Да си ја споделам маката вторникот до четврток бев на семинар и малата остана со татко и. Првиот ден и ноќ одлично поминале но втората ноќ качила Т 37.5. Се вратив јас и после 5-6 часа и се намали Т и фала богу веќе не и се качи. Но одрогаш па навака не јаде ништо. Си јадеше по 4 оброци по 150-180 грама. А сега 4-5 дена има 2 оброци по 30-40 грама. Млеко пиеше по 500-600 мл, сега пие само преку ноќ. И тоа ми го одбива. Пие само чај. И спремам секакви комбинации, блендорано, пасирано, непасирано. Се завршува во канта за ѓубре. И до денес си беше расположена не покажува знаци на глад. Но денес збесна. Плачеше цело сабајле. Сега спие. Си плачам и јас од мака што не јаде ништо 2 дена одкако се вратив од обука се лигавеше мн, но исто и плукаше многу. Морав лигавче да и ставам. Денес не се лигави. Забите и ги проверувам, тројките и се малку како набубрени. Но не се разбирам многу и не знам дали цела оваа мака е од заби, од тоа што ја оставив 3 дена. Или пак детето стана нејадач преку ноќ утешете ме и кажете ми дека наскоро ќе помине...
Мајки ве молам ако има некоја вечерва на форумов да ми каже каков сируп против кашлица да земеме за година и пол дете? Морам да го пратам маж ми во дежурна аптека, детево не се смирува, постојано кашла, за заспивање да не правам муабет! Да напоменам дека сме на антибиотик за воспалено грло и уво, но сируп не ни дадоа.
Еднаш имам давамо само сируп, Боквица. Кај нејзе се покажа ефикасен, вториот ден се смири, за 4 дена ништо да нема. На природна база е ама не знам дали е истата кашлица. 2 пати по 5мл
@Kitten ние пиевме Мукоплант ноќен, еве овој http://natusana.mk/natusana-proizvodi/dr-theiss/mucoplant/mucoplant-sirup/ Прочитај за што е, може ќе ви помогне
Киттен напари го купатилото и влези со неа ке се смири.Или кај што спие стави теџере да врие тивко вода.Внимавај со овие сирупи може да ја изиритираат да кашла повеке особено ако е со шлајм.Мене во систина ме искараа за мукоплант дека бил мн лош сируп и сум згрешила со него.Го лепел шлајмот на плуча.
@irenna @joy1 фала на одговорите. Овој маж ми дур се свртам излетал низ дома Му дале Хербион, си пишува во упатството по 2.5мл за деца од 1-4 год. И дадов па се надевам ќе се смири до вторник кога сме на контрола, а во меѓувреме ќе пробам и со пареата, мада освен да ставам на парно вода немам друга опција. Џој како оставаш преку цела ноќ тенџере да врие?
Во соба имам решо-едно тркало.Го полнам тенџерето со вода и уклучам на најјако.Штом ке зоврие намалувам на 2-3 и тивко испушта пареа долго. Кај нас мм седи буден до 3-4 наутро и при вакви вонредни ситуации го пази да не снема вода. А и немора цела ноќ.Доволно е да се навлажни воздухот за да се смири иритацијата на грлото
Немам решо, но зоврев вода во едно тенџере и го ставив во соба колку толку да навлажни воздух, таман и парното е слабо вечерва. Но дефинитивно ако не најдам од садот што се закачува за парно ќе морам да купам некој навлажнувач зашто парново наше пука преку ноќ цела зима
mojot e star 15meseci i mleko pie samo preku nokta okolu 300ml i toa e se preku denot mleko ne saka ama mu davam po dva mlecni obroci pa mislam deka e dovolno
majki ve molam sovet.Uste nemame dve godini zabelezav od pred nekolku dena na sin mi oceto edno kako da mu zabeguva.Ve molam dali se raboti za strabizam dali moze da se oporavi dali ke ima nekoj efekt da go nosam na ocno bidejki e mal i wve jas doma probuvam da mu napravam nekoja vezba da vidam sto kako ama be gleda na primer tamu kade sto jas mu pokazuvam.Ve molam so iskustvo bez pisete mi vo panika sum.
