И јас сакав да земам ваква некоја, таман се израдував дека има за 50е Многу е 100е, не ми се даваат толку
И кај мајка ми има кукичка, не е иста ваква, ама исто 100е беше. Мојава си игра, влези излези, особено кога има и други деца, па се ѕиркаат од прозор. Мајка ми и ја купи за подарок за Велигден, иначе и јас не мислам дека се исплати за парите. Интересна е во двор да ја имаш, ама не дека ќе се утепа од играње. Споредбено има и лизгалка и лулашка, тие ги обожава. Тоа повеќе би ти препорачала ако сакаш нешто да купиш за во двор.
Моево почна да се крие за какање шо убо си го издржував до сега, чист си беше, сега еве го пред недела дена почна да ми се крие, не го сеќавам дека се кака, некогаш ако го сетам одма го слекувам ама брз е и веќе завршил работа
сама себе цитирала Само што пишав тргнав од работа да си ја земам малата од кај мајка ми, а дете пржул во образи Заборавила да ја намачка, а 20 мин на сонце во двор играла. Што да и мачкам? Јекодерм??
Мојата цело време така се прави, сега има дури боја добиено Не и ставав ништо. Туку гледам зимате ниски фактори, јас па 50ка земав сега се мислам... Кажувајте што е правилно
Јаа барав 30ка, се 50ки ми нудеа. На крај земав 30ка од некоја unknown фирма. Ама не гори многу мојава, гледам фаќа убав тен, како татко и е.
Минимална е разликата од 30 до 50 фактор. Не се сеќавам точно, ама беше нешто како 30ка штити од 96% од зраците, а 50ка од 98%, нешто така. Многу е побитно почесто да се нанесува, секој пола саат, отколку јачината на факторот.
Не сум знаела тоа. Ама секако лани купив 50ка дека таа ја најдов во паковање како спреј, и планирам да си ја дотрошам сега. Стварно не мислам дека толкава е разликата. Секако подобро да се спречи него да се лечи, само јас лично не се потресувам многу на темава. Кај баба и цел ден е во двор, ни сенка видела, внатре за спиење само идеше, и неколку викенда по ред таму бевме периодов, уште не сум ја мачкала со фактор.
Нема штета од повисок фактор. Ај да си земала низок па да се мислиш И јас 50ка ставам. Го имам на мустела и чико. Мустела демек пореномиран бренд, ама на чико дека е со прскалка полесно ми е за нанесување. Супер ми се и двата, си вршат работа. Јас ептен сериозно ја сфаќам заштитата од сонце за мене цел живот користам 50ка фактор за лице, a не пак сега за дете... Зошто не 50ка за дете? Од каде ова инфо?
Не би ти препорачала од лани да ја користиш сега. Најчесто по отворање имаат макс 6 месеци рок на траење.
Лани и ставав 50ка на Мустела, сега некој пишат до 1г не се ставало ништо потоа послабо. Не ми се остава така, затоа што знаеме во двор да сме по 3,4 часа. Затоа прашав што е правилно Инаку јас колку што знам имат рок на траење 1г,барем на овие што ги земав, во сротивно може да се иритира кожата. На себе имам осетено
Може да ставиш од тоа на чико? Јас имам екокозметикс ,на пумпица е мало е, ептен ми врши работа секаде си го носиме со нас. Исто 50ка е. Мустелата не ја сакам. Мн лошо се размачкува. И еуцерин сум користела ,добар е.
Проверив, има знакче дека трае 12 месеца по отварање, а и пумпица има, како спреј е, не е баш изложено на воздух, затоа и такво барав првично. Ќе истера и летово.
Синоќа првиот тантрум ни се деси. Да ви ја опишам нашата грешка никад да не ја правите. Игравме криенка додека дојде време за капење. И на среде игра бидејќи водата беше веќе спремна се скривме во тоалет демек поинтересен да е воведот за бањање и јас само затворив врата...леле! Се маваше со главата од плочки рикаше се бореше. И така расплакана ја ставивме во када и тука беше врвот мислев ќе прекине да дише клоца фрла со вода по нас. Бањањето траеше некаде 40 секунди ја облековме, заби на сила и во спална на спиење. За пет секунди ново дете си игра си пее. Многу се исплашив. Многу. Никад никад тодлер да се прекине во игра. Прво заврши го тоа што го правиш па потоа друга работа.