Втор ден од сирупот пие, од него како повеќе енергија да добива жими се, од 9ч прв пат пробав да го заспијам, дури сега заспа после 100 обиди, со плачење, леле ќе се избудалам готово
Плачеше 2 пати кога пробав да ја симнам од перницата. Сабајлето сама се симнала и се разбуди. Лаки абе и скок и регресија сега ве тепа не очекувај резултати
лаки беее... Леле и кај нас страшно беше синоќа. За успивање се предаде веднаш , но кога си се решил да не спие цела ноќ и нема спиење. Се утепа од зборење по негово. Ред муабет ред плачење. Се менувавме со мм цела ноќ и на крај го возев низ стан со количка... Јас сепак ке го земам сирупот,бидејќи мојов немири го фајќаат од кога ке заспие... А пази не е крстен
Здраво, прашањево може не е за тука ама да не продава некоја од вас марсма за носење бебе (слинг или некоја друга)?
Лошо беше сношти, од 3 до 4ч плачеше не се смируваше и јас и мм го заспивавме, го нишавме в раце, џабе се. Што скок ќе беше ова, колку трае? Не се трпи
Дами, да ве прашам, гаќички неќна спомнувавте што не пропуштале толку многу. За неполн месец ќе почнам со одвикнување, па каде да барам такви ?
Скокот трае 5 недели. Од 70ипол до 75ипол недела. Громчето е во текот на 72ра недела. Ова за 10ти скок. Тој го фативте веќе или за 9ти бараш инфо?
Нз јас по недели незнам која е 17 месеци направи вчера, 1 ден после термин е роден. Кој иди вака според месеци?
На сила сечам нокти на нозе, будна. На раце кога спие. Пуштам цртани, ја седнуваме на земја еден ја држи друг сече. Друго решение не најдов. Плаче и јас кога ќе сечам нокти на нозе, како да ја страв од звукот на ноктарицата. Последниот 10ти. После овој идат тантрумите... Well, good luck
Нокти сечење едвај. Се лажиме со цртани ама пак ми бега, не дава никако. А многу брзо и растат . На нозе е посебна прикаска. Пола нокти и стрчат од што не дава. Во последно време многу си играе со играчката за погодување на форми. Кога ќе го погоди, се радува и прави браво со рачињата . Исто и кругчињата ги погодува на конусот. Некако како наеднаш да сфати за што се играчкиве .
Нокти на сила сечење. Порано се заигруваше нешто, сега со ништо не се лаже, ама не ја пуштам дури не завршам и обично после 2-3 нокта ќе се смири. На нозете обично и сечам на рати, зошто е скокотлива. Не плаче ама и не седи да ја сечам. Па затоа по 2 нпкта на саат сечам, и така за цел ден ќе завржам работа. Ама на нозете поретко и ги сечам, па не е толку страшно.
Сечам и она си гледа, ако го виде ноктарчето пробува сама и ќе ми викне мама за да ја видам На нозете е борби исто, она влече јас стегам и така...
Сандалки им облекувате? Ако веќе имате купено,да ми дадете слика,линк? Сега почнува да оди,па да не му е потешко за одење или не? Жешко ми е некако со патики да седи цело лето.
Дааа, веќе активиравме сандала А низ двор најчесто е и бос. Последно овие ги нарачав. Ептен се меки и згодни, ми се свиѓа со лепенките можеш и напред и назад да си ги наместиш, а со попустов ептен се ефтини https://www.sportvision.mk/obuvki/7397826-nike-sunray-adjust-4-td кај мојот ноктите на нозете се многу меки и лесно се кршат. Кај вас како е?
Баш овие и ги ставив во кошничка Кое бројче носи твоето? Патичиња најк му се 21,да му земам 22 сандали или 21. И да е за пола број поголема сандалата,може да се корегира со лепенката?
Да не испадне дека ви солам памет, ама за тазе проодени годиначиња, вакви сандали се најубави За да не се сопнуваат со предниот дел кој знае да се витка нанапред, посебно затоа што повеќе трчаат додека не се уште стабилни во одењето, па се засопнуваат. А на некои модели може и да се лизга ноџето и прстите да излегуваат надвор и да си ги удира.
И јас ги прашував тука жените од улица за сандалчиња, ми рекоја дека се лизгало ножето напред и сите ми рекоја дека не користеле сандалки вака за низ двор, за играње само со патики.
Па и јас се си мислам дека ќе му се лизга ножето и дека нема да е стабилен со сандалки. Затоа и прашав,некако и јас бев на мисла да е само со патики,ама жешко уште сега,а во јули,август Помислив на затворени,ама нема убави по овие спортски продавници. Затоа и се мислев за овие како на Алиса,ама си викам дека се стегнува лепенката,па ќе го држи ножето.