Не најдов соодветна тема, ако постои слободно преместете. Утре закажав за вакцинирање мрп, а денес и направив контролна крвна слика. Хбг на 99 паднат (пред 3м и беше 107), МЦВ 64.4, МЦХ 19.9 МЦХЦ 310. Сите и се намалени. Утре ќе ја носам педијатарот ќе ја виде, ама со ваква крвна слика не би сакала да ја вакцинирам. Искуства? И, од кои железни препарати - сирупи/капки имате позитивно искуство?
До 2 месеци ставав креми, после бебешка пудра во прав Бекутан или Косили, се преродив јас ставам на секое преслекување во ципите, а ако се потпари ставам Флогоцид и одма му поминува.
По природа не јаде многу. Или евентуално да земам нешто за апетит ли, незнам, многу препарати има. Незнам кој/што. Педијатарот ја виде крвната слика вика мора една доза да испие и да се направе контролна крвна слика да се виде како ќе биде.
Може не јаде заради слаба анемија. Исто беше и мојата 105хгб,постојано прибираше и немаше апетит. Сега машала многу е стрвна
Само со исхрана го качив од 84 на 115. Аронија, телешко месо, просо, жолчка, а од скоро почнав и по една лажичка мед наутро. Ако ги јаде овие намирници пробај, и мојот не е некој страствен јадач. Давав и Мултивитамол сируп на Др Тајс и Дефендил за имунитет, и нон стоп беше болен На своја рака решив да ги прекинам сирупите зошто стварно не гледав ефект. Еве сега добар си е пу пу. Сега ќе му земам крвна слика деновиве сакам да ставиме ревакцина на дитепер па ќе видиме. Мачкам павловичева од Др. Павлович само после какање, може и не треба веќе ама ете како навика ми е.
Пробај со сируп Бекутан за имунитет. Оваа да чукнам во дрво еве повеќе јаде откако испи една доза. Додуша она на периоди е. Денес јаде, па 10 дена на воздух живее. Давај просо, телешко, боровинки, аронија, семе од коприва и си знаеш веќе се повеќе од мене. Ама сепак дај и една доза сируп со железо зошто може да не јаде и поради анемијата.
Јас па никогаш не сум ставала на менување пелена крема. Може само кога беше бебе. Менувам пелена, бришам со памучни суви крпчиња То то (потопени во вода секако) и толку. Ако е црвена мачкам Флогоцид 2-3 пати во денот во подебел слој и толку. Среќа сме немале проблеми со црвенило во скоро време, уствари од кога престанав да користам влажни марамици не се иритира воопшто.
Pray for me Ќе завршам во лудница со бањањето. Ништо не помага ни молење ни нови играчки ни цртани ни муабет ни курци ни палци. Плаче како будала.
Денес и мојава не сакаше да се бања прв пат откако знам за неа. Значи прво кога сакав да ја ставам во коритце креваше нозе и се чепчеше за мене. Некако ја излажав со играчки, влезе и едвај 30 с поседе и почна да кемка и да излага. Не усчеав ни да ја шампонирам. Исплашена од твое искуство, а јас сама дома веднаш ја извадив. Си реков ако почне да прави сцени кој ќе се бори. Можи само не и беше денот. Се надевам утре ќе сака да се капи инаку нема веќе играње со кал. Изгледа сите деца имаат ваква фаза.
Не сакам никој да го доживее она што го минам јас моментално. Не знам ни дали е фаза или уплав доби детево од бањање само знам дека е страшно. Не можеш до кадичката да допреш, а не да ја ставиш. Стоеше врискајќи и така ја поминав со вода со уље. Жива неизбањата денес. Ќе си пукнам од нервоза. Па и она лиглоно и него ќе го удавам во кадичката следниот пат мислам дека целиот стрес од него ми иде. Леле немој готово ќе прекине да дише доста е ајде готово ајде и како да не ти се спојат нервите не ми е јасно.
Јас пак кај ве читам дека мака мачите со капење па си реков ај да си пробам да ја капам прв пат во туш кабина Кога почна да вришти, да се качува по мене, жива вода ме напрај, мм трча по крпа, полни вода јас се излизгав по паркет со се неа, одвај се спасив да не треснеме. Ја стаивме во корито, пак плачки, ноќеска цела ноќ дете во сон се префрлаше од креветче за да се прибере в раце Така да продолжуваме со корито шема... За крем после менување пелена јас уште терам со павловичева оригинал, од почеток до сега. Ако е вцрвенета со Судокрем..
По колку зрна дневно, во бременост знам јадев околу 10 но за бебе немам појма. @FreeMind имаше недела дена период и малиот кога рикаше и се пентереше ко мајмунче по маж ми ,значи се пробав и со туш и во када и корито во ходник, едноставно само помина од себе,го шлапавме набрзина колку да се рече дека сме го избањале . Еве го сега и со туш го бањаме веќе,мислам дека му е период.
@FreeMind а ти да пробаш заедно со неа да се бањаш? Ова сварно нервозно звучи посебно дека е за бањање секој ден натегање А што ти вика ќе престане да диши? Пробај и ти влези со неа демек ќе се туширате,незнам што да кажам ние пак имаме обратен проблем,вришти пола саат ако ја извадам од туш,сака уште се приакува
Јас па не сакав да ја бањам секој ден зошто не сака да искочи. По цел ден само пљап-пљап кажува, само гледа отворено вц да начека да влезе под туш. Сега веќе е топло, мора секој ден бањање, кошмар ми е дури ја исушам, облечам пижами и да ја легнам. Мафта со нозете како хеликоптер. Ама затоа, што и да и е преку ден, во најлошо расположение да е, само спомни вода и бањање, и се друго заборава. Ќе се изненадам ако ја фати период да не сака да се бања.