Да го завршам денов, од 5ч издржа до кај 10, спиеше до 1 и нешто, па шетање, ова она, вечера 18:30ч и заспа во 20ч дури не ми се верува, ова прв пат се случува вака рано да заспие, очекувам да стани во 12ч на полноќ и да си седиме цела ноќ виш ми лак Го порачав и сирупот би требало утре да стигни, па ќе го пробам уште него
И јас убаво поминав. Баш беше свежа во 18ч си помислив можеби на сила сум ја успивала досега Во 20.45 заспа. Се надевам нема да стане во 2 да си играме, на мама не и се игра... Ај виш ју лак. Легнувај.
Чим мојава сама почна да заспива, по цели ноќи, секое дете ќе спие. @lackygirl си пробала пред 9 да легне? Мене ми се чини дека е престимулиран и затоа не може да спие. Чим има една дремка во 9 треба да спие. Пробај порано да го легнуваш. Јас во темно ја легнувам. Ако почне да прета и тропам и ја плашам со волкот Веќе не пали, ми вика ќе дошол ловецот и ќе го истепал волкот дам дам по газот Ама ко ќе чуе тропкање се сепнува. Пред една недела прв пат побара дневно спиење. Грабна мечето и сама отиде. Со мм останавме подзинати
Сепак ќе лежам вечерва до неа за да не ми се разбуди. Не одам да шлокам вино со кашкавалчиња на боцкалка и да гледам некое добро филмче..нит ми се пие нит ми се гледа
Да не ве плашам, ама мојава откако е со една дремка цел ред со ноќно спиење ни се поремети. Има сила за 10 деца ми се чини. Затоа јас сум кома. Сама си станува, ме соблака и си цица. Па оди си зема играчки, ме реди, јас само се пазам да не ме тресни со нешшш по глава. Неколку пати парфем во слепоочница јадев. Сега страв ми е да ја заспијам. Еве ја си игра абер нема. За заспивање ќе ја заспијам. Ама што ако ми стани пак во 11 со фул енерџи. Веќе скоро 1 недела е вака откако е со 1 дремка. Се надевам ќе си земи ред.
Ева јас пак од друга страна да ве утешам, од коа има мојов една дремка заспива во 8ипол и до сабајле до 7ипол си тера. Без будење и ноќно играње (фала богу до сега вакво нешто и сме немале, освен коа имавме временска разлика при патување што не го рачунам бидејќи и мене како возрасен ми требаа денови да се навикнам, дури супер што и тоа го средивме за 4-5 дена) Едната дремка денски е 2 часа. Некогаш ако биде пократка 1-1ипол час тогаш и накај 8 се комира. Јас никогаш не го оставам да му се спие, при првиот знак веднаш го успивам, инаку станува полошо. И потешко заспива и лесно се буди и пак сабајле ќе стане накај 7. Многу го истрчувам денски Нема седење и одмарање или цртани. Цел ден надвор
Е*ати среќата до сега 2 пати го презаспивав па сега нејќи со мм, му плачи, оди тој го зема и плачи, само со мене сака. Не застанува ич, се чудам од кај олку енергија, седи само дури јади, дури е во хранилка, цело време е во движење. Ајде добра ноќ да не пишам поќе, ја претерав денес, ама стварно ми беше еден од оние тешки ама баш тешки, неиздржливи денови. Фала ви на сите
Јас незнам од каде им е таа енергија. Денес кај моите беше. Одиме да ја земеме она почнува да цика(црка, вреска) и трче по цел двор. Една дремка само, заспа пред 22часот. Ќе видиме ноќва како ќе биде. Секоја вечер е ужаси.
И мене ми е многу полесно со една дремка. Си заспива во 9/9ипол. Сабајле до 8и пол спие. Уствари ја будам. Денското спиење и е од 1ипол до кај 4 ја будам. Спанка е мојава во однос на вашиве. Али кога е будна не застанува ич. Не седи на газ. Дури и кога јаде пафта со нозете, се најадува и одма се дере: СТАААНАААМ СТАНААМ. Раскревам од послужавник под притисок. Некогаш и пуштам цртани за да застане, да се смири, да одмори. Не ги гледа од што не сака да стои во место. Најново од пред 3 дена и е да дојде до мене и да ми вика ајде да трчаме. Па трчам и ја.
