Едвај чекам сигурно е многу забавно За сега само сврзува акам меко, мама нане, некам не, друго се и е само зборови ама има доста
Многу! Многу е слатка кога нешто не и текнува и ќе почне “аааа,аааа” и се мисли. Или кога учи нов збор, го повторува цело време тивко и вечерта пред спиење го кажува. Деновиве откако научи дека не смее да вика п*чка, ко за инат од нигде ќе се избаци : “п*чка,п*чка,п*чка” Секој втор збор е “зошо?!” Вчера ми примети една модринка на рака и почнува Мамо шо тука боле? Ј:Се удрив мама Зошо? Ј:Затоа што работев нешто Шо Ј:Нешто надвор Зошо мамо? Ј:Затоа што требаше мама Зошо? и така 15мин.
Кај мене не зборува сеуште. 15месеци направи ама не кажува ништо. Едно време кажуваше мама, баба, тате ама сега не. А постојано и зборуваме. Се разбира, команди извршува, повторува кога брче нешто. Како се викаш? Кажува Ида. Сега за сега не се плашам ама сепак ми е гка, зошто не почнува..
Имаше и мојата еден период каде што престана да кажува, после почна пак. Битно е да се стимулира, а само ќе си почне кога ќе биде спремно. Некој деца по касно прозборуваат , како што некој по касно проодуваат, нема правила. Без грижи
Читате приказни,сликовници? Јас и земав од Либерта од оние меките книги, ги има бои,емоции,овошја,бројки.. И така уствари почна да учи. Јас кажувам па неа ја прашувам она повторува, е така ко на Бејби за се прашуваше “ а воа шо?” и почна сама да ги учи. Значи од топка,дете,блуза,балон,патика,портокал... многу сликички се, одлично е за нивна возраст. Сега сме на ред боите да го учиме. Уште сме на зела,пала и љоза ама ќе биде, не ја форсирам. Боички и магнети за на фрижидер во сите бои, сега почнува да прашува за боите на алиштата,постелнините,цвеќињата. Лека полека. Без нервоза
За читање ретко, пошо јас ќе ја земам сликовницата и она сака да ја врти. Али, снежана ја имаме од меките и и викам бабата на Снежана и даде црвено јаболко (она вика ам ам), и Снежана заспа(она покажува со раката нане на ушето раката). Сликовница со животни, јас вртам зборувам, она си гледа. И на крај ќе ми ја земе сама ќе ја врти. Од просветно дело една со морски животни каде е малото рипче и сл, и треба да отвориш за да го видиш.. И правам чук, чук, мама риба прашува каде е малото рипче, и она ја отвара и покажува каде е. Ги разбира работите, ама не се пушта да зборува, а за трчање прва е...
Ќе се пушти нагло. Ја не ни осетив кога се пушти волку да збори. Ме потсети за Црвенкапа, таа ја раскажува само. Волк шума, уши големииии, очи големиии. Капа пита со сирење баба. Во превод: Црвенкапа на баба и и носела пита со сирење
И како што мислев така и беше, 3 пати плачеше, другите 3 без плачење беше станувањето, ќе му давам сега секако го зедов, можи ќе почни после неколку дена да спие помирно читај @Happyinlove Ова ко со попот испадна на кршевката сега ќе спие мирно вечер дека крстено, ма јок се откости од плачење таа ноќ
Читам ама и јас мислам дека вечерва ке има резултат. И кај нас 2 пати со плачење 3 пати си стана мирно со муабет со незнаење каде е... па еднаш мораше кај мене во раце да поспие едно 20 мин. И во 6 станавме. Ноќиве ми се спремни за новороденче Ама замислете па да ми се падни некое мирно,кротко да си спие по цели ноќи да не знан што да правам јас научена да станувам а тоа да ми спие. А го замислувам мм од спална како се бори со малиов
Дали некој премина на обично млеко од Ад? И како го давате? Второ прашање,синко има премногу скокот на нозете,сечење нокти ми е хорор. Совет некој?
Јас на малата не и облеков боди на долги и хулахопки цело зимо. Цело време беше на боди на кратки и тренерки. Сега и облекувам боди на прерамки и маичка на куси или некоја танка на долги. Всушност како се облекувам јас така и нејзе.
Мајки неколку дена малата во сон се пучи со газе и иде на кај мене, ама не а разбирав што сака. Еве денеска 2 пати заспа на мојата перница. Незнам што да правам, фаза е или ќе сака од сега на перница? Да и порачам ли, и каква?
И мојата сака да лежи на мојата перница, ама вака спие на рамно. И тоа јас имам анатомска перница, огромна е. Мислам дека само им е интересно дека ние лежиме на перница.
Мојов вака почна да прави пред еден месец. И јас мислев до перница е и нарачав и испадна дека не сака на перница него сака во мене. Пробав да му ја ставам мојата перница на него, а јас на друга и пак доаѓаше во мене. Пробав јас да не сум на перница и пак исто се буткаше во мене. И еве веќе еден месец спиеме така гушнати т.е тој скоро врз мене, ме рита, ме бутка, рака/нога/глава ми виси од спална не е нешто многу пријатно ама си велам да уживам додека трае, нема да сака вечно гушнат во мене да спие Пред да земеш перница пробај прво дали е до тоа
Ќе почекам тогаш уште некоја ден да видам, сега и ја тргнав и продолжи да спие. @AlicaInWonderland иста сум со спањето се е во мене а јас висам, па сега и мачето измеѓу нас спие Јас кај и да е ќе си постелам на земја ама и таму ќе ме следат
@BabyT* нашето заспивање е така со месеци наназад. Имам и претходно пишувано, јас дете не томкав, не нишав. Ќе ја легнам на меше, глава на перница, газе напрчено и ја тепкам по памперс. Ако прекинам сама почнува да се тепка и морам да продолжам. Штом заспие ја префрлам во креветче на рамно.