Дојди затвори го Ози во соба има диско чочек да играш и на отварање и на затварање Ама лесно е кога го немаш дома се е симпл од страна гледано. Небитно. Некако размишљам со сто на саат. Мене цела дневна ми е со големи прозори без ѕидови. Да се вратам назад не би го купила станов тотално е кидс нат френдли. Ама кој ти мислеше дека тодлер ќе треба да шета дома. Шанкерските столици ги сместив во спална ( спалната е магацин ). Две столици ги обложив обрачите за нозе со гума да не падне со глава на челик. На другарка моја ќерка и така си пукна аркада, од шанкерски стол. Секој ден не знам колку км правам одејќи по неа од страв да не се спрепне и да заврши со глава во прозор, иако се дупли и дебели за надворешна страна, сепак. Од ивица на шанк, ѕид. Сите штекови ми се заштитени. Цвеќињата и цреповите ми се заградени со ограда. Прво што не гледа кај оди, а второ што ни Ози не разбира дека она не знае да оди и оди кон неа да си игра па така паѓа како круша. Како извор на стравови да се разбуди од мене. Додека не одеше во оградата заградена слободно ја оставав. Сега чекам да ја успијам кај 11 па да идам во тоалет. Потоа од 12/13 до 15/16 час што и да е ќе помине...
Кај нас дома страшно цигли/тули секаде се има чукнато неколку пати ама не било страшно фала Богу, маса, комода се е со оштри рабови, ајде циглите беа од претходно, не го убедив мм да ги срушиме, си останаа вика и јас и брат ми сме тука израснти, а тој паничар е невиден само оди по него Лоши мисли немам, ретко, на почетокот повеќе, сега сум поопуштена. Колку и да пазиш неможиш да ги допазиш, секунда треба само за лошо Да ве прашам др јас, ко ќе се преслекувам некогаш му покажувам цице на синко, да видите како се смее, трча да ме фати, денес за пупки ме тегнеше еднаш проба да цица, само ја лапна и ја пушти, не тргна ич, дали има заборавно? Баш ми беше чудно, 3 месеци поминаа од ко го одбив. Ама многу ми е интересен.
Кај нас не се затвора убаво врата и си ја турка и влага. И цела среќна ми вика мама ете ја. Некогаш ја затворам во детска соба и лупа по врата, мава со столчиња, се дере, плаче. Комшииве ќе викант полиција некој ден. Затоа кога сме сами скоро цел ден си трпам за во вц и гледам кога спие да одам. Најомразена работа ми е таа со детево.
Ја одбив пред 6-7 месеца и уште си ѕирка под маица. Додуша и маж ми ја фура, ја прашува што има таму, и кажува да рече цице, ама не покажала некој интерес за цицање. Само сака да си игра, и тоа е исто како што ме штипе за нос или за прстите, мислам дека им е интересно, а не дека памтат дека цицале, особено ако се одбиле на околу годинка.
Некогаш и помалку од минута е потребно. Не да ве плашам, ама сега скоро играше во спалната јас до неа средував нешто. Отидов само до кујна да земам нешто, пола минута ме немаше. Таа го отвори лизгачкиот плакар и којзнае како се качила на предпоследната полица. Кога ја видов нозете ми смрзнаа. Еден погрешен чекор и ќе паднеше од висина од 2 метра. Па кога ја слегов уште радосно ми викаше виде мама се качив на ридот.
За да не се мислам моево дали внесува доволно млечни производи,кај и онака не јаде,па и за тоа да го мислам,ќе си цица до 2 години За одење во вц,се зависи од моментот. Не можам да се водам според некои принципи,а да го оставам детето да се повреди. И онака по голема нужда одам 2 пати неделно,па некако трпам додека да заспие попладне или мм да дојде од работа. Да го водам со мене,не можам зошто не оди,па ме влече за рака и ме тера да станам.Па и не би можела да завршам тоа за што сум отишла. Ама ако е ептен итна ситуацијата,по би го земала со мене,отколку да го оставам сам. Пред некое време го оставив сам во дневна и отидов да измијам заби,он си се играше со тенџериња,вратата ги оставив отворени за да дојде ако сака,он станал се исправил на петосед и се откачил и тресна на глава. Ме извади од памет и едвај го смирив. Секој си го знае детето какво му е,па во согласност на тоа и ќе одлучи. За мочање кога треба да одам,многу помалку време треба,па го залажувам нешто во ходник да се играме,одам набрзина во вц и завршувам. Дури е мал,не гледам проблем да ме гледа во вц,сеуште не разбира,а и нема што да види зошто е се скриено. Не шетам доле гола пред него,уште не збори,ама може да изненади да кажува што видел. Влошка кога треба да сменам,исто не го водам со мене. На јатрва ми малиот ептен збореше,а околу година ипол,две имаше и седевме со старите сите заедно на ручек и он вика: Мама се боцнала на путето дедо и и тече мнооогу крв
Ххахх ме изнасмеа со последново. Мајка му сигурно во земја пропаднала. Јас еднаш кога мораше да ја носам со мене во вц кога менував влошка мислеше памперс носам и се пресмеа. Никој не ги разбира овие маки на мајките.
Јас само што станав од мала и додека течеше вода од казанче си ја фрли куклата внатре...по крипи момент не сум видела досега. И гради не покажувам освен ако не се затекне на пресоблекување али без никакви емоции ме гледа како никад да не цицала. И јас заборавив до душа дека цицала Не е лесно. Честопати има преиспитување на нашите постапки со нашите ставови. @AlicaInWonderland имаше ставено на стори пред некој ден доста интересна ствар парафризирам: јас никад не би го направила тоа *спојлер со дете* хахах секако секако..
