Слично е и кај нас. Додуше по најново, сама кажува - ајде нанаме. И си оди, не чека ни пижами да и облечам. Кажува чао и ОБА НОЌ(добра ноќ) Иде легнува, се врти, се треска 10 минути и нагло потонува. Некад тие 10 се 30тина, кога е расположена за скокање.
@lackygirl Леле лаки бееее не е фер синко твој ааа ќе го караме,те исцеди Мора да го учиш да спие со татко му Ти спиј сама во др соба..мора да се наспиеш жено
Ние еве сега стануваме Преку ден дремка попладне од 3 до 5ипол стандард веќе се месеци А навечер седи до касно 11,12 навечер заспива и еве сегa стана Спиеше по цела ноќ зачудувачки цел месец,Ама од пред некој ден ми титна апликацијата дека влегла во 10ти скок и така почна одма будење навечер на 2 саата ама одма презаспива среќа Ќе видиме понатака
@Annath имам слушнато за нив ама не ми се дава ништо, против лекови сум за синко, демек сакам се природно, (јас пијам се од секогаш), дали мислиш дека би помогнале? Да ги земам да пробам не се издржува, денес не сум на работа малку ќе легнам сега со него, ама и на раб стварно е неиздржливо, дури сега заспа. А за заспивање му раскажувам приказни од ко ќе се смири со плачењето, најм волкот и црвенкапа ја сака и заспива со неа, ама пред тоа терор....
Не е дрога, на природна база е. Мешавина од тревки е, мислам дека е додаден Б6. Не е само за спиење, општо за смирување е, детето да се смири малку. А може и ти да пиеш, оти твојата нервоза ја осеќа, нормално е да си нервозна кога си ненаспана. Ingredients Organic sipa pioca, fructolysat of linden inflorescence mixture, lemon balm leaves, chamomile flowers, pear juice, passion flower aerial part, hop flowers, sweet orange flowers, lavender flowers, copper micronutrient.
И јас пишав пред недела време дека премина на една дремка на 13 месеци,но се излажав,не е спремен уште,и јас не. Беа тоа 3,4 дена со една дремка од 12 до кај 2 и после дури 8,9 навечер си легнуваше прекапан дури не вечераше од што му паѓаа очи уште во 6 и многууу кенкав и плус навечер ми стануваше од 2 до кај 5 наспиен па си игра,ја зомби,@lackygirl жено можам да замислам колку ти е тешко, а плус и работиш, јас тие три дена не функционирав преку ден. И така вративме на две дремки пак . Станува 8,9 наутро ,11,12 прва дремка и втора 5,6. Втората знае некогаш да биде пола час до 40 мин. Навечер заспива 11 најкасно, ама барем ја спие цела вечер. Мислам дека е подобро вака.
Исто и ние како @Ringishpil_, пробав со една дремка, ама од 17 до 19-20 часот е неподнослива. Ништо несака, само кенка и неиздржливо е. Плус се буди кај 2 ноќта па еден саат се презаспиваме. Се откажав од една дремка, со две ми е подобро, ако си легнува во 22-23 часот, барем тоа време си играе и не е досадна. Имаку мојата дамо мука . Кравата и е омилена за кажување. Кравата и мачето, кучето чат пат го меша со мачето . За во тоалет, сега од кога почна да оди, иде и таа со мене, но ретко. Гледам да одам кога спие, или кога не сме сами. Ја оставам некогаш и во креветче или хранилка, така сама да си играе не ми е сигурно ни 1 мин. @lackygirl навистина незнам што да те советувам, и јас ја заспивам во раце, несака никако сама да леже, сум пробала се но не бива. Ми станува и почнува да шета, или се превраќа, па плаче. Вака, колку и да ми е тешко, во раце за 5-10 мин е успана. Ама ова твоево нема крај. Па и неспиењето .
