Нашиве уште исто тераат изгледа . Баш со мм зборевме изгледа до 16 години дека ќе спие со нас, а ние соба планираме да му правиме глупости. До скоро на мобилен слушалка по една во уво и така си гледавме серии. Сега стануваме во другата соба на тв ама се буди на саат време кога мирно само ќе дојде кај нас кога ќе се расплаче па смирувај го тоа е. Престана да се успива со носкање во раце на 2 години тогаш и престана да се буди за млеко. @lackygirl како функциониравте со две дремки? Да не е преморен знам по мојот чим ќе скокне дремка дење ноќта хорор ни е.
Исти си останаа Она соба своја има, уште да сака таму да спие. Цела сум укочена од што спие напикана во мене и не смеам да мрднам. Ај навечер некако се местам, подлабок и е сонот, ама сабајле не смеам да помислам да мрднам. На сама помисла ме сеќава и се буди
@Chantal сам премина на 1 дремка некаде на 14 месеци, иначе исто е кај нас цело време од 4 и пол месеци почна вака да станува, имаше периоди од 2 недели кога врзуваше по 3, 4ч спиење ама кратко беше, на 14 го одбив од тогаш е полошо ама исто тогаш излегоаа 4ките и 3ките почнаа одма по нив, а уште не се пробиени, во меѓувреме и 5ките се набабрени, од како ќе извади заб се смирува малку, недела до две и пак наново. Значи ко имаше 2 дремки, 2те му беа вкупно 3ч, сега е 1 дремка и скоро секогаш е повеќе од 2ч,често е 3ч па и 3 и пол, а поретко е 1-1 и пол час, секој ден различно. Не пишав уште нешто, матичната ми рече ако плачи многу да му дадам 3,4мл парацетамол, му имам даено неколку пати, тогаш спие од 11 до кај 3, после се буди пак на 1, 2ч ама не плачи и е посмирен. Некогаш ако плачи мн му имам даено и во 3ч ноќе. Ама неможи секоја вечер да се дава. И не плачи секоја вечер, ама има ноќи не се смирува постов хаос, хаос сум и јас, милион пати го презаспивав, рацеве скапани ми се, стана во 8ч. Ова досега најдолго да лежи в кревет, не велам да спија, оти не беше спиење....сега е свеж и спремен за игра, а мајка му е Лоу батери
Сега се договоривме. Четири вечери со три ќе се делиме. Он една јас друга. Ќе гледам филм вечер. @Chantal она на слушалки е тортура од гледање. А и мислам дека заслужив да имам два саати од вечерта за мене.
Тортура е ама ми треба и време поминато со него тоа ни беше начин. Сега малце полабаво со паузи на саат време да презаспиеме дете .
Минеме доволно време заедно. Па со коронава како што се изолиравме од свет и предоволно време имавме. Може да се растепаме наскоро Мене ми недостига уште во мозаикот за враќање кон нормала делот со моето време навечер. Филм, серија, книга или музика. Е за нив во текот на денот нема време или те прекинува нешто. Сочувство. Ела
Мислам дека на 18м е многу да има две дремки. Повеќето деца до кај 15-16 месеца префрлаат само на едно спиење преку ден. Може и да му е некој период, ама мислам дека треба само еднаш да спие.
