Здраво, нова сум на темава, само што наполнија годинка..Ве молам за помош и совет околу бањањето... децава ми се сменија преку ноќ, уживаа дур ги бањам, сега пискотници де една де друга мислиш во котел на оган ги ставаш, рикаат и двете...ај вика може нејкат у корито, ги стаив у кофа не не и не...иначе, по 2,3 пати ги замивам на лавабо во текот на денот за да се чисти и за тоа не се бунат ама бањањево проблем стана, ..
Ако немаш проблем со лавабото, би ти рекла само туширање. Ако стојат, ќе ставиш од тие чергичките што не се лизгаат за во када, ако не стојат има пластични столчиња со вакуум одоздола, не се скапи, јас такво користев. Сега си стои сама, си игра со шампоните, јас си ја мијам.
@AlicaInWonderland фала мила на инфо.си ја купив од Дм Мнг ми се допаѓа,и ќерче ја сака @Spidy кога ја купував чашкава ми текна на тебе,дека сега сигурно некој ќе ми промрче дека плава боја е хахаха Чек чек ми текна сега ќе речат стринки : оваа од што толку сакаше машко да има,сега на ќерка и купува плави чаши и камиони
Хепи хепи брдеј Велком ин де клаб! Ако не сакаат во корито под туш верувам ич. Земи играчки за во вода така некако лажи ги.
Еве скоро во локо кроко ги видов, моето е слично, го најдов на моја гардероба second hand зошто не знаев колку ќе го користам, ама ептен ми се најде, сигурно 6 месеци го користев. Ако најдам и поефтино ќе ти пратам линк.
све е пробано, играчки беа на прво место за пробување... маж ми со туш поминува, јас со мустелата и за сето време еднава се пентари на мене мислиш на карпа се качува и вика, ај шо сум жива вода, нека сум ама веќе хорор ми се сцените, како мачки кога бањаш Капак на тоа, дур бањаш една која урла, другата си урла пошо се занимаваме со првава а не со неа...абе шо да ви кажам, "весело "ни е .. викате фаза е а? Фри фала срц, тодлерчиња си имам веќе .. добро ве најдов, се прибираме полека...и среќана ќе стигне кај и да е
Среќен нека е роденденот на малите И ние ја имаме таа 'фаза', а е 1г и 3м Јас ја бањам директно под туш, а она дреме уплашено и НЕ ДАЈ БОЖЕ капка да и падне во окото. Тука завршува бањањето со вриштење Ако знае некој нека каже и јас сакам начин
Не ти е лесно...не сум ја имала јас фазава со бањање досега пу пу таму не правела проблем. Вакво седиште имам како на спиди еднаш само седеше во када не ни беше згодно и толку. Сега пластично столче ќе земам за под туш обично. Од кога го усоврши одењето од вчера многу на “мисловни” играчки се сврти. Во ставив на стори не знам колку време ги редеше и вадеше. Тие на шест месеци ги искупивме враќајте ги во погон
Баш сега ти го гледав сторито. Истата играчка ја имаме и ние. Ја купивме пред два месеци. На брзина ја реди и растура неколку пати и не ја интересира. Повеќе и е занимливо каков звук на каква подлога ќе направи топчето кога ќе го трасни. па оди го мава од плочки, од паркет, од теписон, од подлога и вика бам. Можеби задоцнив и и е надрасната.
Еве ја уште игра само вечераше измеѓу. @BabyT* ме праша дали по големина ги реди- не го капира тоа. Ги реди како и идат и објаснувам не сфаќа засега.
Ова со плачењето за капење, 2 пати сега последно ни се случува, вчера несакаше воопшто да влези, ги креваше нозете и плачеше ко уплашен, водата е млака несака жешка, одвај го седнавме, јас почнав и така од простум да го потурам, уште го капиме дома во дневна, вода колку сакаш од страна, постиламе старо ќебе на подот, од ко седна па не сакаше да излези незнам што е ова, ама нека помини побрзо. Со четката втор ден без приблем го четкам па уште 5 мин се четкаше сам не ставам паста оти нема да сака, прво вака убаво да се навикни па после ќе пробуваме.
Утешително за судоперот му го земав прееска паметниот таблет и морам да го препорачам бидејки е предобар. Како му се израдува мали,и одма научи му да вика а јас џабе мукам по цел ден,а на мелодиите како денза
Мајки мене ме снемува од време на време. Малиот ми има темп, синока имаше 38.5, нокеска ми спушти и еве од сабајле оди до 39.1 со даден парацетамол во 10.30. Матичната рече ако не спушта да му дадам блокмакс за 4 часа. Пошто нема симптоми на настинка дали може да е од заби, има само кецови извадени на 11 месеци, сега после 6 месеци гледам вади двојки, може и сите наеднаш да му излегуваат. Не знам дали некој имал искуство со вака висока ТТ при вадење заби? позз до сите феминки
Висока е таа температура за заби. Ама при вадење заби им паѓа имунитетот па лесно фаќаат некој вирус. Ако е тоа, поминува за неколку дена, во меѓувреме само парацетамол и блокмакс за да му биде полесно од температурата. И мојата немаше други симптоми освен температурата, три дена беше така повисока (околу 39), а заб извади после скоро месец дена, значи сигурно не беше од заби иако првично и јас мислев дека од тоа и е температурата.