Ве обожавам сите за читање. Ме нема. Е ме нема. Цела недела помина јас на работа немав ни секунда да ве читнам. Пукнав неделава сама прва смена. Околу бељите.. Имаме едно дрвено големо сандаче (сандак), го отворив да земам играчка. Она го затвори а шаките наместени на работ. Како тресна, ауч. Цела десна шака и отече и помодре. Одам да се облечам и по здр.книшка да ја носам на брза, свеки ја носи, го движи рачето, се смири малку и почна да врте еден каталог. Луѓе, свеста ми се зема. А до неа бев, секунда беше во прашање. Три пати непце раскрвари, луда, луда.
Еве сум јас папсана што е сега ова, плачи, вришти, се ака, а му се спие, не заспива, го нишам, му пеам, не тој се турка од мене ко со мечка да се борам, а му се спие ненормално, ова вака вчера дента прв пат на свеки и правел, денес со мене исто на ручек, сега вечерва пак Готово ни раце ни грб ми остана се ме боли...проба и мм 2 пати не бре брате полошо беше, давајте некој совет оти ќе полудам Сега заспа пред 10 мин одвај
Си пробала ли да го легнеш на спална до тебе и да не го успиваш, само да лежи, ќе се вртка ќе се тртка ќе станува ќе се фрла ќе легнува... ти збори му мама спие .... пробај вака, во темница За 40тина минути би требало да почне да му паѓаат капаците.
Кај мене сеуште преспива два пати на ден. Но втората дремка ја влече од 18/19 до 19.30ч и нормално после дека не и се спие во 22. Од денес ќе менувам план на преспивање за првата ќе ја држам до 12 на пладне и потоа кај 20ч ми е план да ја легнам. Само многу е досадна ако не е спиена од кај 17/18ч... претпоставувам ќе се навикне или? Ми е страв исто да не заспие во 19 и да стане во 21 еднаш ми се случи и не би сакала реприза на тој кошмар.
@TeddyGrey @Bella* @BabyT* се имам испробано, го оставам и да лежи и да седи и да игра, со мене спие цело време од ко е роден. И на крај го заспивам со скокање на кревет, седната и се дрецкам, јас скокам тој в раце и дури и му подвикнувам не заспива Многу нервозно е, ај заспа цело време стануваше, од 15 мин до 1ч му траеше спиењето, на крајот во 5ч стана со плачење и никако не се смируваше и мм го зеде, не и не 10 мин рикаше, липаше ваков не бил досега, на крајот се смири и еве уште си седиме, сега си поруча и абер нема за спиење...сега ќе го држам дури можам не го заспивам и вечер да пробам порано да го заспијам оти в душевна ќе завршам жими се
@lackygirl мила моја на твое место стварно би завршила во душевна. Најискрено. Како издржуваш не ми е јасно, 17 месеци еј 17.
Ова со дремкиве никако да го решам.Мораш да пробаш и да видиш дали е спремна за една или уште не.Мојата на 14-15 месеци проба,ама ништо.Се будеше во 2 или 3 саат да си игра и тоа ме вадеше од такт.Никогаш претходно така не правела.Поарно да заспива во 23 отколку вечер да ми игра по кревет.И така би.Ја будам до 18.30 и некогаш втора дремка е пола саат ама мора така.Ја чекам пејшентли да преминеме на една.Сега на година и пол некогаш една некогаш две. Читав дека до 15 до 18 месеци преминуваат на една.Гуд лак.
Стварно сочувствувам со тебе и те читам и не знам што да ти дадам совет. А велиш преку ден дека е мирен? Сакам да ти помогнам, не знам како.
Да дење супер е, се гали, си јади не прави проблеми ништо, ама ноќиве ужас, 17 месеци е ова, немам веќе надеж навистина, се испробав, гладен, јаден, спиен, неспиен, покријан, отскијан, секако е исто, а спиеме со малку светло од темница се плаши, сите скокови на најсилно пуштени како можи вака Еве ова го најдов сега, почнува да зборува, 3ките уште не се пробиени, 3 месеци..ама која регресија во спиењекога ич не спие ноќе И замислете уште не му се спие надвор е игра
И мене веќе ми станува проблем заспивањето со нишкање. Веќе е голем и потежок, а јас 50кг и болат плешки. Пробав вака на спална ама проблем е што се симнува од спална и оди низ соби. Дури и во темница. Па ќе се тресне некаде и ќе плаче и после уште цел саат имаме процедура. А не ми е проблем да го чекам колку треба да се вртка по спална. Ама ете не седи. Некое решение за вака? Единствено цртани ми текнуваат за да лежи мирен ама не би.
Потврдувам. Со првото дете мака имав од одвикнување од пелени од оваа причина, поточно со криење кога кака, стискаше, две и пол години мака мачевме да го оправиме. Сега има хемороиди како последица на тој проблем, а има само 9 години. Со второто немав гајле оти не правев проблеми да биде со мене во тоалет, и сега знае да дојде со мене, ама поретко. Нокширот нема врска. И од пет месеци да го седнуваш, некаде околу година и пол почнуваат да го отфрлаат, да не го сакаат, барем такво е искуството на повеќето, такво е и моето искуство со малото. Не дека ќе идат на секое во тоалет, секако со растењето ќе научи дека е интимен чин, дека не треба други да има во тоалетот кога вршат нужда. Еве големиот, откако го победи стравот сам си оди во тоалет, сам се мие после какање, воопшто не му се мешам. Веќе 4 години така. @lackygirl си пробала со Calma B? Б витамини се, за смирување и спиење за деца, препорачливо е кај деца со ноќен терор, сируп е. Јака ти душа како издржуваш, моиве може не се спанковци, рано стануваат, преку ден не преспиваат, ама ноќе вака никогаш не ми правеле. Можеби големиот еден период после година, ама генерално спијат. @AlicaInWonderland читање приказни пред спиење, или раскажување еве, не мора читање. Колку да се смири, да не сака пак да станува. Кај малово тоа упали, ама може дека на брат му му читав приказни, сега сам си чита. Полесно е кога има пример, факт.
Јас гасам ламба, пуштам приспивна музика и не смее да мрдне од спална. Претходно и велам време е за спиење и толку од игри. Протестира десет минути пие вода и заспива.