Еве јас денес се изненадив. Од водна жаба како што си ја викам јас, денес одби бањање. Едвај чекам да дојди утре за да видам како ќе поминеме. А таман си фативме ред, дур се шлапа и забавува она во коритце, јас си се туширав во туш кабина. Е сега дури ќе одам и јас смрдена ако влези во "таа фаза" .
@Spidy имаше денови зимоска кога ја бањав и се шлапаше по два пати на ден. Сега и за тело плаче. Не дај Боже, репчето од коса коа и го вадам мислам комшиите во социјални служби ќе не пријават.
Давам по 5 зрна аронија, 2 пати неделно. Давав и јас телешко, просо, сливи, кајсии, леќа, грав, брокула, аронија, мед и пак не го качи хгб додека не испи доза Малтофер. За бањањето, кошмар е веќе и кај нас. Прееска пак вриштеше и бегаше од кабината, а јас стандард полу гола со него внатре. На мм му викам подобро во корито, детето уживаше. Ама тој е упорен, демек ќе се навикнел синко и вака. Којзнсе кога.
@FreeMind добар совет ти даде Бела, влези да се бањаш заедно со неа. Кога син ми се плашеше прбавме така, јас или мм со него влегувавме и беше каде каде поспокоен, само кога ќе дојдеше време за главата почнуваа драмите. Те советувам да направиш пауза некој ден, се гледа дека и е траума, нема да засмрди детето, ќе ја замиеш на мијалник, газе, нозе, раце и наредно бањање влезете со неа заедно. Прво на суво измислете некоја игра, па постепено вметнете ја и водата, дај и го тушот сама да го држи, прскајте го тато, па тој божем се лути... децата сакаат такви работи. За газе мачкање. Вкупно за двете деца само една тубичка Веледа крема имам потрошено до толку што не ги мачкам. Влажни 2-3 паковања вкупно. Кожа џам и кај двајцата. Здрава кожа треба да дише, не и требаат никакви заштитни слоеви, само одмивање после какање и луфтирање неколку пати дневно по 10тина минути, сега на жешково и почесто. @paleska3 ако ја чеша најверојатно е габично, намачкај ја неколку пати со тенок слој канестен маст (кансен, микорил, антифунгал... што имаш дома, исто е) треба да и помогне.
Ние во туш кабина ја бањаме малтене од бебе. На столче еден од нас ја држеше, а друг бањаше. Некако не бев фан на кадиче, да седи во вода. Сега сама стои во када, ама мм или јас сме внатре со неа. Сама не е никогаш. И покрај ова, имала 2-3 пати фаза да не сака да се бања. Најчесто ако и влегла вода во окото, па памти и не сака да и се повтори.
Покрај железото мора да прима и витамин ц за да може да се врзе железото во крвта. А калциумот го спречува врзувањето. Да не затоа нешто не качувало... Ние од 65 на 85-90 го качивме со малтофер исхрана. Од 90 до 115 само со исхрана. Сето ова за 2ипол-3 месеци. Пред да наполни годинка, тогаш потребите за железо им се многу поголеми од сега
@FreeMind Спомна дека од уље си преминала на Хипп шампон, да не и има влезено во око од шампонот па ја пече и се има исплашено? Или при туширање да и влегло вода во окце па го запамтила тоа? Што знам, мојава прво ја прашувам дали сака да правиме шлап шлап, најпрво одбива. Ја замуабетувам дека мечето и бебето не чекаат во купатилото да ги избањаме за да нанаат, дека ќе им покажеме како се редат коцки за и они да научат, дека мама ќе пее а она се бања. Кога ќе ја убедам, неќе да излезе. И играчки ставам во кадичката за да доседи. Синоќа беше во кадичка 45мин. Се прскавме и кикотевме на цел глас. И правам пена со шампон во водата и и станува интересно па пробува сама. Неќе да ја допира вода на коса и на лице ама почнав како на шала со тушот да и прскам вода на грбот и стомакот, ја скокотка, па користам “гужва” да и ја исплакнам косата. Или “глеј мама пилето горе”’ и успева да ја навали главата наназад. После бањање купатилото е лом, поплава, ама барем е избањата. Некни коа пишав дека неќеше и заспа небањата, а цел дем во прашина во песок беше, епа утредента ич не чекав, ја бањав на пладне. Излезе кафена боја од неа! Лани кога беше помала и имаше пак некоја фаза на одбување, и го полнев базенот и така ја бањав
Проблемов со капењево е главата, штом го мијам на главата почнува да паничи, јас најдов сега за сега решение му ставам крпа на лице и го мијам, не му оди в лице вода, не паничи @FreeMind пробај го и ова ако мислиш дека ќе помогни. Во копанката му ставам играчки, кофички, си претура вода, ги капи животните среќа поминаа плачките, како што пишав само 2 пати плачеше. Па откако ќе го извадам сам си ги бриши нозете и си вели ете
Вчера пак вратив на вода со уље да не ја плаши шампонот ама џабе беше и тоа. Утре и е ред за капење ќе пробам со неа да влезам. Иако нејзе ја капиме во малата кадичка од раѓање на чико сега во големата када пак ќе и дојде промена. Ама не губам ништо мора да се најде нешто.
Јас и ставив гумирана подлога директно во када. И ги наредив сите шампони и и го ставив садоперот. Не сака сега да илезе. Ама сепак е фаза кога ќе помине.
Учи го да ја крева нагоре главата за да не му паѓа вода на лицето. Качи му нешто повисоко и да гледа кон тоа додека го исплакнеш, ќе сфати и сам дека не му паѓа така вода на лице. Ќерка ми цело време само тоа и зборев, нагоре главчето, па на држачот за шампонот редев играчки и и викав да ги види, додека кажуваше што има и ја плакнев косата, после си се научи и немаше гајле, си крева глава без проблем.
И моето едвај чека да се бања.Земаме чашки еден куп,полниме корито со вода и може да седи така вечно Си пресипува вода во чашки,си ги реди во када,си расипува вода,шлапа,купатилото е поплавено,мм го брише по 20 мин после бањање. Плаче кога треба да излезе,кога го вадиме вришти . @FreeMind да ја ставиш во празно корито и отпосле да и ставаш вода? За мачкање со креми,кога се породив во болницата сите сестри ми рекоа да не ставам никакви креми на бебе,освен ако е црвено или исипано,подобро е да си диши кожата без креми. Со крема и мокро газе уште повеќе ќе се вцрвува. И на моето треба да му правам крвна слика,зошто не јаде,повеќе цица,ама не ми се носи сеуште по лаборатории,ама ќе морам кај и да е. Излегоа сите четворки,на ред се тројките. Очекувам да пројаде после излезени четворки (според непишано правило).Тераме 72 недела,скок , па се буди на 1 сат,а седи буден по 30 минути . Ај белким со завршување на последниот скок ќедобијам дете-спијач, доволно беше неспиење.