа со раце... само што ни заврши 9 скок дента почна да не сака да спие денски се мава и се грла со глава назад дали и кај вас е така незнам џа еден ден се смена детето...
Искрено имало денови кога не сака да мие заби, што да направам? Со сила ли да и ги четкам? Утре дента е како ништо да не било и сака да ги четка. Пример и за хранилката една ден сака, една ден неќе да ја смисли. За раце писка само кога ќе ја тргнам веќе од водата. Не во смисла да избере што сака, туку во овој случај да избере дали сака или не.
Јас пробувам секако додека не сака. Кога беше помала не правеше проблем, отвораше уста и толку. Потоа и ја давав четката, јас четкав, она со нејзината, па потоа јас убаво и ги дочеткувам, не се буни, еве и сега е така. За миење раце едноставно мора, имавме период не сакала да се мокри, па косата да не и се намокрела, па... Не ја земам на сила да пишти и вришти, ама рацете мора да се измијат. И кажувам, за пет минути миеме раце, објаснувам дека нема исклучок, за здравје мора. За здравје ни е дома правило, уште од пред да прооди и го зборувам. И кажувам дека и јас нешто не сакам, ама ете мора. Инаку од валкани раце ќе се разболеме. Сега веќе разбира, порано го правев тоа со две-три минути додека да се помири дека мора. После тоа немаше плачки.
За раци конкретно плаче од кога ќе ја тргнам од чешма. Сега последните неколку недели плаче и кога ја бањам. За забите сега скоро почна да прави проблем абе плаче како да ја колиш и сака само сама да ги четка, не е воопшто ефективно така. Сега забележувам и знае да ми одбие храна, а од кога ќе а оставам оде и сама го јаде, со шлапање по земја и на неа ама битно јаде.
Некои работи за мене не се опционални. Заби се мијат сакала или не, се јаде во хранилка или нема да јаде ич (и плус истото пак ќе го добие за 2 саата), пижами или јакна се облекуваат кога ќе дојде ред сакала или не, се вози во седиште сакала или не (дури и сега кога почна да повраќа на возење не ја вадам, само седам позади со неа). Избор може да дадам дали сака лажица или вилушка, црвена или зелена чаша, од две овошја да избере едно, здравје натаму што сака да си облече, такви работи. Се што се однесува на ред или домашни правила или културно однесување, за тоа компромис нема. И секако за безбедност, на пример секаде смее низ дома да фаќа, печката и рерната не смее да ги пипа ни исклучени кога се. Конечно сме во фаза каде разбираат што зборуваме (во смисла ова може, ова не смее) иако не знаат да зборуваат, и сметам дека сега е времето каде се поставуваат основите на добро однесување. Не би чекала да разбира повеќе пред да почнам со некој тип на дисциплина, исто како што не чекав да наполни 6 месеца за да фаќаме ред со спиење. И колку порано се почне, толку подобро. На пример, од прв ден од болница спие во креветче, и затоа сега сама влегува таму за спиење. За нејзе не постои опцијата да спие во раце или со мене во кревет.