@kostadinka24 немам искуство со страбизам кај деца, ама колку што знам кај мали деца полесно се корегира, се прават вежби. Ако педијатар до сега не приметил дека му бега окцето тогаш веројатно се работи за многу мало нешто што само ти го приметуваш. Нека го види педијатар, може ништо не е.
Мајки мојата е скоро 17 месеци и уште спие без перница. Неколку пати сум и ставила ниско перниче ама не го сака, не може убаво да се врти. Знам дека до годината пожелно е да спијат без перниче ама што после година...?
majki godinka i dve nedeli sme,sakam da prasam,kolku leb davate na vasite deca? 1.sin mi stom ke vidi leb,zbesnuva,mn saka da jade,jas mu dava ama po malkucka. 2.i uste nesto dali 100g nesolena urda e mnogu da ja izede naednas? mu kupuvam sekoj den sveza nesolena po 100g i si gi jade 3. kako se spravuvate koga deteto bara postojano da jade? znaci si ima 3 glavni obroka,i tri uzinki i cica,koga i kolku saka i se mi bara da jade .. ahaha buce mamino,se prejaduva ,meseto mu se pravi tapance i jas mu zabranuvam,ili ke mu dadam epten malku kolku da mu odzemam mnimani ama toj se si pokazuva nakaj kujnata i si vika mama mam mam i odi vadi lebot i pocnuva da jade mislis gladen e a sekoj obrok mu e okolu 150-200 g plus uzinkite i sokce ednas na den
Ќерка ми е 23 месеци и уште спие без перница. 1. Има денови кога јаде по една кришка, некогаш по две, а има и некогаш по цела недела кога не јаде леб. Сега фаворит и е ѓрврече. И правам дома и по едно цело за вечера јаде. 2. Не е многу ако не јаде плус сирење и кашкавал. 3. Остави го детето да јаде колку сака ( благо, смоки, соленки, кроасани и слични уништувачи на организамот не! ) и не му крати. Ќе ги бараш овие денови, од искуство. Сега се молиме за да јаде.
Кажете ми мајки, дали некоја има искуство со лош здив на детето? Пред неколку недели син ми беше болен и почна да му мириса здивот лошо. Мислев е од шлајм. Вирусот помина, ама здивот остана. Редовно миеме заби, немаме многу запчиња и не гледам индикации за расипан заб (не ни јаде благо, не пие ни сокови). Денеска ја прашав докторката за ова и ми рече да почекам уште извесно време, ако не се повлече да правиме брисеви.
Или заб или бактерија. Може да биде и габична инфекција на јазичето. Пробај со Нистатин. Мада во последно време многу мајки се жалат дека Нистатинот предизвикува дијареа.
blagodaram na soveto,inaku kaj nas doma ne postojat gricki,smoki i takvi nezdravi namirnici, ni jas ni mm ne gi konsumirame. inaku ne jade nikakvo sirenje,kaskaval a za pienje mleko pa da ne ni zboruvame
Uste eden problem da pisam.Imame problem so jadenjeto.Imame godina i deset meseci i od jadaci stanavme nejadaci.Mu izleguvaa katnicinja i ottogas ne saka da jade ednistveno nesto sto jade e biskviti so mleko, ovosna domasna kasicka so bilo koe ovosje rucek sme katastrofa ne jadi ni blendirano ni pasirano ni pa dzvaka nekogas ke kasne onaka lebce,kolku da proba od rucekot sto imam napraveno za nas a ako vidi virsli pisti po niv.Zolcka so lazenje vo pavlaka i se na se toa ni e jadenjeto.Navecer jade ili cokolino ili vanilino ili od nestle zitni.Ve molam sovet kako detevo da pocne da mi jade.