Кажете жени како да го заспијам детево? До кај 6ти месец сам си заспиваше легнат на кревет, со цуцето во уста си го гушкаше ќебето. После кај 8ми сам ја фрли цуцлата и заспиваше со цицање строго лежејки ние 2та. Од ко наполни 1 година почна да ми глуми, незнае да седи на едно место, по цел ден е во лазење или одење држејки се за комода или кревет. Се тоа во ред ама за заспивање прво цел саат гледаме цртани или видеа (џастин бибер, тејлор свифт и лизо сака да ги слуша) за да одмори, па можи ке цица, па ке му дојди дремка ке стани па ке се бркаме низ соба, па пак цртани, па пак цицање и така едно 2саати. Вчера го оставив да не го заспивам, издржа со дремка од 1 саат цел ден ама со плачки и кемкање ништо не му беше погодено. Нерва ме изеде
Генерацијо Сакав да ве прашам каков ви е планот за градинка? Дали ќе ги носите и кога? Ние аплициравме одамна,немаше место ни рекоа од септември,се надевам ќе не примат тогаш и се надевам ќе стивне се до тогаш со Коронава Тие што сме генерација освен Фри знам ја носеше во градинка,другите носите,запишавте,или како?
Кога веќе спомена градинка се појави мала надеж дека два дена во неделата ќе може да ја носам наскоро. Ќе летам накај градинка Едит: додека го пишував ова стаса мејл од градинка од 25 Мај почнува само пон, вторник и среда од 08-14 саат ми нудат да ја причуваат. Ајде што пиете јас частам
Ја запишав, тргна на 02.03, остана со спиење од 05.05, на 11.03 ја затворија градинката не и беше пишано да иде. Сега свекор ми излезе во пензија, изгледа од септември ке иде пак.
Јас се послужив. Малата само што падна и си ја распука устата по 2 пат Ми треба појако нешто ама и ова ќе брка работа
Затемнета соба, без цртани, видеа и слично, само тишина да биде. Со гледање видеа пред спиење се расонува повеќе, не се одмара и успива, мозокот добива погрешни импулси, а не дека е време за спиење.
Таман почнав да фаќам врски за да тргне од април во градинка, корона фати Сега не знам кога ќе почнат, а и да почне тешко дека ќе го примаат во јасли. На есен планираме преселба во странство па може и таму ќе стартуваме како за почеток. Загрижена сум, ем нова средина, ем нов јазик, којзнае како ќе биде @BabyT* се надевам не е сериозно, така растат децата, ќе помине
Имаше крв ама не изреагирав бурно како првиот пат. Добра е се смири, си јаде. Штом сте решиле за странство не мисли што и како ќе биде, остави спонтано. Малку позитива и снаодливост
Јас ќе го пуштав в градинка од Април, Мај ама коронава се деси, свекрва ми уште не оди на работа таа го чува сега, а можи и да не почни за жал, ама од Септември ќе оди секако.
Екипата е на штрек. Утре кај нас е неработен одмарам. Цел ден денес со песок си играм. И собрав сили да зготвам вечера и не ми ја бендисаа @Milaаа991 Вака изгледа вечерата И за да не се нервирам си турив ракија. Да ги заборавам.
Немаат ист вкус дефинитивно. Инаку јас со макарони ги правам и ги обожава, еве баш сега за вечера ги спремам. Жал ми е и сочувствувам со тебе.
Јас вчера и сварив макарони. Запржив малку млад кромид, обарив блитва и печурки запрено сето, ставив неутрална павлака, малку куркума бибер (малку). Касна малку. Го пробав вкусно беше. Фри, а колку се подрече сигурно ќе ги бендиса.
Знам ја кога да спомнам градинка ете ќе се олабавиш колку толку ќе одмориш Иначе пиј една ракијка и за мене
И мојот само што падна страшно, возејќи се во дворот на коњче нагазил на некое каменче и се преврти напред директно на уста Немаше крв ама устата му беше полна земја и има малку модринки по лицето и отечено усте Среќа со малку помина. Да се живи и здрави, Господ да ги чува.