Затоа ли ти уште од сега вака, за да види во светот како е? Баш различни размислувања, јас сум за да изгради самодоверба да се избори во светот и притоа секогаш да биде сигурна дека сум тука за неа, без разлика на грешките кои ќе ги направи. А сите ги правиме. Воспитувањето не е на кратка патека, сега да е мирно детето и да слуша, важно детето ме слуша нешто кога ќе кажам, зашто инаку игнор и крај. Сум го дожиевала тоа, знам како боли. Затоа и пишувам и советувам против такви манипулативни тактики.
Има разлика од игнорирање намерно и ненамерно. Реално, не секој игнорира како во случајот на @Spidy . Tуку, игнорира и не попушта и прави траума на детето И од начинот на @RainBow има две страни исто.
Сите ние си ги базираме одлуките врз нашите искуства. Јас имам мајка која сакаше да биде другарка со мене и ден денес не прифаќа дека јас не можам да бидам другарка со неа. Таа ми е родител, и не може да биде друго. Затоа јас не се ни обидувам да бидам безусловна емотивна потпора за моето дете. Јас сум сега родител и од себе имам очекување да израснам дете кое ќе функционира во реалниот свет. Тоа не значи дека нема да ја сакам што и да биде во животот, ама исто така не значи дека треба да ја чувам во стаклено ѕвоно и да не дозволам ни за секунда да се чувствува нешто помалку од задоволство во секој момент. Знам дека примериве ми се екстремни, ама за мене тоа е сигурна рецепта за "Леон мамичка" тип на деца. Утре во градинка, училиште, на работа, па и со сопруг треба да знае дека не може заради нејзините внатрешни немири останатите да и се прилагодуваат, зошто речиси никој не го прави тоа. А ако нешто сакам да го знае за 30 години, ќе почнам да ја учам од сега. И пак ќе речам, затоа што е поладен пристап кон воспитување на едно дете, не значи дека е сурово или манипулативно. Според мене е само реално.
И јас сум “позитивна и смирена”од тоа неспиње Обесена на цицка дење, обесена на цицка ноќе. Стани за работа во 6, дојди си па работи дома, па ќе ти се дере и траќа од земја зошто така и текнало. Која смиреност, кои п.... м.... Знам дека ме осеќа кога сум напната и нервозна. Еве и сменив тактика денес. Да не речете не применувам совети. Не и викав “не оди на сред пат по белата линија” туку “покрај белата линија одат колите, а мајките и децата за раче одат по крајот од улицата”. За чудо, прифати. Прифати и да јаде на тераса, дека после ќе ги вадиме со црево борчињата и цвеќињата заедно, зошто се инаетеше со цревото во рака сама додека ние јадевме. Ниту во еден момент не и викнав, налутив, туку цел ден бевме заедно. Се заигра сама со коцките за прв пат. Е неќеше да се бања, беше преуморна, и заспа небањата. Прв пат да одбие. Се тегнеше и дереше во купатило, среќа успеав лице и раце да и измијам. Ама не можеше се совршено да биде, многу ќе ми дојдеше
@Spidy ти ме разбираш погрешно, мислиш јас сум на другата страна од тебе, ама не сум. Јас не се обидувам да сум и другарка, добро си ја знам мојата улога. Ниту пак и билдам лажна самодоверба, па светот да ја срози. Ако нешто не е направено убаво ја поучувам како треба за да биде подобро, а не и викам браво, најдобра си. Зашто ќе отиде во школо и таму ќе види дека не била најдобра. Ама секоја граница, секоја работа може да биде направена со добро и со разговор. Тоа што јас објаснувам, разговарам, ја поучувам, не ме прави другарка нејзина. Јас не сум пермисивен родител, се водам според attachment parenting. Градам врска со нејзе со взаемна почит. Ако сакам да ме почитува треба и јас нејзе да и го пружам истото. @Chanell* малку порано да си ја легнела и таман ќе било. Кога се преуморни... Нема разбирачка, како со пијан човек да се обидуваш да се разбереш.