Ми се жали другарка ми не можела да гледа La casa de papel, и сметал јазикот На нечујно ништо не ти смета
@hello-kitty.90 извини за '' утехата'' мила, ама се надевам вие побрзо ќе се поправите со спиење Иначе синоќа стана само еднаш за млеко во 2, и тераше до сабајле до 7. Тоа е поооовеќе од добро Уште кога беше беблак сите ми викаа, не се секирај кога ќе почне да јаде цврста храна ќе почне да преспива цела ноќ, па кога ќе преоди ќе се изморувал и ќе спиел, ахам, ништо од тоа Си прифатив дека едноставно такво е детето и тоа е тоа. @FreeMind читам за малата пишуваш дека многу лигавела. Истото се случуваше и кај мене со малиот пред неколку месеци. Лиги плунки колку сакаш, а не сакаше да носи лигавче веќе и голем беше. Е сега ова што ќе го кажам сигурно ќе ви е смешно, и јас не верував ама од зорт пробав. Една стара баба ми рече, синко гледам лигави многу, земи корка лепче натопи малку од лигите и дај ја на куче да ја изеде. Мм ми велеше ај да пробаме (тогаш имавме куче), велам ај знаеш дека не верувам у такви работи батали. И он зема го направи тоа, па за чудо дете од утредента престана со лигавење До што беше не знам, ама ете размисли ако сакаш и за вакви бабини '' лекови'', дај му на кутрето нека апне едно залче леб Иначе тера дремка скоро 2 часа, му спремав ориз, спанаќ и телешко месо за ручек. Да се обложиме дека у канта ќе заврше? Не сака ориз, не сака грав, грашок леќа, и главном живееме на компир, месо, супа и то Убав ден
@sweet.november добра идеја ти е ова, ама не верувам дека кучето на @FreeMind јаде сув леб Некои деца се едноставно поживи, и тоа е тоа. Ајде здравје второто може помирно ќе ви се погоди
Еве 16 месеци кај немам време за себе Бањање трае 15 мин,пред плакнење му текнува на мене и доаѓаат со мм,да ме види дека сум тука Депилација,фарбање, се е во домашни услови Чупање е сведено на потфаќање секој ден по 3,4 влакненца Шминкањето само не ми е проблем,зошто јас се шминкам,он ми претура по шминки,ама па и пола ми настрадаа ,а немам кога да одам да ги обновам. А и за да купиш нешто треба да одиш на раат и да си бираш,вака со него Откако ќе заспие ноќе откако е роден МОРА да сум до него и да легам,инаку се буди и ако се разбуди,а ме нема голема е веројатноста дека ќе се расони и ќе си поседиме 2-3 саати ( што не би сакала во никој случај),зошто после следува уште едно нишкање и успивање Обично по заспивање ноќе,се буди за 1 саат,цицнува и пак продолжува да спие,па се буди после на одредени интервали Време за со мм на само и се нема,се е на брзинка и односите се сведоа на 3 пати месечно . Копнеам за денот кога ќе заспие ноќе и ќе си спие цела ноќ,без да мора да сум до него. Потајно се надевам дека ќе се промени
@hello-kitty.90 "сонуваме будни" за тој ден @sweet.november и јас пробувам да прифатам дека такво си е детето ама не ми оди Имам пријателка 3 деца има, првото имало скоро 3 години ко се родило второто, ми вели: Првото стануваше ноќе, плачеше нон стоп, бебево спиеше тоа е... Вчера свекрва ми ми вели имало некоја жена Бт на бајро седела, баела, да го однесиме таму навистина не верувам во вакви работи.
И мене често ми велат за бајачки,ама дека не верувам во такви работи,чувствувам дека ми викаат: Епа ако ти е,штом неќеш Требаше на бајачка за еден куп работи да го водам,ама Нели ако веруваш во Господ,не треба да веруваш во гатачки и бајачки,а некако советиве од најголемите "верници" ги добивам.
Јас да споделам еден случај, повеќето знаете дека мојов не е проблематичен по прашање спиење, од старт си спие и во креветче и си легнува на време. Дури ни во скоковите немавме проблем ни заби иоа вади. И коа го крстивме на 7-8 месеци, после церемонија попот на крај ми вели: сега е крстен, оваа вечер ќе спие мирно и ќе има цврст и поубав сон. Тоа беше единствената вечер кај што малиот ми се будеше на секој саат и плачеше Не ми е целта да исмевам нечии верувања, или уште помалку религија, штом сме го крстиле значи веруваме во тоа...ама така како случка ми е интересна како се погоди
Нормално дека ќе плачи каа ќе го измрцварат, де во еден, де во друг, па да го сликат, па да му пеат. Мојата имаше 6м и неможе 1н да се свести не сакаше кај никој
Речено сторено Би ве викнала на муви најт али мех ни сама со себе немам гледано со години. Беба се успа.