И моето летово спиеше по боди само. Сега за надвор и јас сеуште не сум го оставила по кратки ракави. Носи боди на кратки и тенко блузиче. Штознам,рано ми е уште за кратки,и јас одам уште по долги ракави. Па и кога седиме во сенка,ми студи, а не сум зимурлив тип
Абе денски на сонце мене ми е жешко и на кратки, затоа некако многу ми беше 2 слоја да има и малата. А дома, малку поладно е, јас сум по тренерки, па и нејзе ја облакам по долги со боди одоздола. Лани некако поише ја облакав дека беше бебе, ама сега растрчана низ двор дирекно на сонце, не знаев што е полошо, да и е ладно или да се испоти... А и склетџика е, навечер спие само по тенки пижами, ние уште со јорган се покриваме.
Јас сум ептен зимурлива ептен.Како мали мајка ми од нас правела кукли од партали Значи ептен наоблекувани ,плус спиевме на топло и нормално нон стоп болни.Кога одевме на гости со брат ми кај тетка ми,често и велеше една перална алишта да наполнам само од нив двајца ,од едно пресоблекување За малиот ме отекува кога го гледа бос на камера Па бос ми вели Англија е позната по влажната клима каде што нема драстични промени во дневната и ноќна температура и зиме и лете. На лето 25 до 30 максимум,над 30 тука "умираат "од жешко,заради влажноста на воздухот се осеќа многу повеќе. Јас кога дојдов се смрзнував на лето ,посебно навечер и ич не ја сакав ,се ми студеше, но сега 25 ми е идеална температура. Се распишав за климата, зборот ми беше дека не сакам и малиот да биде како мене.Лани цело лето спиеше на ромпер,зимно време не сум му облекла пижамчиња под тренерки никако ,плиш дебели тренерчиња само за надвор. Вчера го облеков на боди на куси и тренерчиња а беше 25,бевме во парк, да ви кажам англичаните дека ги оставија боси голи и плус во дворевите се шлапаа во базен. И навистина имаат појак имунитет,ептен се челичени,зимно време девојчињата на школо одат во униформи (сукња)без хулахопки. Мали до толку не го челичамама нема да биде ни како мене.
Мајки какви долги ракави Боди на долги долу престанавме да облекуваме пред 2 месеци. Сега навечер за спиење под пижамките му облекувам боди на рамки или на кратки ракави, зависи од времето. А денски на кратки ракави со долу боди на прерамки. Мојов од викендот за велигден е по шорцеви Добро имаме денови исклучоци, имаше денови коа беше поладно и врнеше, тогаш или џемпер/палтенце врз кратките или само блуска на долги...таков е мај, променлив. Зависи од денот. Ете денес на утринската прошетка беше надолу долги панталонки, патики и маичка на куси. А сега е маичка, шорцеви и сандали...
Па ова му следува и без да сум трудна. Не ми е баш мотив за уште едно, сиромашкиот после 2 ќе треба да чува
Јас колку го благословувам ова бебенце во стомак ептен Ме спаси од работа уште во 6ти месец,и ми даде можност да се изнаспијам Се надевам нема да ми наплати откако ќе се породам Иначе Ако не бев трудна ќе одев на работа,сите кај нас на работа со мали деца ги оставиа да работат освен трудниците Колку неплански и колку wow ...
Боди на долги моиве носеа само како новороденчиња. После втор месец боди со кратки, небитно дали е зима или лето. Ако живееш некаде каде што е потопло од Скопје, а богами топло е деновиве, премногу го облекуваш детето. Така има поголеми шанси да настине. Трча, ќе се испоти, ќе ја фати ветер и толку треба.
Мамички, дали има некоја која се соочува со истото? Вода не сака ни да мирисне...Пие Хипп сокчиња, кои ги разредувам со вода, онака не сака. Со лажиче и давам малку, ќе се напие 2 лажичиња и после ја плука. Воедно, сте имале ли проблем со пеленски осипи? Беше воспалена доста, се повлече со терапија од Еозин, Афлодерм и Ројазол. Сега има повторно 7-8 брунчиња како поголемки, не е иато како претходно. Искуства ве молам
За вода сите помали деца одбиваат поготово ако се на доење и тешко прифаќаат шише со цуцла. Доколку цица или е на АД преку млекото внесуваввнесува течности нематнема да дехидрира секако, ако не сака сокови не форсирај еве моето е 2,5год па сега почна по малку да пие сок и тоа за цел месец едно кило ако испие, само вода пие. Кога ќе почне да јаде цврста храна ќе почне и вода да пие ако не сака со шише од мала чашка.
Јас никогаш не и облеков боди на долги, ме ежи и помислата на два пара ракави. Денски надвор е само по боди на кратки или на блуза на кратки, без боди. Навечер секогаш и облекувам боди на кратки и одозгоре блуза, или само тренерка. Навечер тенки пижами, ја би да спие боса ама знае и во 3 сабајле да ме разбуди и праша “зошо босооооо? бечи чапкиии”. Откриена скроз, 300 пати ја покривам навечер
И мојата чапки ги вика. Јас сум уште со боди па и она е. Викендов почнавме со кратки, боди на прерамки со маичка на кратки.
Од кога почна да сврзува повеќе зборови? Претпоставувам дека уште мала била брборка како мојата, па да си знам
Па разредувај секој ден малце повеќе, и со тек на време ќе стасаш до само вода. Како ќе јаде цврста храна, се повеќе ќе бара и течности, ама во меѓувреме полека да се навикнува на вкусот, поточно на немањето на вкус
Не ме праша да си кажам. Два збора сврзуваше многу брзо. Ама на почеток со пауза меѓу зборови: Пример: Кисело -ќути- млеко. Ова отприлика на 17 месеци Сега веќе(21м) знае и да раскажува. Пилето лета горе небото. Не сакам бањам косата. Ајде да нанаме. Чао, видиме пак.
Почна да збори по нејзино после годинка некој збор, набрзо почна да сврзува по два збора, некаде кај 17м. Од 18м-19м нагло почна да испушта нови зборови и да сврзува повеќе, веќе 3-4 месеци убаво си правиме муабет Пред некој ден и правам план за денот, што и како ќе правиме, и после некое време ја слушам: “Оде баба точко, виде лека и ногу либи, пие кафеее,пие бода, ладе моко” - Ќе одиме кај баба со точакот,ќе ја видиме реката и рибите, ќе пиеме кафе и вода и ќе јадеме смоки. Цели реченици кажува, и тоа логички.
Моево босо спие цело време не сака чорапи. Е па мами @Happyinlove во 7 му дадов од сирупот Calma B, дури сега го заспав, енергија има детево многу. Ќе видиме како ќе биди ноќва макар што не сум мн оптимист, а можи и треба да попие неколку денови па да почни да делува ќе кажам секако искуство. Лесна ноќ на сите