Фала на сите ќе пробам со сирупот, последна надеж ми е. 1 дремка има од 14 месеци нкогаш 1ч некогаш 2ч, 3ч секој ден различно е.
Исто. Откако скративме 1 дремка ми се буди сред ноќ спремна за игра и презаспива кај 1. Мн ме нервира. И цело време сака на цице да ми спие. Штом ја тргнам веднаш се буди. Не беше доолку кога имаше 2 дремки. Ама сама ги намали и не покажува знаци на поспаност. Додуша и 3 ки вади, па тоа дополнително го влошува проблемот.
И таа регресијата што ја напиша Лаки ги фаќа веќе, па тројкиве досадни една по една искачаат.Исто како кај тебе,спиеше по цела ноќ еден месец.Супер си беше.Јас таман се израдував и од скокот наваму пак иста песна - се буди 2 до 3 пати за цицање и пак заспива.Никаков ред нема.Кај и да е додека тргнат на школо ќе научат да спијат
Мојава пред да направи годинка сама си скрати на една дремка. Сега спие од 12,12:30 до 15. И мене ми е подобро вака, можам куп работи да завршам. Навечер максимум 9 е заспана, а станува 7:30 или 7:45. Спремна ми е за градинка . Инаку 9ти скок е страшен. Ме уништи. Почна да се расправа со мене и татко и. Вечна борба е тој венецијанер да не го пипа, вчера ја тргам и она ми се врти со кренат прст и мрмори на висок тон. Страшно. @lackygirl не исчитав се, не знам дали ти кажале, ама пробај да му воведеш ритуали пред спиење и да ги повторувате секоја вечер. Пример кај нас е бањање, пижами, миење заби и чешлање, вода и во кревет. И сама знае и си легнува. Јас не сум за тоа да го учиш со татко му да спие, а ти во друга соба. Учи го сам. Што знам, многу години сум со маж ми, ама навечер сакам да си легнам гушната со него. За одење во тоалет, мојава ми влага и не ми пречи. Некогаш е баш задлабочена и ме гледа што правам. Целосно се сложувам со @Lolipop23 на оваа тема. А во последно време фасцинирана е од цице. Не во смисла да цица, мислам дека не се ни сеќава дека цицала, ама ги гали и си легнува на нив. И да прашам нешто. Корнфлекс им давате?
Претпоставувам дека си имате рутина за пред легнување, за да знае дека со игрите е завршено и ќе се спие. Јас почнувам со рутината еден саат однапред, тоа значи вечера, затемнување на просториите, пиење што се пие, се мијат заби, се ова го подготвува детето дека ќе се легнува. На таа возраст ја нишав така седната на креветот и пеев, па потоа кога ќе заспиеше ја легнував. Е сега, си имаат периоди и фази нели, растеле заби, скокови, се тоа си влијае. Мојата почна цврсто да спие сега дури, инаку постојано се разбудуваше и размрдуваше, јас еве сега почнав да спијам по цела ноќ. Значи има надеж. Море на толку неспиење дрога недрога важно ли е. не за џабе порано ги мачкале непцата со винце или коњаче. Се шалам, сочувствувам ептен со неспиењето, си го поминав тоа, имаше ноќи, да не речам претежно, на 10-15 мин се врткаше. И сега уште мрда, зборува само, се кара, знае и да седне и да си збори, ама многу е подобро.
Да исто почнуваме со вечера, дури јади гледа цртани, после го мијам/капам, па еве го заби редовно 5 вечери сам се мија, облекувам и пробуваме со спиење, прво во 9ч, па 9 и 20ч, 10ч, дури 11ч заспива на вечер, сега дури и 11:30ч не сака да спие, нема шанса да го заспијам на прво и сум се инатела, сум го нишала, в спална сни седеле 1ч и не и не ако нејќи нејќи... исто е секоја вечер, некни порано почнавме 1 сат и исто беше.