@RainBow Обично 9:15,9:30 е заспана ама ноќеска до тоа време надвор со цревото со татко и беа Уште тоа ми остана, легнување порано. Ама од дете кое заспиваше 11-12, дури и 10 ми е одлично. Кога легнува во 9 ми е чудно дури, а кога сум ја легнувала во 8 секогаш стануваше свежа во 10-11.. тоа сценарио не би да ми го повтори Среќа и со јадењето се опорави малку од малку, и го најдов омиленото, а тоа е светиот пинџуууур Секој ден пиперки и домати да има, она би јадела. Не се жалам,битно пројаде нешто. Ајде бе.. ќе преживееме
Мојава го обожава трициклот. Сама седнува и пробува да се врзи и ми вика ајде брм брм тао. Во количка порано не сакаше многу, додуша откако имаме точак не сум ни пробала во количка да ја седнам. Како тенк ми е во споредба со точачево мало и компактно, па и што е лесно за возење. Убавина. Имаме и баланс, ама мала е уште за него, од 2 г е, па едвај на прсти и стигаат нозете. За тантруми почнаа и кај нас. А нешто не и е по мерак, веднаш легнува на земја и се ака. Веќе ме плаши што и како ќе биде во иднина.
Секако дека ќе преживееме, па ќе дремеме тука и ќе ги чекаме да се приберат од излегување. И пак нема да спиеме. За трицикл мене ми беше спас. Го купив година ипол кога имаше, количка не сакаше, само стоеше во неа, не можев да ја возам. Во трициклот се осеќаше дека има поголема контрола, дали дека поблиску до земја, ама го обожаваше, најискористено нешто ни е. Ама веројатно зависи до детето дали ќе сака да се вози.
@RainBow многу би сакала да те запознам. Толку смирена личност си? Да гледам само дете, друго ништо можда подруго би било. Ама како можеш да не бидеш нервозен кога навечер станува постојано, плаче. Маж на работа(одговорна), ќе се препукаш. Стануваш како зомби, работиш(по 60 пациенти, секој со своја мака и приказна) , се враќаш дома дете до вечер турбо и пак навечер нема спиење. Ме вади од кожа а не да се навикнам на темпото. Ок, се навикнав,ама смирена? За второ многу сакам, многу. Ама незнам како би издржала. За родителството.. Верувам и знам дека секој од нас во темата се труди максимум и никој не уклучува јутјуб дете да гледа само за да седе мајката на телефон. @FreeMind кај мене малата не го сака тушот. Бањањето во корито го сака, ама штом го види тушот и е страв од водата што ќе ја допре на очите. Денес се бањавме под распрскувачот на тревата. Пресреќна беше. И да, татко и и е повеќе интересен за игра. Трицикл не сака ич, плаче во него. Сака да трча, да биде слободна а не ограничена. Пред некое време како ќе заврши со пиење од шишето го фрла на земјата. Јас и велам:мама кога ќе завршиш со пиењето млеко/вода, шишето ќе ми го дадеш мене /остави го на масата. И се научивме, успеа. Сега постојано го прави тоа. Знае некогаш да фрлњ пак ама 85%од случаите го става на масата или ќе клекне и ќе го остави на земја.