А какви ритуали имате за денските дремки? Јас малата ако не ја држам во раце во нејзина положба, нема шанси да заспие. Само така или во количка.
@lackygirl Знаеш дека не си сама..... Децата ни се такви,јас се помирив со тоа. Не одам на работа,па ми е малку полесно,ама сепак,ноќта е за спиење,не за седење. Го гледав и јас едно време сирупот,ама мм ме предомисли и не го купив,се надевам ќе се покаже како ефикасен,па ќе купиме и ние. Моево не заспива до 1,а има една дремка која најчесто трае помалку од 1 сат и до 15:30 е станат. Енергијата од 15:30 до 1 од кај му е ? Не дава воопшто знаци претходно дека му се спие,ниту можам да го успијам,пробано е во секаква соба и секаква атмосфера. Пред 21 не би го успивала,зошто ми станува во сред ноќ и седи буден. И јас мислам дека се преморува,па после му е тешко да заспие. Од 11 навечер се разигрува и си се игра,претходно е напаст . @sweet.november ми ја уби и последната надеж Влеговме во последниот 10 скок,знам дека ме чека пеколен месец , ама ќе се борам јуначки . Се буди ноќе по 5,6 пати цица и заспива,а овие неколку дена од 4 до 6 седи буден. Среќа само дреме на цицка и не досаѓа за да станеме,го потскарувам и лежи.
@lackygirl ја мислам да има натпревар во неспиење на деца, моево и твоето ке се борат за прво место исто е и кај мене, година и 5 месеци, една нок нема преспиено скрос без да се разбуди. Е сега кај мене не е будење скрос за игра, ама се буди минимум 5-6 пати, се врти, кенка, бара да цица, често и плака на цел глас и морам да го презаспивам. Кај мене некако сам си фати ред за една дремка, мада денското спиење му е со тајмер во газот за саат време максимум се буди и е одма активен, нема расонување ни 2 минути. Не знам што да кажам, јас немам време за ништо, плус и работам и хаос ми е ова со неспањево, да има ред или барем цврсто да спие ке фатиш нешто. Е сега откако има една дремка заспива порано околу 10, инаку претходно 12 не ми бегаше исто со успивање саат време и повеке, додека го успијам се преморам , а пред 9 сабајле веке е буден. Еве денес заспа во 10, влегов да се избањам на раат, ме извадија од туш дека станал, па ајде пак презаспивање на цицка за навечер нема шанси со друг да заспие само со мене, денски заспива и во количка али навечер никако. Е овие ноки приметив дека ако заспие и не сум до него на кревет, го гледам на камера додека работам, ке се сврти и сам продолжува, а да сум до него одма ке бара да цица. Се изнапишав, се изнажалив, се надевам ке дојде брзо ден да видам како е да се спие цела вечер. Инаку ако ми се успие повеке од саат без будење одма проверувам да не има температура. И додека пишувам се разбуди 2 пати за презаспивање, хаос. Доста од мене П.С. Ми фалевте, среќна сум што успеав да се логирам пак на форумов
Не се разбуди да си играме. Само еднаш вода пиеше. Но ако не сум до неа ќе се разбуди со сигурност зошто има еден период после саат/саат и половина после заспивање како да се расонува ме бара со рака. Од новороденче е тоа тогаш цицката помагаше, сега да лежам до неа. И тоа размислувам сите си седат после успивање на децата си гледаат филмчиња или небитно алишта да испеглаш било што, а јас треба до неа да лежам. Може и да пробам вечер дали сама ќе презаспие али ризикот е голем за да стане. Битно како за прв пат успешно. Идеме до три вечери како и со одбивањето. И друга ствар она не се лигави од тројките туку како плуканици и течат. Премногу е она. Ама за брзо ќе ги има веројатно. Брзо е увек дискутабилно
Ние имаме скоро 18м. Имаме две дремки од по саат и пол. Ама сеа проблем ни е ноќното спиење, само се врти, се буди, не врзува ни пола час без да се сврте, да викне... Си ги крцка и забите, можно е да од нив? Живи ненаспани сме
Си дежурам и јас. Точно знае од која страна лежам и ме бара. Спиеме напикани во ќош, а цел кревет празен. Ќе станам на широкиот дел да се преместам, за 2 сек сфаќа, не се буди и пак ќе се напика. Не знам каков сензор има, ама одма сеќава и микро движења.