Неможев да дочитам мнг страници сте изнапишале од вчера навака,али супер теми и размислувања Дефинитивно ми е боље оваа година!! А и откако прооде сум посреќна од било кога и ми е мн, мн полесно,иако мнг членки ми пишаа дeка ќе биде потешко треба дa трчам по неа и сл. Не напротив уживам,знаев дека ќе биде подобро Читав негде незнам колку е точно,дека децата што ќе проодат малку покасно се многу постабилни демек Дали е точно или пак дека е страшливка мојава незнам ама мнг е внимателна и кога оди и кога трча како да се пази сама мајка ми вика не е ќерка ти ко тебе,ти откако прооде па до голема се крв ти беа колениците хахаха
Уште на почеток се истакнуваше од групата од овие работи. Некако како за се да си имаше фатено ред. Додека ние и за доење и за спиење и за се се испожаливме. Јас ти се дивам како го правиш сето тоа, бидејќи јас неможам. Јас и да спие во креветче ја зимам со мене. Не е дека нема ред, си легнува рано, има активности ама никогаш не сум гледала вака на работите дека треба да растат по некоја листа (така да ја наречам) И во суштина што е правото, ете ако има нешто докажано некој нека каже. Многу интересна тема
Не сакам да тврдам дека моево е правилно, ниту дека сите треба да го прават. Лично не сум емотивец, и ако верувам дека тоа што го правам е за доброто на моето дете, па и на целото семејство, немам проблем да бидам построга или да ја оставам малава да поплаче. Во книгата за тренинг за спиење пишува "They are safe, they are loved and they can learn to do this" и ова ми стана мото. Се додека го правам тоа што е најдобро за неа, ја чувам да биде безбедна и да знае како да се чува, и нашредува во секое поле на кое ќе се посветам, тоа ми дава мотив повеќе да се трудам. И јас сум плачела зошто не знам како да и помогнам дека плаче, зошто готвам цел саат за да ми го фрла по земја, зошто не можам до веце да одам без неа, сите работи со кои сите ние се мачиме. И тоа е нормално. Затоа има милион други убави работи кои ти даваат сила да продолжиш со денот. И еден ден ќе бидат големи, нема да не фермаат 2 посто, и ќе си речеме ај да се вратиме кога имаа 6 месеца и го поминуваа цел ден во моите раце...
Уф, сме дошле до моментот каде почнуваме да оформуваме една личност. Од нас зависи сега во каква личност ќе се претворат овие мали човечиња. Кај ни се бебињата? до една година е физички потешко, ама сега психолошки е моментот. Во секоја ситуација треба да бидеме со ладна глава и осмислено да реагираме и да воспитуваме. Јас немам некои цврсти ставови по ова прашање. Се водам по малиот. А среќа и тој сега за сега нема некои конкретни барања и да тера инат. Ако му речам ајде да спиеме, ме гушка да спиеме. Ако речам раце да миеме или заби се паркира пред врата од вц. Не сме имале ситуации каде подлабоко сум размислувала: и што сега? Обично му дозволувам кога сака нешто, бидејќи и тој скоро секогаш ме слуша. Скоро секогаш јаде во хранилка, но ако има ден коа несака, го оставам во фотеља и ќе јаде таму. Не да трча лево десно. Ако сака сам да јаде, го оставам сам нека јаде. Ќе зачистам после. Ако сака да се бања, а јас не сум планирала тогаш сепак ќе го избањам. Не гледам проблем во вакви ситуации. Исто не гледам проблем ако сака да пие од чашата со сламка, наместо магичната која сум му ја дала. Па и јас како возрасна си имам шоља од која сакам да пијам кафе, шоља за јогурт и слично. Некој ден сакам помала шоља за кафе, утре сакам поголема....и не гледам зошто на малиот би му терала инат за која чаша ја сака. За некои работи кога нешто стварно неможе му објаснувам и му зборувам (колку разбира толку, од ден на ден ќе разбере повеќе) и ќе сфати дека тоа неможе. Како на пример да не излегува на улица. Нема со се и сешто да го учам дека неможело по негово да биде. Со него пристапувам скроз смирено за се и имам среќа што не е проблематичен, сепак и многу зависи од детето каков пристап ќе имаме. Нашиот однос мора да се прилагодува кон нив. Нема кај сите да упали една иста работа Имам некои пријателки, секој 2ор збор кон детето им е “не”. Со ова не се согласувам. Сакаат ептен да воспостават ред. Сепак деца се.... Не скокај во вирчиња, не седи во песок, не се качувај на скали, не бркај во фонтана, симни се од стол, не факај ваму, не фаќај таму....