Оф бе девојче, стварно не знам како функционираш со вакво неспиење. Жал ми е навистина. Јас да сум на твое место секоја вечер мислам ќе пиздам и полудувам.
Со читање сум пробала, ама коа ќе види книга одма фаќа пат накај библиотека и бара да му ги дадам сите книги па да бира што ќе читаме..и небива. Цел ден да читам, цел ден ќе ме слуша. Само ми ги дава една по една Ама со раскажување и приспивна музика не сум пробала. Тоа ќе пробам. И ние имавме мака со преминувањето од две во една дремка, мислам 2 месеци се прилагодувамве. Таман ќе помислам готово една, о небива па ајде неколку дена пак 2. Па пак една. Небиваше ни така ни така. Сеа на скоро 18м конечно имаме пак ред со една дремка и може да издржува Деновиве заспива со плачку бидејќи нејке да завршиме со миење заби. Го оставам и чекам, чеакм, чекам.....не бе несака да излеземе и да остави четка. И мора да го извадам па ќе се расплаче...
Денес преспа од 12 до 14 идам на една дремка па се надевам нема да ја фрлам од тараса кај 18ч. Кај 17.30 ми е план да ја носиме на плажа до 18.30 и таман да ја средам да вечера и да ја легнам. И колку се кара денес боже боже уста не затвори. Па дури и со раката ми мафта и на бебешки ме кара на цел глас. И јадењето драстично на пола. Почело је. Сите тројки напнати расцепени непца рака нон стоп во уста.
болд - на глас се смеам таму кај што сте како е со сезона? Кога се стоплува доволно за да може на плажа да се бањате? Ако воопшто може? Од кога планираш да ја пушташ во вода? како бете лани лето? Не ми текнува може си пишувала...
Германчињата веќе се шлапкаат во вода со кофичиња без памперс и на блуза. Јас не би ја оставила во никој случај. На кратки ракави е на плажа и воодотпорни пантолони, под нив тенки памучни хрланки јел си ја истура кофата со вода врз неа. Водата камен извира од швајцарските Алпи така да доста ладно езеро. Некаде кај Јули е за бањање и тогаш ќе ја пуштам да влезе али е езеро со камења ќе треба да влезам и јас и да си играм со кофичка. Базентот ми е на неколку чекори од дома (простран со три базенти и реквизити за деца со огромна зелена површина и пристап до езеро) па таму ќе ја носам ако го отворат. Лани бевме Италија Лидо ди Језоло сакав и годинава одлично место за со деца огромни песочни плажи и Јадран. Ама ете Италија што се деси годинава не ми иде ни на памет да идам. Северно море ни е како опција за летово плажите се песочни и огромни кај Август месец е топло и за бањање. Би изнајмиле вила до море и би оделе со вон мобил бидејќи имаме околу 10 саати пат, а со кола ни во лудило не би тргнала додека не наполни 18 год. Ако гледате опции и Холандија има убави песочни плажи.
Здраво дечки, ве читам редовно ама досега не дошло ред да пишам, син ми е 22 месеци, уште малку и правиме 2 годинки Она што ме инспирира да пишам е проблемот на @lackygirl, мајче издржи, мојов исто е неспанко. До сега се уште нема преспиено цела ноќ, се буди, бара млеко, па до мене го легнувам и така. Дури неколку пати се соочив со ноќен терор пред две три недели, станува вришти и не знаеш што му е, па се смирува сам. Имаше периоди посебно после година откако направи, не знаев како да го успијам буквално, ме полудуваше. Ама секогаш излегува дека е некоја фаза, поминува, па некое време мир, и пак нешто ново... Иначе и мојов иде со мене у веце, палав е и страв ми е да го оставам сам, а и баш му е забавно си игра со шампони и слични ствари Почна и да зборува многу веќе, сврзува по два три збора, се кара, се инаети и така Брзо растат, се ќе помине, ние ќе си обелиме во косите ама тоа е