Исто ми прави со водата. Пие и го превртува шишето да истече вода. Некој период и е трае една недела засега. Ништо не правам дишам длабоко и бројам до десет. И секој пат повторувам дека тоа не е добро да го прави. Во последно време исто без да ја видиш за секунда може грицките на Ози од уста да му ги извади и бега. Не само што тоа е лошо оти на некое друго ако му направи така ќе и ја откине раката за храна туку не можам да одгатнам зошто нон стоп го прави тоа бидејќи ние така не си играме. Некако почна да изводи народски да се изразам. Стои на надворешна врата тропа со рацете и сака да излезе, а не е далеку од кваката и фали уште некој сантим и сама ќе искочи. И заборавив да споменам успешно миневме пет дена со ред со едно преспивање и потоа почна да станува во 6/6.30 Така да ја успивам во 9.30/10 еднаш и потоа уште еднаш кај 16.30. И фактички пак до 22/23 седи. Ужас.
Е така, исто. Дишам и јас и додека плаче си мислам, па јас треба да плачам не ти Околу спиењето станува тогаш 6:30/7 најкасно ама се навикнав. Само уште има криза од 17 до кај 19 часот, а потоа пошто и се раскршува 'сонот' едвај ја успивам. И многу е возбудена за мачето. А го слушне станува и тргнува по него. Околу кучето мора да ја научиш дека не смее, што викаш може да биде опасно за неа. Денес на Ози, утре на некое друго кое нема да трпи.
Најнервозна сум кога ја облекувам, имам пишано неколку пати дека е неподнослива. Значи едно е да плаче и не сака, кај мене се боре со сета сила, се витка, мава со раци и нози, ни играчки не ја занимаваат ни ништо. Едвај успевам пелена да и сменам, па потоа се бркаме низ дома за другото. Тогаш ако нешто ми зборува сопругот, си го добива. Знае да ми рече зошто ми цркаш, прашувам само, ама посилно е од мене. Или ќе и сменам пелена и понатаму му ја предавам од што сум нервозна.
И мојов не се заигрува сам. И коа игра дома со некоја играчка мора да сум до него, да играме заедно. Единствено може да се заигра во кујна со тоа што на 3мин ми носи чаша со замислено кафе да пијам, демек правел кафе Мора да ме има на видик во секоја секунда, одма вика мама. И кпа го оставам загледан ви цртани да идам во вц то слушам: мама мама мама...ама така ко навиен, ништо панично. Ќе се појавам и ќе престане А коа сме надвор е друга приказна. Надвор ко да не постојам. Не ме рецка ни погледнува. Коа му викам нешто не, или не трчај, застани...џабе, сама на себе си зборам. И затоа најчесто сме низ двор. Ама пак неможам да го оставам сам и да одморам, опасно ми е низ надвор, мора да стоам над него секоја секунда инаку ќе го најдам во фонтана влезен после 3мин И кај нас вода е омиена играчка. Раце миеме со плачки зашто сака цел да се бања. Ако влеземе во вц тогаш влегува одма во туш кабина и не излегува. Излегувањето е со плачки. Затоа раце миеме во кујна. Ама поради ова сега и миењето заби ни е проблем. Пред спиење ќе го однесам да мие заби, се во ред. Ќе завршиме и не сака да излегува. Се тегле накај кабина да се бања. И ќе излеземе едвај со плачки. Па се разбива дремката, па ајде смирување, па успивање....Ќе почнам да му ги четкам во спална пред спиење. А што убав ред си имаве. Ама ете почна да изведува и да бара по негово да е
Ај да не кажувам некни ноќта после непрекинато плачење од 15 мин му свикав и прекина да плачи, дојде кај мене в раце и ме гушна и заспа, после неубо ми беше дека му викнав 2 дена со сирупот катастрофа беше, 3 ден не дадов стана само 2 пати, ноќеска 4 ден пак не дадов и пак стануваше 100 пати ама не плачеше....овај скок најтежок За преслекување борби, мава со нозете силно @paleska3 и јас го давам на мм да го заврши облекувањето некогаш тој ми вели ако се изнервираш донеси го и излези да ти помини нервата. И мојов в чешма сака надвор, ама не го оставаме и не бара многу оти сега почнаа пчели и оси да идат за вода, надвор во двор е скоро цело време, имаме и 3 мали мачиња и одиме ги гледаме, имаме ластовички на тараса обавезно и нив ги посетуваме, имаме куче од комшии кое е кај нас штом сме ние надвор ги сака сите животинки, ги гали, за чудо не ги стега уште мачињава се мали 3-4 недели се и нежно ги фаќа
Некоја мајка спомна дека го има во џамбо. Цела радости пуштив маж, ама не нашол. Ако има некоја мајка во Скопје да го начека, дали може да ми пушти по карго? Частам кафе на широк сокак.
Мм провери во тоа на Широк сокак и не видел. Можи и да има, ама мажи, знаеш колку догледуваат. @Feodora Ако проверам деновиве во она во Новиот пазар ќе ве известам. Ако не ме претекне некоја членка.
Пред некој ден влегов во Џамбо кај Веро ама не ми падна в очи. Можеби и дека не ни знаев дека го има. Ај утре ке видам ќе ви кажам
И јас го барам судоперот, и го нема по ФБ веќе. А тешка работа да одиме до Ск... Денес го носевме на фризер, втор пат. Првиот пат помина супер, дури и видео снимаше мм додека го шишаа синко. Е затоа овој пат беше хаос. Ем се исплаши од фризерот со маска, ем се преплаши од машинката. Ама мораше да му ја скрати убаво оти густа му е, и бааги долга му беше, а пред два месеци беше шишан. Сега ми е право момченце
Мајки дали некоја од вас има ваква кукичка? Барам да купам за подарок за девојче за втор роденден, па да ми кажете тие што имате дали си играат?
Акo се излoжени нa сoнце пoдoлгo време oбaвезнo дa се стaвa крем сo зaштитен фaктoр. Мене бекутaн нaј убaвo ми мирисa и си јa врши работата, 30кa е дoвoлнo.
Јас имам голема куќичка од џамбо, 50е е купена. Влегува внатре да се скрие, да отвора прозорци, а да се заигра внатре не. Надвор од неа и се играчките. Ама ние сме 15м. Очекувам да си игра во неа за кратко..
Јас на лице од фризидерм 25 фактор му ставам за надвор, добар е му одговара на кожата иначе крем за лице, за тело, купка од биодерма користам.
Јас ја мачкам со 50ка фактор на Бекутан Мирисот ме потсеќа на одморот лани исто ја мачкав со истото,и одма се натажувам дека нема одмор годинава хаха Иначе @paleska3 и јас се нервирам кога ја пресоблакам посебно после бањање ауу,и од што прета знае и по стомак да ме исклоца и тогаш почнувам да урлам и викам маж одма Мнг се досадни за пресоблакање мнг!
Другрка ми има бебче од 3 м и се жали дека многу напорно и било преслакањето на секое. И викам почекај за 1 г, ама не ми верува, големо ќе било тогаш и се ќе разбирало. Да, секако.