Кај мене ако се сеќаваш никако не сакаше млеко и наеднаш после месеци нудење го зема шишето и го испи. Али тоа е мојата нели 100% од крајност во крајност. Би ти рекла да нудиш различни млека. Би ти рекла и краш експрес да ставиш јас така почнав па го тргнав. Можеш и какао топло/ладно. Само малку трае процесот не очекувај наеднаш да пропие. Дека не му треба плус ако јаде млечно не му треба. Дека до две години треба да има млеко во исхрана треба (особено ако те спука некој период да ти одбива вид на храна или цела храна). Како што менуваат со овошје, млечни, месо, зеленчук убаво е да пие барем млеко константно.
За една недела ке заседаваме тука со предлози за име. Ако се прашувам јас женско е . Имаш задача да мислиш имиња. само да потврдиме пол на 14ти
Не не не неможам да замислам како може да одите во wc со детето заедно???? извинете вака ама... Значи одсекогаш сум го мразела тоа и ми било незамисливо и неубаво Кај мене се одерува по мене,сами сме скроз дома ама ќе седи пред врата!! И така си ја научив од старт Не гледам зошто 10 мин да мора да седи со мене не ве разбирам Пред врата нека има играчки ако до толку неможе да се откачите,ма да...ај нвм (мое мислење) Нормално! Ете опција @Happyinlove и мојава на 15ипол прооде (10 дена пред да направи 16м поточно) Така да ич не се секирај Знам дека во моја и твоја ситуација е потешко да не одат сакаат во раце повеќе,кога прооде се преродив,ама ќе биде кај и да е не се сеќирај Баш кога најмалку очекуваш
Абе еден ден ќе порасне и ќе ти отвара врата Мала шала. Кој како сака така нека прави. Јас некогаш кога е заиграна ја оставам и одам во вц, некогаш ми отвара врата и вика 'мама моча'. На сметка на тоа веќе знае дека таму се моча и кака, па кога одиме да миеме раце си кажува 'тука мочи, тука кака'.
Кључ! Нормално секој нека прави што сака затоа и пишав мое мислење дека e Само што не ми оде во глава тоа какање пред детето затоа бев Се даваат перфектни совети од една страна а од друга какаат пред децата заедно во wc
Рано ти е за ортопед, уште нема проодено како што треба. Шест месеци после проодување е најдобро да се однесе на контрола. А оти сакаш допрва да го учиш да пие млеко од шише, да е 6 месеци бебе, разбирам, ама година и пол дете, не му е веќе основна храна млекото. Ако јаде млеко со бисквити ок, ако јаде сирење, пие јогурт, не мора да пие млеко. И моиве еве растат без млеко после доењето, не гледам дека им фали нешто. Големиот знае чат пат со корнфлекс да касне, ама онака да земат да пијат млеко никогаш. Малово ништо млечно не сака, одвај сирење и по пола филџан јогурт некогаш, со денови знае ништо млечно да не внесе, ама друго се си јаде.
Јас се стегам ако те интересира до 16ч, ако ти е мисла ова Инаку сама не можам да ја оставам во соба каде живее и куче кое може да ја спрепне додека оди, а цел стан ми е со ивици. Или да го згази или да му земе од храната додека јас сум во тоалет. Не стои пред врата напротив шета насекаде. А за уринирање пуштам песнички и чекам погоден момент кога е загледана да претрчам на брзинка. До мене ако е пак ми е шубе. На стол за хранење не знам колку ми е сигурна бидејќи успева да ја бутне штицата пред себе, а и долго набљудува како се отвораат рамките. Очекувам некој ден да ме изненади како знае и со тоа да ракува. А доле се плочки...
Мене не ми е сигурна да ја оставам на хранилка, а цела куќа ми е со скалила и незнае да се симне по нив само да се каче.
Хранилката пред вратата oд wc ќе ја ставам ако треба, и секоја хранилка има каиши,нема шанси да се преврти од неа и кучето во др соба ќе го затворам Нема везе баталете има милион решениа...не би да давам совети на ова
Абе на малово многу и е гајле јас што правам го сака вецето општо, сака да се бања, да ја гледа машината како врти, да ги реди шампоните. И на крај заедно миеме раце не дека јас многу сакам да ја земам со мене, ама за нејзе очигледно тоа е вондерленд или влезот во Нарниа
Секој си го знае детето,џабе ќе паметуваме,они се во возраст кај што една минутка треба да наорават беља. Мојот знае да ги откачи каишите од хранилка,знае да преврти фиоки а богами и телевизор. Мм така го оставил на кратко и кога дојдов од раб што да видам џумка огромна на главчето. Исто не ме ни погледнува што правам,обично му давам некој пешкир и го пика и вади од машина,си фрла нешто во кадата.
Пред се е безбедноста. Помалце од минута треба за беља, па макар и лошо да се сопне. Ја оставам и надвор, ја земам и во ВЦ, по проценка во моментот. Ама не ја оставам да плаче, ќе стискам, ќе ја смирам прво. Којзнае нив како им изгледа сами, чим плачат, па макар и на 2 минути.
Мене од една случка што ми ја имаат кажано ни до вратата стаклена не му давам да оди, Мавнало со нешто тешко и цело стакло врз него
Не памтам и бришам од меморија такви работи, барем пробувам, зашто може да забегам. Доволно мозоков сам ми прави црни сценарија. Инаку, такви мисли никогаш не сум имала. Сега од кога станав мајка, сфатив што било она "Не дај Боже мајката што ти мисли" Ваљда и тоа е дел од мајчинството. Ви летаат ли вас мислите у негатива?
Нема ништо страшно во носењето дете во вц. Прво, сите одиме во вц, природно е и нормално, не е нешто од кое треба да ги учиме децата од мали нозе дека треба да се срамат. Се мочка и се кака, голема работа. Ќе се затвораме ко божем најголемата срамота е тоа и ќе им го пренесуваме тоа на нив, па потоа треба да ги учиме дека е океј ние газето да им го бришеме. Не треба да им се наметнуваат такви чувства на децата, баш напротив, за полесно да тече цел тој процес треба да се запознаени со процесот, а учат секогаш од родителите. https://www.todaysparent.com/toddler/toddler-behaviour/toddler-watching-you-poop/ Еве зошто и им станува толку интересно да одат во вц со родителите понатаму, чиста љубопитност. Ама на крајот на денот, правете како што вас ви е удобно, ако не ви е удобно подобро тоа и да не му се пренесе на детето Интересни совете има погоре во статијата, читнете.
Искрено никогаш не сум го гледала тоа како big deal. Па сега ме замисли околу тоа. Ама што е толку трагично и гнасно еве незнам. Незнам како си го замисли тоа. Инаку да има начини како, ваљда не сум мислела до толку на тоа и инстинктивно ја зимам со мене. Си игра со перална, со шампони не ме ни погледнува.
Баш заради тоа наметнување се расправав со маж ми,он си има од дете некој комплекси за личен изглед и гледам дека на детето цело време нешто му наметнува. Не го изнелмалиот надвор бидејки има модрица на главата да не го гледале.