Инста. Разменивме пред некоја страна сега се имаме сите Тројкиве искачаат раката вака во иста и беше од трети месец до шести. Ужас. Нон стоп се лигави и нон стоп и е во уста. И се остало иде во уста. И чорапите. И како да си помогнам, а немам каде да ја оставам кога идам во тоалет? Многу ми е глупо со детево во тоалет, не знам да опишам колку неубаво се чувствувам.
@FreeMind јас ја зимам со мене затоа што може да направи беља во 3 сек. Ама она си чепка во миалнилот, си реде шампони. Не ме шиша
Мојава на два пати кога вадеше 4 заби одеднаш знаеше да крева така т неколку дена. Веројатно од пад на имунитет закачуваат вируси. Инаку немаше др симптоми само денот кога избиваа забите течна и честа столица. Тоа ми е сигурен показател со секој изваден заб има таква столица.
Само многу висока еве 39.9 качи, сега од блокмаксот намалува. Ке го носам и во болница ако не немалува, не ми се оди во ова време ама тоа е а никакви други симптоми нема, нит кашла нит нос нит течна столица, ништо...
Хахаха а тргнав да ти пишам што реквизити чувам во тоалет за малово. И јас ја земам со мене, не дека ќе направи нешто сама во дневна, туку нема осет за личен простор и не и е прифатливо да одам во вц без неа. А и имам читано дека е добро да не гледаат што правиме таму дека полесно прифаќале какање на шоља понатаму, нема да им е така страшно ако гледаат дека и мама истото го прави. Ако сакаш совет, пресрами се
@FreeMind јас во хранилка го врзувам и пуштам цртани коа ќе се загледа нема ни да примети дека ме нема, а и да примети нема каде да оди. Инаку кога јаде не го врзувам, ама вака сам да
Иначе моментално гледаме животни на тв, не цртани него баш снимки од животни, и женскава е фасцинирана. Прво што ќе правам кога ќе почне "нормален живот", ќе ја носам во зоолошка.
И јас и јас Еве овие денови му зборам на маж ми дека сакам да го носиме во Зоолошка во Валенсија. Е до таму ми е паметот веќе Има таму еден Биопарк што сакам да го посетам и би сакала со малиот. Еве некоја од вас ако била може да сподели како би било со дете. Иако кој знае кога ќе дојде ред да можеме да шеткаме без страв Јас се мислам да закажам на ортопед, некако ситуацијава ми се чини под контрола, а кај ортопедот кај што го носам 2-3 недели унапред се закажува па ќе ни се фати крај на мај да идеме. Што мислите? И мојот преглед на гради ми го откажаа ради коронава, треба и со тоа да видам. Вие после доењето поминавте преглед?
39.9 носи го на лекар. @AlicaInWonderland некако баш тогаш е заиграна и да ја прекинувам ќе плаче. Ама ќе пробам и така. Инаку бев и на преглед на гради, направив пап и брис за хпв се е чисто. После доење на три месеци контрола се градите. Ако е се во ред останува еднаш годишно пап и ехо на гради до 40та таму. Потоа е пап и мамографија. Валенсија сум била, али во паркот не сум била. Претпоставувам ќе му се допадне на малиот. Јас лично не одам во зоолошки и сум голем противник на тој концепт, но оние во природен хабитат како Валенсија ми се во ред. Има кај нас во близина со мајмуни парк чекам да го отворат да ја носиме пак. Си има безбедносни мерки кои треба да се почитуваат на такви места и треба детето да не ти плаче за да не ги вознемирува животните. Ако ти заплаче...ќе го јадеш од некој мајмун Туку мислам дека идеална возраст за тоа би била околу 6/7 години. Јас пак не можам да дочекам за водени паркови да порасне.
Кумо јас вас на сафари ве замислив. Со џип со шешир со крем фактор со се... И со апаратот на врат штракаш по жирафи и лавици Ме секира мали со неОдењево. Само за две раце ако го држам лета на прсти,пуштам една рака одма плачи и седнува. Не паднал за да биде уплашен. Оди фатен на гарнотура ја шета се на прсти, може балетан ке го биде кој знае. Ама никако не стапнува на цело стапало. И само да брза. Ептен е темпетаментен. Еве ближиме 13 месеци може си е се таман,но оддамна се проодени стабилно останативе што знам... Бос и по чорапи го држам не му ставам патики ни топлинки дома . Ај може ке му текне да стапне на цело стапало. Иначе љубител е на животни,со тоа паметниот таблет играчката само мукаме дома. А интересното е што ако прашам како прави кравата ми кажува Бууу, а и колата прави Бууу и се ама буквално се што ке фати во рака со лазење го вози и вика Бууу. Така да му и бу е исто кај нас
И мојата за крава вика Буу Инаку за одење ич не се секирај, дур се свестиш ќе тргне . Мојата уште оди на прсти, уствари трче незнам како и е згодно си мислам затоа не е многу смасна. Нема ден да не падне
И мојава вика буу за крава. Ем и во живо има видено крави. Јас упорно ја корегирам муу, она буу. Така им се слуша изглда
Хепи и мојот не оди уште ,13 месеци е веќе. Исто стои на прсти, едино ако се умори па да застане на цело стопало но претежно е на прсти. Кружи околу маса,софа ,комода и како брзо лази,ако го збркнам му се плеткаат нозите од што брзо бега да не го фатам Инаку му стигнаа патичињата најк,премеки се ама јаден он незнае и да лази со нив не па да оди ,му се плеткаат нози. Мислам дека ќе му омалат додека да преоди, јас па и 19ка порачавништо ќе ги мењам за бројче поголемо таман за на лето. Така е кога првпат купувам на невидено и непробано, со метро мерено.
Ај здраво @Happyinlove иста бев и јас ваква за неодењето на синко. И на 15 полни месеци прооди, како цел живот да одел. Сега е скоро 17м, трча и доста е стабилен Не му се секирај, сам ќе си осети кога ќе е спремен да се пушти. И јас се мислам да закажам на ортопед. Пробав прв пат вечерва да му дадам кравјо млеко, да пие од шише и нема шанси. Мислам дека нема да прифати млеко после одбивањето од доење. А не ми е јасно зошто, кога млеко и бисквити јаде без проблем на пример. Како да го убедам да пие млеко? Има ли начин?
Јас не најдов. Додуше и не бев упорна. Јаде за вечера со млеко и мојава. Од шише ќе повлечеше еднаш и не сакаше. 2 - 3 пати пробав. Пие јогурт уз оброк, јаде кисело млеко исто. Доволно е според мене.
И моево никогаш не пропи млеко од кога го одбив од доење. Исто си јаде млеко и бисквити, а да пие нема шанси . Педијатарот ми кажа дека нема потреба да пие млеко си јаде други млечни производи.
@Happyinlove мојот денес полни 16 месеци,некаде од 15 ипол се пушта сам,ама сеуште му е страв сам да оди. Ако го водам јас,се пушта и оди сам,ама ако гледа дека одам по него,поинаку не. Неколку дена ич неќеше да оди,сега пак почна. Се надевам дека конечно ќе се престраши и ќе оди. Немај гајле, не касните.