мене ова што го слушам ме изморува. Баш како што кажавте, забораваат дека се деца. Неможе да ги седнеме во едно место и да дремат, а ние да пиеме кафе. Јас овие работи ги дозволувам, не ми е тешко да станам да го пазам за да се качи по скали, не ми е тешко да го пресоблечам бидејќи се измокрил.... “Не” го користам ептен коа морам, како за седење во седиште, излегување на улица, фаќање на печка...такви работи за заштита. Не сакам да го изгубам значењето на зборот. Они пак пд друга страна мене знаат да ми речат дека сум имала јаки нерви и детето ќе сум го направила лигаво Значи, секој со своето Всушност, сите ве читам и со сите се согласувам. Сите сте во право секој си го наоѓа својот начин Инаку да, ептен интересна тема. Тешко да најдеме нзс, ама многу е убаво коа се читаат различни мислења
Јас имав 2 примери од родители кои одеа во крајност и и двата ги доживувам крајно негативни. Едните се пар што нивното дете може да се качува на трпезариска маса и да скока од неа а тие двајца да разговараат најнормално. Според нив доколку детето е спречено да направи нешто што наумило тогаш тоа станува затворено и неможе да си креира свој личен карактер. Другите пак се родители на кои детето не смее со прст да мрдне, на 2 години детето не смее да се извалка, да игра со топка дома, да слуша повеќе од 3 песнички на тв.. Умереност никаде, а само тоа го сметам за правилно во секој аспект од животот. Јас сум голем емотивец, исто и мм и нормално и детето да ми е такво. Сака да сме двајцата нон стоп покрај неа, може дополнително допринесов за ова со работата по 10 ч дневно.. За мене најболна точка во родителството. Спие во креветче, многу ретко кога е ептен вознемирена ја земам до мене, ја призаспивам и ја враќам. Од пред да наполни Годинка оди, многу ми е полесно од предходно, се заигрува. Миеме заби и лице наутро и навечер со мене или мм заедно пред огледало, така и е интересно, инаку не дава да и ги измиеме горните забчиња. Ја прашувам дали е какана, не вика ништо одма носи пелена и легнува илиии ако е многу заиграна се фаќа за пелена и бега, вика на цел глас Нееее Многу сака музика, кога бев бремена мм нон стоп свиреше на гитара навечер, тоа ни е останата навика од студенски денови па си направивме филм дека бебе мрда кога тој ќе почне да свири. Сега оди и чука на гитарата и вика по него да свиреле, зема става околу врат тапанче и мава и игра како излезена од некое племе Темпераментна е, едвај чека да направи некоја беља ама искрено ништо не ме лути ниту нервира. Единствено тежина ми беше јадењето, затоа и се пожалив..
@mamaJana се согласувам со напишаното, некоја средина да има, да не се крајности. И некој друг пиша погоре, се согласувам со сите секоја мајка си знае најдобро за нејзиното дете, нема лоша мајка никој не осудувам ниту па пробувам да наметнам мое мислење на некој. Во кола скоро секогаш е во седиште, за 2 мин до кај мајка ми в раце го држам (не возам). Во хранилка за јадење секогаш, без исклучок освен ако не сме дома. Сам јади тоа што можи в раце да држи, не форсирам. Со прибор се снаоѓа добро, ама и за тоа не форсирам. Вода од шише пие, немам магична чаша, решив дирекно на обична да одиме, знае да пие ама јас да му ја држам чашата иначе во врат ќе оди се. Надвор во двор дозволувам скоро се, се додека не е опасно за него. Нека се извалка малку Проблем за заби миење, не сака јас да го мијам, сака со мојата четка, тука малку забушаваме двајцата, но работиме на случајот Раце и лице миење обавезно ко ќе влезиме дома, тука не се буни, научен е. Дефф полесна е вторава година од првата, што вели @FreeMind што беше тоа со доењето Бре 24/7 на цицка закачен сега се си разбира, што се вели муабет си праиме За крај жалење малку, не спие ноќе, станува на секои 1,2 часа, тоа е малку неподносливо, ама па и навика, тешко ми е, напорно на работа ама еве пак успевам се пробавме неколку техники, ама џабе е, се си мислам дека е од забите, или па таков си е, имам една пријателка, исто е и нејзиното дете на иста возраст, ете тоа беше на АД и пак исто (дека велат дека цицал не спиел, ова за периодот дури цицаше) еве не цица 3 месеци па полошо е аман веќе 3киве 3 месеци се направија од ко почнаа да се познаваат и уште не се пробиени