@Chanell* ти пишувам само колку да ти дадам поддршка и не си сама. Овие моиве тодлерчиња партали ме прават. Кога читам овде како некои се авторитет над децата, кога ќе речат така и така е, е не можам да сфатам како успеваат. Се чувствувам многу лоша мајка.
Токму како што си пишала, тоа се епизоди со будењето. Поврзано е со развојот. мојата исто се будеше еден период негде накај две години и сакаше да си игра. Дали си игравме со неа или не секако заспиваше пак после два саати. И си помина тоа. Си надокнадуваат потоа со дневните дремки. Од неколку дена нити рутина се менува нити нешто ќе биде. Јас со спиењето никогаш не сум се мешала, како има потреба така, тоа ми е сосема природна работа и не сметам дека треба јас да ја учам. Се прилагодуваат на нашиот начин на спиење и толку е, некои полесно, некои потешко.
Ако отидеме во дневна и вадиме играчки од епизоди ќе стане рутина. За мене квалитетен сон е континуиран сон, а дека ќе надокнадот со дремки ќе надокнадат.
И јас се водам по инстинкт, знам и да викнам, и да игнорирам кога сметам дека претерува, и да гушкам и да му скренам внимание кога знам дека ќе успее. Се водам по тоа дека јас треба да имам авторитет врз детето а не тоа врз мене и се трудам колку можам да бидам умерена, не премногу лоша но не и премногу добра. Сите сме добри мајки, секоја мајка на ваков или онаков начин се труди да го направи најдоброто за своето дете. Иначе Фри ме замисли сега со тоа дека може да му се створи траума од машинка, мојот два пати до сега е шишан со машинка и тоа со тешки плачки А плус се плаши и од бормашина и такви звуци. А како бе да го шишам само со ножица, на што ќе личи Уф! Чекам да чукне 16:00 да завршам со работа и да одам до Ваикики да го подновам мали нешто со летна гардероба И за мама може некое парталче. Иначе у план сум да му купам мотор на акомулатор, дете од комшии има и ужива да се вози на неговиот, секогаш со плачки го симнувам. Дава гас и сам управува со воланот Трициклот не му е веќе интересен, количката повеќе ја користиме на некоја подолга прошетка ако мора. Следно на листа ми е баланс точок па тротинет, ама едно по едно, не може се наеднаш.
Коа сме веќе кај шишање и фризер, дај кажете некој во Скопје што работи со деца Ние еднаш го шишавме, не се плашеше од машинката, ама се вртеше да види, па сакаше да фаќа и едвај завршивме. Фризерот рече никогаш повеќе Не би требало да има трауми бидејќи не покажа страв, се надевам. Има бааги коса, веќе му е топло и му сметат прамените што го допираат на врат па мора да средиме. Инаку јас не би, многу му ја сакам косичката
Последново... баш. Ко најлошата мајка на светот се чувствувам. Не знам како да се справам со нејзината нервоза. Денес не и давав да цица преку ден и беше многу мирна,разиграна, разјадена, насмеана. Ама во 7:30 и дојде време за спиење, почна да се треска од креветот и да плаче најхистерично до сега што сум слушнала, се префрли на земја и вриштеше колку ја држи глас, се трескаше. Ужасна слика, а јас како и секогаш сама дома со неа. Ја гушкав,галев, не и не. Ко спобудалено дете се врти 10 пати од стомак на грб и вришти. Поцрвене целата, едвај си дојде при себе. Јас имам кажано еднаш дека ќе го пореметам детето со таа цицка. Или она мене. Трето нема. Цицна 1минута и заспа. Се молам да не стане во 9 свежа. За утре си купив Грозозо гел, ќе мачкам да и горчи за да јаде преку ден, навечер ако цица пак Немам нерви.
Жити се...нееее. А само што се решив кај него да го носам демек гледав како сите дечиња седат мирни,дури и аутистично дете шиша и оно си ужива и реков готово кај него ке го носам бидејќи мали ми е истрауматизиран од берберот на мажот ми. Со машинка двојка го помина цел. Едвај го смирив. И јас се уплашив Не дека сум била кај Адо. На инстаграм го следам.
Ако мислиш дека е добар со деца носи го. Сепак имаше некои посебни студија не им го знам името за деца.
Па не ми текнува ни мене а знам имаше нешто како колички место стол наместени ептен за мали деца... ама тогаш сум немала дете и не ми останало во памет... ај ке видиме каде ке препорачаат..
Мали ѕвезди е салонот за деца. Другарка го носеше малиот таму, ама не беше нешто задоволна. На мојава косата баш и порасна периодов, ама таман за репче позади. Скроз ми е голема девојка кога ќе и врзам. Ете кики
Малата веќе 2 недели е црвена на пеленска регија. Не се брунчиња, туку црвенило. Почнав да ја мачкам со судо крем но нема подобрување. Најлошо е што кога и менувам пелена почнува да се чеша, па се борам да и ја тргнам раката и да намчкам крем. Инаку сеуште за дома користам од тото марамчињата. Немам сменето пелени, и ставам памперс актив 4 +. Пред да се вцрви користев павловичева оригинал, тоа и ставам од почеток. Некој со совет?
Јас Смени ја кремата земи од дм ултра сензитив за пеленска регија Поради заситеност на кожата од кремата се јавува. Ја уништив со цинк кремата за џабе. Водев дневник на исхрана и никако не можев да сфатам каде грешам. Се додека не ја сменив кремата. Пу пу со недели нема ништо што значи конечно открив зошто е проблемот.
А цело време ли ставате креми, на секое мењање пелена? Јас дали 3,4 пати ставив од Галафарм мрсна маст и само полошо и стана од кога престанав. Сега не користам никаква, ја сушам убаво.
Кога беше ептен мала, на неколку месеца, скоро 2 цели месеца беше со црвенило. Дури и се лупеше кожата. Нема крема што не ја купив. Од кога конечно се оправи, ја одмивав на секое пресоблакање за да избегнувам влажни марамици, и крема ставав навечер пред спиење само зошто спиеше по 12 саати, сепак малце бариера да има од пелената. И од тогаш така терам еве преку 1 година. Преку ден крема ставам само ако покаже малку црвенило, ако случајно не сум ја приметила одма штом се искака, или заспала па повеќе саати била со иста пелена, знае да се зацрвене, па превентивно ја мачкам. Иначе гледам што повеќе само да е сува и без крема.
Ме замисливте сега, и јас ставам на секое менување крем. Ама комбинацијата жешково време и пелена на тебе, ваљда си го прави своето. Ќе ја земам кремата да ја пробам @FreeMind. Да и помине црвенилово и ќе ја паузирам од крем некое време. Би ставала само навечер.
На првото ставав крем на секое менување пелена, стално имавме проблем со црвенило на газето. А кај малово ништо не ставав, само гледав да е чист. Пеленски осип еднаш или двапати ако имаше, а дете со атопичен дерматит. Така што нема потреба од мачкање креми на секое менување пелена.