Јас сандали во живот немам носено ниту купено. Никогаш не ја сфатив таа обувка за што е, се додека овде не ме заслепеа со сандалите и чорапите. Има логика патем им се лугтирале нозете и медицински е доста добро да се носи чорапа со сандала. Пре би си ги исекла нозете отколку тоа да го облечам. Ќе си оди со патики нема боља ствар од тоа измислено. Мислев да и земам сандали али сега Ана кога ја прочитав си велам боље вака. Инаку супер се патиките најк што Алиса ги откри. Ги истрча денес задоволна сум, само не знам колку се внатре меки. Овие чевлички што имам се многу помеки внатре.
Ние имаме едни сандалки најк 21, а ови се 22. 21 му се поточни, ама нема мака и со овие. Баш утре ќе ти сликам да видиш како е. Јас не сум приметила да се лизга и супер трча. И јас лично не сум тип што носи сандали. Патика за мене е права ствар. Цело време сум во патики јас. Ама за малиов ми е жал да го оставам во затворени обукви и цело време му се испотени и мокри во патики
Ние со Мини откривме дека проблемот лежи во чорапата. Смени ги чорапите со некои чист памук и види дали така ќе поти.
Јас од тритекс му купувам цело време дека убедена 100% кавлитетен памук. Сепак ќе пробам ќе купам некои други. Сакав да пробам и со бебешка пудра на стапалата сепак поубав ми е во патики за дотерување и шетање влечка/сандала за низ двор, дома, улица...
Може да ми кажете во сантиметри колкави им се ноџињата на маливе? Ја мерев мојава, 11см, во табелата на сајтот на спортвижн демек е 21, значи треба да и купам 22. А моментално носи кондурчиња што ги доби на подарок одамна, пишува на нив 17-18, и има еден прст луфта напред. Нешто јас лошо мерам или можно е до толку да варираат бројките помеѓу брендови? Баш се надевам дека стварно е 21 број, дека до сега барав 18ка (според тие што ги носи моментално) и не најдов убави цврсти патики, сите почнуваат од 20ка.
На Адидас 20ка се поголеми од Најк 21ца барем на малата што ги има. Најарно да си измериш на лице место.
Значи врска немаат броевите. Не сакам да ја носам по продавници, најсигурно ми е од истиве да и купам поголем број
На синко 14,5-15см му е стапалото, од Адидас 23ка му се малку големи, има едни од H&M 22ка таман скроз, од Шампионс 23ка мали, а овие чевлите 21ца му чинат и повеќе без да проба не купувам.
Варираат да, ама 17-18ми се чини премногу мало. Тие ептен врска немаат со броевите. Има универзална табела, ја имам зачувано и е вака 10 - 12 months - US 4, EU 19, cm 11.4 12 - 15 months - US 4.5, EU 19.5, cm 11.7 15 - 18 months - US 5, EU 20, cm 12.2 1.5 - 2 years - US 5.5, EU 21, cm 12.8 1.5 - 2 years - US 6, EU 22, cm 13 2 - 2.5 years - US 6.5, EU 22.5, cm 13.3 2 - 2.5 years - US 7, EU 23, cm 14 Сеа нормално нели неможе кај сите исто, зависи од дете и од пол, зависи од марка, модел....сигурно некаде отстапува за број плус минус. Ама твојава да отстапува толку многу и да носи 18ка не ми се верува
Истоа вака спиеме и ние. Кај да е, ќе паднам јас од спална. Она цела оптегната на мене, се искриви детево. Ако ја тргнам, веднаш се буди и пак на мене си се качува.
Не ја носи, земи дома па ако треба ќе ги замениш или ако и се погодени земи и исти. Рачунај напред плус 1 прст што вика Алиса тоа треба 10см да и е ножето
Мојава комотно одеше со сандали од чико. Не сакаше да ги слече, во нив и спиеше. Додуша само еден ден и ги облеков за Велигден и толку. Најака беше дека знаеше сама да си ги облече и цела беше ќефови. Сега и зедов од оние крокс од вајкики, ама 21 и излегоа мали. Се уби од плачење дека не и дадов да ги носи. Па од каде знае таа мочка која е лева, а која десна. Сама ги облече и ми вика тао.
На мојава и се 11.5цм. Исто според табелата 21 ми излегуваше, значи 22 да земам. Сепак ја однесов во Спорт вижн (по 1 само пуштаат во гтц) да и измерам директно. И точно беше како табелата. А на адидас се поголемки моделите. 21 адидас беше скроз иста големина со 22 најк.
11см и е ноџето, а кондурчево е 12-12.5см. Добро е што барем сантиметри пишуваат на броевите, убедена бев дека малава е Палчица со најмалите нозе на свет Фала на сите
Моево лани само што прооде му земав сандали адидас заради тоа што беше летно време, му се изнаноси. Е да сега не е баш толку стабилно стегната ногата како во патики ама добро си одеше и со нив и плус нон стоп луфтирација на ноџињата Еве ги Spoiler Ако најдам бројче пак би му земала од истите. Сега си е нон стоп во патики. Туку, имате ли проблем со шишањето? Мојов два пати е шишан до сега и тоа со страшни плачки, коса ми се крева кога ќе ми текне дека треба да го шишам. Ужас! А веќе му е порасната и му оди во очи
Дечки Џамбо отвори сега бев И чешмата ја има 600 денари е Си земаа убави пари овие од кај што нарачувавме
@BabyT* па и во Галакси мислам дека кажаа дека е околу 1000 ден Многу поевтино во Џамбо. Ај битно децата се играат цело време. Не можам да го тргнам мојот од судоперот и по неколку пати го пресоблекувам. Цел се мокри. Блазесиви,се си изнакупивте од Ваикики , се надевам ќе сака и мм да тркнеме до Ск,ама ако се чека многу ред (а посебно во недела) не знам дали би бил воодушевен од идејата Со деца одите или сами? Дали би ме чекало моето со татко му надвор,не ми се води внатре
Денес е од оние денови додека ми се виси на нога закачена со спуштени пижами обидувајќи се од фрижидер да ги земам оревите ми падна сусамот на земја. А она со брзина на светлината седна доле и ги буткаше под фрижидер додека истрчав да ја земам правосмукалката. Живели!
Јас го зедов од Играчки за деца. Не се жалам вреди за секој денар Луѓе само јас ли неможам на страните на СпортМ да најдам сандали? @Spidy од кај рече дека си и земала бодиња? Овие од страна не ми се чека уште ги чекам комплетите а немам доволно.