Мене не ми е страв од корона туку да не плаче на оставање. Веќе е поголема и многу приврзана за нас. А најлошо е до две години. Ама ете глупа корона ми заеба план сега ќе биде пак плачки одново. Инаку градинка си е градинка си имаат план како да им мине денот дома што и да се прави не можеш да бидеш едукативен како таму. Плус другарчиња, сега и топло надвор ќе си играат, социјализација, јазик, говор итн. Нема споредба со дома во никој случај. Си имаат програма на активности и се водт по неа. Секогаш сум била против дете дома да седи. Колку и да го анимираш нема шанси да ги постигнеш придобивките од градинка. Затоа секогаш За. Туку вие вака по дома?
@happygirl за доручек секогаш давам житарка со овошје, некако така се навикна и тој и плус за доручек можам се да му смелам во кашата без да осети, додека за ручек и за вечера знае да се мршти и да јаде малку или ич. Еден ден давам, просо, па хељда, па овесни итн вртам цела недела. Обавезно ставам и рака јаткасти, и така си ги грицка преку ден. Кисело млеко, јајце, пржени лепчиња, млеко и бисквити, тарана, мафини давам за вечера. @LoveHope па и леќа не е лошо, полна е со железо, е сега ама не може секое сабајле леќа да јаде знам @FreeMind ние одамна го поминавме Cocomelon, сега сме на advanced level, Габи и Алекс гледа Ама уште еден месец прави две годинки, батко е веќе
И јас давав така до пред некој месец, житарка со овошје и јатки, и си ги јадеше без проблем. И сега се случува некогаш да дадам просо или овес наутро. Ама си реков да му сменам, да не не го држи веќе таков појадок.
И јас најверојатно ќе ја пуштам во градинка од Септември, требаше јуни сега дa почне, но се надевам до тогаш ќе се стабилизира малку ситуацијава. Плачки секако ќе има, плус сега навикната на нас дома. Јас сум нешто слично како @AlicaInWonderland сакам да имам контрола над неа, кога јадела, како се облекла, но неможам да си дозволам да ја гледам до 3 години сама. Сакам да се социјализира со други деца, плус се едуцираат во градинка. За појадок сеуште давам житарка со овошје, или евентуално омлет/варено јајце. Мафини, погачи, тарана со намази, кисело млеко, давам за вечера. Јас тарана имам уште домашна, но имам видено во стокомак, не сум ја пробала незнам каква е @happygirl.
Надвор од муабетот, ама малеросана сум. Денес за на работа си облеков штикли, се пицнав. Почна да врне, да истура, снема струја, итен случај. Од утре пак по патики и бушава ќе си одам.
Мојава обожава маслинки. Па така за појадок ако сакам убаво да се најаде, а немам време за молење и давам краставица, маслинка, јајце и кисело млеко. Хељда со праска и портокал, овес со јогурт, овес со млеко, какао, банана, еднаш и корнфлекс и дадов ама се мрштеше. Некогаш јаде, најчесто се молиме и така. Ме изненади за ручек денес. Маж ми и направил како манџиче од боранија, малку компир, кромид, морков, телешко и си м'цна се. За 20 минути. Да се крсти човек.
Ја избањавме вечерва со кадата во дневна. Врискаше али умерено и можеше со сила да се избања. Вчера во када не сакаше да влезе и така ја оставив да не ја малтретирам. Ако успеам уште еднаш во дневна да ја избањам значи од тоалетот се плаши. Иначе бев на пијачка со @Chantal и у меѓувреме додека го пиев виното добив ваква порака за два саати што ме нема дома: Не им е лесно...
@thinkerbell Аплициравме февруар мислам беше,немаме врски.. Тогаш Ни рекоа сега за сега нема место од септември ќе ве бараме,требало да си аплицирате само што се родила Па ќе бараме врски за да биде од септември. Не дека премногу сакам да оди,ама нема да постигнам со бебето и со неа сама на почеток,затоа највеќе Ама којзнае што ќе биде
http://www.femina.mk/забава/видео/ф...ва-на-мајка-си-секојпат-кога-ќе-му-даде-храна Детенцево ми е позитива на денот Камо син ми да ми вика вака на секое јадење што ќе му го спремам и да е воодушевен дека ќе јаде
Здраво девојки... Малава е 15 месеци дали можам да и давам семе од коприва и ако можи колкава количина да биде? Малку и е послаба крвта па сакам и ова да и го вметнам во исхраната. Поздрав
Мајки, совет што може за е ова, се сомневаме на некој инсект или болва, но би ми значело мислења и од вас
Фала ви. Сопругот забележа болва кај него, па и на тоа ме наведе. Паничар сум по природа па не ќе можев да спијам. Убава ноќ
https://www.healthline.com/health/baby/18-month-sleep-regression#takeaway Се приближуваме до година и половина и има една регресија во спиење кој трае од две до шест недели. Мила е прва и ќе раскаже како ја мине малата. На чекор сте останатите, а јас ќе фаќам забелешки наскоро 16 месеци ќе полни. Велат оваа регресија е многу тешка бидејќи е комбинција на тодлер на батерии кој не мирува и крајно одбивање на спиење. Лаки нема гајле навикната е. И дина и хелоукити. Ние останатите да собираме нерви.