Совети и искуства од мајки за дечиња 12-24 месеци

Дискусија во 'Дете' започната од НаталиЛили, 2 јуни 2015.

  1. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Јас побрзав да ти одговорам ама искрено незнам и јас правилно што е. И немам неке сигурно инфо.
    Јас лично сметам дека си треба заштита. Ете што велиш по 2-3 часа надвор неможеш да го пазиш да е под сенка цело време. А друг муабет е што штетните зраци фаќаат и во сенка.
    Што знам, ми нема логика крем наменет за бебе да е поштетен од директни ув зраци :)

    еве го, го има и по аптеки и има исто и 30ка
    4D013DF3-2E18-43D1-A583-862D7E8998F6.jpeg
     
    На BabyT* и eli25 им се допаѓа ова.
  2. Milaаа991

    Milaаа991 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2018
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    11.385
    Пол:
    Женски
    Еве и јас уште немам почнато да ја мачкам, светла е, но има тен што веднаш црнее и не се вцрвува исто како нас. И ние само за на плажа се мачкаме. Игра често надвор, ама кога не е силно сонцето и гледам да е под сенка.
    Од лани имам Еуцерин 30 ка скоро е цел, дека имавме костими со фактор, а таа малечка и немав голема површина за мачкање. Баш ќе видам колку има рок по отварање, за да ја мачкам вака за шетање. За на одмор пак би зела ист. Лани супер поминавме.
     
    На BabyT* му/ѝ се допаѓа ова.
  3. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.287
    Допаѓања:
    24.773
    Пол:
    Женски
    @FreeMind ми се има случено неколку пати ова во последно, ако го прекинам во некоја игра или еве последно сношти беше, му ја земав четката за заби, се миеше, никако не ја даваше и му ја зедов на сила да речам, ко почна да вришти и да се ака назад на креветот, среќа што беше на кревет, да беше ѕид зад него в ѕид ќе се маваше (facepalm) му ја дадов пак ко ја зафрли преку маса :D па после се смири некако.

    Лани ко купував во Зегин ми рекоја дека за бебе 25ка фактор требало, таков зедов, тој ми го препорачаја тој од фризидерм, истиот и сега го користам, не гори и синко само потемнува, а рацете му се црни како нараквици да носи :D
     
    На Milaаа991 и Ringishpil_ им се допаѓа ова.
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.962
    Допаѓања:
    203.339
    Пол:
    Женски
    За повисок фактор, потребно е повеќе хемија. Заштитата се постигнува со физички и хемиски филтри, најпросто кажано, физичките филтри се подобри, бидејќи ствараат физичка бариера која УВ зраците не можат да ја пробијат, за разлика од хемиските филтри кои се активираат со дејство на зраците, не дека не штитат, ама се впиваат во кожата и се бајаги поштетни од физичките филтри, оти некогаш под влијание на сончевите зраци може да дадат алергиска реакција кај осетлива кожа.
    Јас за деца користам максимум 30ка. Сабајле ги мачкам, докај 10:30-11:00 се надвор, после се дома секако. Попладне не ги мачкам пак, после пет излегуваме.
     
    На duffi, hello-kitty.90, lackygirl и 4 други им се допаѓа ова.
  5. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Имам исто и на Babylove кремче, пишува за ветер и сонце тоа штите или нема врска?
    Ана а колку е штетно и покрај што се хемии, бидејќи ставаме 1 на ден и тоа е така 3 месеци да речам :wasntme:
     
  6. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    И колку години со ред така?
    Читајте го составот на козметиката која ја користите, кожичето на малите е посебно осетливо и тенко.
     
    На Lolipop23, BabyT* и Milaаа991 им се допаѓа ова.
  7. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Разбирам. Но дали поради хемијата во производите е подобро да ги оставиме “голи” на ув зраци...
    Мое мислење е дека од две зла, кремата е помалото.

    Впрочем, ув зраците ги има и пролет, и кога сонцето не е многу јаки, и кога е облачно. И мојот не црвенее туку право темнее, иста сум и јас. Ама не мислам дека со тоа е решен “проблемот”. Изгорената кожа е само привремена последица, а последиците подлабоко во кожата од ув зраците се трајни.
    Еве денес во мојот град е облачно и нема сонце, никакви сончеви зраци. А ув индексот е 5, што е на граница на висок и мене не ми е баш океј да го оставам без заштитен фактор.
    ова правам паралела со фактор и без фактор.
    А колку да биде факторот, најверојатно сиво право дека и 30ка е доволно и подобро

    Незнам, не велам дека сум во право. Не сум стручна, само гуглам :) ама многу страв имам од ова.

    Лани беше полесно, бебе во количка, кога ќе го шетам тогаш седи, чадорче, сенка, под дрво...јас поставувам правила. Иди сега собери го низ двор :D
     
    На lackygirl, Spidy, BabyT* и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.962
    Допаѓања:
    203.339
    Пол:
    Женски
    Тоа за ветер за во зима е, погуст крем е, без заштитен фактор. Тежок и мрсен е.
    Види, за деца е доволно 30ка фактор. Нема потреба од појако, секако не ги изложувате директно на најјако сонце, па да мора со јаки фактори да се заштитени.