незнам ни сама како ми успева/неуспева 17 месеци без сон, од 5 месеци 10кг е, од 2 месеци в раце по цели денови, среќа немав проблем со јадењето, спиеше и дење, уште си спие дење по 2 часа минимум, ама ноќиве и не сеуште неможам да се помирам дека такво е детето уште барам чаре за да спие ноќе, последно ми беше сирупот Калма Б и од него ништо.... Додека бев на породилно беше поиздржливо, ама од ко почнав на работа друга прича...мислам дека беше трет ден од ко почнав, доживеав некој напад нз, толку многу бев нервозна, што кога дојде свекрва ми и го дадов синко и почнав да плачам, плачев многу неможев да се смирам можи 2,3 часа, на детево неможев да му се опулам, лута бев, на него, на себе, на сите, тоа само тогаш ми се случи. Мислам дека секој ден го туркаме, туркаме стануваш неспиен, одиш на работа, цел ден со луѓе се расправаш, веќе си исцрпен, често и нервозен, си идиш дома...тоа мало човече ти трча право в раце да те гушни, да те осети добивам малку сила (можи звучи клише) никогаш не сум преспала дење од ко сум на работа, нема време, сакам секој момент да го искористам со него, ако сум имала полош ден мм повеќе го чува, ме гледа дека неможам ме остава малку на рает да одморам Незнам што ме одржува, јадам редовно, јадам салати, пивнувам по 1 ракиче денот пијам цело време витамини, магнезиум, бедоксини, ибупрофен често за главоболки И јас како @TeddyGrey најмногу по инстинкт се водам, го следам него, многу често кога се инаети му велам Ајде сам ти да го направиш тоа, секогаш ми успева. Др пример Не сакаше да се мие заби, оставив некој период, пробавме пак, Сам да се мие, почна сам и сега нема проблем и јас го мијам и сам се мие, не форсирав кога нејќеше, мислам дека така само контраефект ќе добиевме. Пред 10тина дена плачеше за капење, само 2 пати беше така и му помина, го капевме набрзина, не сменив рутина. Знам и да го игнорирам кога мислам дека треба, со мм е скроз поинаку, се му оди "по газот" и уште од сега го мафта малово
@lackygirl е, тоа е тоа чувство најубаво. Кога се враќаш од работа, тие насмевки и тие прегратки. Кога се преправаш дека те боли нешто или се преправаш дека плачиш и одма те гушка. Наутро кога станува пред тебе(а секогаш станува пред тебе ти си уморен) доаѓа на перница, те гушка, те тепка, те гали. Таа насмевка..
станува на сабајле тој наспан и вели мама, мама (до мене спие) после тате, па мама, тате тешко е стварно без сон, ама се надеваме дека ќе помини и ова, дека че почнат да спијат и ноќе без да станват на секој 1, 2ч, надежата последна умира (ама умира Еве сега го презаспивав, а во 10 и пол заспа дооолга е ноќва Лесна ноќ мајки утре од 8 до 17ч на работа
И јас некако се водам по инстикт, не игнорирам туку ја земам во раце дури и да плаче и да ме мава у бесот ја држам и гушкам и одвлекувам внимание, сега за сега успева. Правам така како што мислам дека е најдобро за неа, без да мозгам многу. Бес и нетрпение и да викам ми се деси деновиве кога јадачот најголем одбиваше да јаде све освен тоа што замислила на пример цел ден би глодала јаболка или сладолед и така од како направив 3 доручека ( а викав дека никад не би така, ќе јаде тоа што е направено) и се изнавикав и почнав да плачам. Еве денес јадеше све што направив пу пу и си викам само да јаде сите тантруми ќе ги издржам. Инаку за бањање срамота или не ние сеуште ја бањаме во дневна во корито, ставаме тепихче од тие за играње. Немам када и во туш кабината си игра ама никако не сакаа да се бања се плаши од тушот и чекаме сама да посака.
Луѓе уште не е ни почнат скокот, а малата плаче навечер. Се смирува само со лулање и цврсто да затера. Плаче чудно Писка само и ги стега очите, не ми изгледа како да ја боли нешто.
Може сонува нешто па се плаши. Мојата така прави, ама и зборува во сон па знам дека од сонот е исплашена. Скоро пред некое време од 2 до 3:30 навечер “бркавме буби” и ме тераше да и ги чистам рачињата имала буби Дента им ги растураше куќите на мравките, вечерта на сон и дојдоа Јас па никогаш со скокови не се позамарав, може ќе најдев утеха за плачките ама .. Не одам по книга
Ние така уште го капиме, немаме купатило горе на спратот, долу имаме 2, нема тука срам сега летово ќе пробаме в када или во туш кабина ќе видиме како ќе сака, а во зима ладно е да го носам по скали, затоа уште горе во дневна го капиме. Почнав да го носам в купатило да се навикни на просторот. Како и што си мислев така и бидна до 2 и пол 4 пати стана, го слеков по боди и памперс и пак исто, во 2 и пол, пола саат в раце го заспиваше мм и не успеа, ми го даде мене одма заспа, веќе 3 не фати Па после во 6ч стана и во 7 и пол кукурек наспан Тоа е, скок не скок исто ти се фаќа.