А до кога е фазава чистење на забен камен? Буквално со прстите ми ја отвара устава,тоа буричка буричка низ забиве , гребе...буквално ми го чисти забниов камен. Или па значи заболекар дека ке биде? За во wc само по мала нужда трчам буквално морам сега малце почесто. Но гледам да е загледам кокомелон. Но сабајлево мислам дека ми се скрати животов едно 4 години. Од сабајле пуштам песни на тв јас летам да мијам заби а он во креветче. Се врајкам исправен и со јажето од ролетната на прозор намотан околу врат. Луѓе ладна пот. Туш. Незнаев што да правам и го удрив по газ. Го уплашив но сигурно не колку тој мене. Па плачеше едно пола саат Земав ножици ги изеков. Леле како може до толку да не сум претпазлива цел ден само мислам и плачење ми доаѓа....
До кај 14ти месец. Сега мава шамарчиња али на секој удрен и велам:” Емили, не е убаво така” и добивам нов шамар. Ниту негде видела ниту некој ја учи. Али трпеливо повторувам секој ден. Тебе и на Бела ви е многу тешко. Хормонски дисбаланс, потреби и бебиња кои одат/проодуваат. Гледај да минимизираш опасности али и малку полабаво прифаќај ги стварите не можеш се да предвидиш. Убаво што си ги исекла. Не се остава само ни пет секунди обавезно прави глупост. Прееска правам салата она цвеќето ми го скинала (како ли успеа се чудам преку ограда) и ми го носи. А ја гледам цело време, ама не пак прави глупости.
Ако се криете од детето кога одите во ВЦ, ако го оставате пред врата да плаче, му праќате порака дека чинот е интимен (не дека не е за возрасни ) и срамен и потоа кога ќе почне да разбира постои голем ризик да не сака да кака пред вас, кога ќе му се кака да бара место каде да се скрие, да трпи и стиска, а со тоа и процесот на одвикнување пелени да ви биде долг и мачен.
Имам и од други ова слушано. И ми има логика. На другарка ми така се сокриваше за да кака и имаа мака да го научат за во нокшир.
Ете го И мене цицањето ми изгледа толку далечно, а пред само 3-4 месеци прекинавме. И мојов има заборавено, никогаш не се пружил да проба пак да цица или да покаже некој знак дека знае дека цицал од таму. И тоа уште после еден месец приметив дека има заборавено. А ние колку се туфкавме како ќе биде Приметив деновиве дека конечно не става се во уста. Аман нека и дојде крајот на оралната фаза инаку му дишев во врат цело време. Сега гледам дека коа сме надвор веќе каменчиња, земја, цвеќиња не пробува Може па дека се сме на исто место и се му е веќе познато, а може и фатил ука
Еднаш ја оставив без мене додека бев во вц и во рок од две минути, јадеше стиропор. Инаку си влегува во вц и душка шампони кога сме на шоља. И кажува уууу убаво мисиса. А ти какаш. Јебига. Летово ќе ѝ ставам мини шолја- нокшир и ќе си чмаеме у вц заедно. Треба да знае за што служи тоалетот, сепак ја бањаме таму, нѐ гледа дека влегуваме, мене ме имитира кога ставам крема, а веќе неколку месеци по ред сама вика ај заби и ја бара четката и заедно миеме заби. Само внимателност и без параноја.
Јас ја оставав уште на почетокот да плаче кога одам во веце,плачеше првите 3,4 пати и толку си се научи дека мама е во веце и ќе излезе Се е како ќе го научиш нели за се така учиме А и нормално дека треба да знае дека чинот е интимен! Немам проблем сега никаков со тоа. И мене вака ме учеле,а и сите околу мене што се со деца е истото,затоа се испочудев Немам јас работи од кој што може да се повреди дома се ми е решено може затоа сум лабава а и да имам ко што кажав ќе ја ставам во хранилка ништо неможе да и се случи... Во секој случај си стојам на моето дека не е дете за заедно со мене во веце! Нема да разглабам секој си знае нели така
Јас не ти наоѓам маана, само ти кажувам како може да влијае кај детето, а ни на крај памет тогаш нема да ти текне дека е од тоа. И како треба да знае дека е интимно а кога ќе дојде време да се учи на нокшир ќе ја молите да моча и кака во ваше присуство??? Ако ти се криеш од неа кога вршиш нужда многу е веројатно и таа да се крие од тебе кога ќе дојде ред за тоа.
Да се надополнам, па модераторите можат да ги преместат мислењата во соодветната тема. Нема да зборам колку е незгодно детето да е присутно додека вршиме нужда, нормално дека и јас сакам на раат да си отидам до ВЦ, НО! Децата учат од примери, џабе е устата и пена да ти фати од зборење нема да има таков ефект како што ќе има кога детето ќе те види седната на школка и ќе те праша мамо што правиш? Па ќе му објасниш еднаш, 2 пати, па ќе му го ставиш нокширот до тебе и ќе му речеш да проба и тој како возрасен. Верувај одвикнувањето од пелени ќе е 10 пати полесно отколку да се криеш и после кога ќе ти текне да му објаснуваш усно дека е голем и дека не треба да кака во гаќи.
Ок, не го прочитав ова пред да ти реплицирам, имаш среќа, во повеќето случаи не е така, па еве нека стои да прочитаат и другите мајки.