    Ама доволно е 30ка фактор, не мора 50. Штити навистина доволно, пошто како што пишав погоре, сигурно не седи детето со саати на најјакото сонце, впрочем ни ти не седиш ако не мораш. Физичката бариера е доволна, и да, убаво е да се обновува со неколку пати мачкање ако детето поти или игра со вода, макар што формулите се водоотпорни. На Санденс ми се свиѓаат новиве, без октокрилен се, што е една од полошите хемии во спф кремите.
     
    На lackygirl, mamaJana, BabyT* и 2 други им се допаѓа ова.
  9. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Во право си. Ама што да читам кога не се разбирам :D
    Затоа прашувам. Ќе се обезбедам тогаш со 30ка фактор.
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Milaаа991

    Milaаа991 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2018
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    11.385
    Пол:
    Женски
    Јас лани долго читав пред да одлучам што и како, и баш прочитав повеќе од 30 фактор не. После овде ве читав вас дека ставате 50 и баш се мислев дали сум во право и кој греши. Затоа и облакав блузе со 50 фактор за на плажа и да не му се мислам. :D
     
    На AlicaInWonderland и BabyT* им се допаѓа ова.
  11. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Абе за блуза да ама лице и нозе :wasntme:
    Штом е доволно 30ка се разбира дека е подобро за кожата да не ставаме хемикалии.
     
    На Milaаа991 и kukla21 им се допаѓа ова.
  12. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.287
    Пол:
    Женски
    За крема со фактор педијатарот ми рече до 1 година 30 ка фактор, после година може и 50ка. Јас користам и сега 30 ка од Еуцерин и сметам дека е доволно.

    Инаку јас со прашање како им давате месо, кај малава мелено проаѓа ама другото го плука.
     
  13. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.017
    Допаѓања:
    14.833
    Пол:
    Женски
    Давај и мелено, што има врска.
    Јас месо сечам со нож напречно по влакната, и го цепкам на ситно, и со остатокот од храната сецкана на коцки. Многу одамна почнав со парчиња место пасирано, и иако нема позади заби си јаде и така. Не јаде општо многу количински, ама си џвака без проблем. Битно ми беше да јаде нормално, и форсирав да батали блендирано и пасирано.
    Ама за месото конкретно мислам дека не значи ништо, ако сака мелено а не парче месо, не ми е битно, се додека општо јаде парчиња храна. Не е убаво само каши да јаде, а ако една храна ја бара во конкретна форма, би и ја давала така како што ја сака.
     
    На paleska3, Milaаа991 и mimiiiii им се допаѓа ова.
  14. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    Читај какви се филтите и да нема деривати.
     
    На BabyT* му/ѝ се допаѓа ова.
  15. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.287
    Допаѓања:
    24.773
    Пол:
    Женски
    Да прашам јас за Витамин Д, давам Пливит Д3, матичнава ми рече да му ги прекинам сега летово, а оти јас мислам дека до 3 год треба секој ден да се даваат? На ортопед не го имам однесено, како ве советуваат докторите?
    @Annath ти да не знаеш?
     
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.962
    Допаѓања:
    203.339
    Пол:
    Женски
    Мене ми велеа до година и пол без прекин да давам. Кај големиов се погоди да продолжам до две години, оти зима фати, а малово беше таман. А после тоа само во лето пауза, остатокот од годината редовно се дава препорачана доза.
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Milaаа991

    Milaаа991 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2018
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    11.385
    Пол:
    Женски
    А што ако не е уште затворена Фонтанелата?
     
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.962
    Допаѓања:
    203.339
    Пол:
    Женски
    Па дозата секако ја давав по препорака од лекар, кај моиве се затвори некаде после годината, кај големиов порано, кај малово покасно. Ортопед ми одредуваше доза.
     
  19. Milaаа991

    Milaаа991 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2018
    Пораки:
    2.915
    Допаѓања:
    11.385
    Пол:
    Женски
    И пишав сега на матичната. Па ќе видам што ќе врати. И дали да ја носам на ортопед.
    Со пуста корона не проверени ни останаа децава. Се одложував, ама ќе мора да се вратиме во нормала.
    Едит
    Сега се слушнав со матичната. Вика да прекинам со Д3, да ја вадам на сонце по 30 мин. На ортопед да не ја носам, акоо ми е мисла таа ќе ја видела.
     
    Последна измена: 16 мај 2020
    На lackygirl и Annath им се допаѓа ова.
  20. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.517
    Допаѓања:
    27.302
    Пол:
    Женски
    Јас од второто лето (на година ипол) почнав да го мачкам со крема и тоа само на одмор кога бевме. Читав многу за кремите и се консултирав со Биодевојка па земав на Веледа со 30ка фактор. Со физички филтри е, штити доста, водоотпорна е и прилично тешко се размачкува. Веројатно и годинава истата ќе ја земам. Инаку Биодевојка исто многу ги фалеше кремите на ЕкоКозметик како најдобри за дечиња.
    [​IMG]
     
    На lackygirl, hello-kitty.90, PrettyG и 2 други им се допаѓа ова.