Тоа помислив и јас.. Јас обавезно пратам скокови за да знам зошто ме нервира После со тантрумите ќе нема ред.
Нормално дека не сум секогаш и во секоја ситуација смирена. Ниту би рекла некогаш такво нешто, зашто не е можно. Ама се трудам и давам се од себе секогаш. Затоа практикувам свесно родителство, не можам да си дозволам да ме понесе скроз моментот и да реагирам онака како што ми доаѓа. Бидејќи тогаш само ќе викам, постојано и цело време. А така сум порасната и затоа не го правам тоа. Да, ми се случува да изгубам контрола. Баш пред некој ден за глупост се извадив од такт и се развикав страшно. Малата не знаеше што ја снашло. Отидов до вц да се смирам и соземам, потоа се вратив, и се извинив, и објаснив дека и јас некогаш можам исто да се изнервирам, како и она што се нервира, се изгушкавме и се смиривме. Друго е ако она направи нешто опасно или некоја белја, па јас одлучам малку да подвикнам, а друго е да викам за глупости од сопствени фрустрации. има и тоа разлика.. Инаку, за другото, затоа уште пред неколку постови пишав дека поради нашите обврски и немање време сепак се крати од децата. Ама никој не е крив во ситуацијата, едноставно сега е така, мора да се заработува, тоа со себе си повлекува дека си треба сон, па се бара решение како детето да спие цела ноќ. Тоа е тоа.
Кај нас почетокот и крајот на скокот беа најжестоки.Кога почна еден ден ми кемкаше цееел ден.Си помислив дека нешто се разболува и ја следев да не ми качи температура Ништо немаше.Ај после беше и така и така,ама продолжи да биде напорна.И таман си помислив, добро е лесно го пројдовме, на крајот пак стана иста, кемкава, плаче за глупости,па земи ме- пушти ме.....Напорен скок јбг.И дооолг ама нели последен па да го запамтиме Во потрага сум по санадалчиња со затворени прсти.Од спортскиве многу слабо со броеви.Па не знам и кој број да нарачам.Овие на Моник ми фаќаат око,ќе видиме. За родителство сум со ставот на @TeddyGrey Се водам по инстинкт и се трудам да ја разберам малата.Проблемите најчесто ги решавам со свртување на внимание кон нешто друго додека се смири,па со ладна глава после се учиме што смее и не смее. @FreeMind јас би паузирала некој ден со миење на главата,освен ако е валкана,па мораш и би вовела нешто ново плус во рутината да и го мами погледот.Но,се слагам со членките дека е период и ќе помине. Јас,пак, имам мака со миење на горните заби.Никако не сака.Ќе ја стегне горната усна и ќе ја залепи за забите и никако не дава.Ни милум, ни силум.И ќе и дадам малки да ја грицка четката,колку да се каже дека сум фатила нешто.А долните без проблем од крај до крај ги миеме.Ама она мора нешто да изведува .
Детето и треба да спие цела ноќ за негово добро, не дека му се крати. Зборувам за поголеми деца не за бебиња на доење, верувам дека повеќето сме го прошле тоа доење на саат, цела ноќ или спиење на дојка. Ама веќе над 9-10 месеци детето треба да има континуиран сон од мин 6 часа, ова од невролог не од ракав и ние ко родители треба да се потрудиме да го оствариме. Пример мојата еве синоќа се разбуди у 3 и сакаше да си игра, во такви епизоди не палиме светло и се обидуваме да ја презаспиеме а она не сака и мене ме фаќа нервоза не ради тоа што јас не сум наспана туку ради тоа што она не добива квалитетен сон. Легната на време, најадена и изиграна и пак се буди да си игра не сметам дека ќе направам добро за неа ако станеме и си играме сред ноќ. После ќе го преспие денот и ќе загуби рутина и од квалитетно време за игра.