@FreeMind ја регресија во спиење ниедна не проживеав. Некогаш има и отстапки од тие правила. Једино, има периоди кога се буди порано - 6ипол 7 да е издигната во полна пареа. Иначе сме со аларм во 8ипол за да си фати денот убав ред.
Темава ми е баш складна за вечерва. Фулам, чудам, вријам, кој уште не збор. Сабајле сакав да пишувам пост како сум среќна што мирно заспива, само ќе ја легнам на спална-на перница и готова е. Денот ни започна наопаку. Се издига уште во 5 30,а јас на работа од 8. Недоспана се лигавеше, плачеше. Заспа кај 6 40. Како си дојдов од работа плачеше се лигавеше по мене. Не ја галам, ја карам кога има потреба, ја наградувам и и велам браво, така треба ти си умно дете. Абе лигавење до земја. На нерви ми одеше. Не сакаше да јаде, ајде игравме во двор. Пак разлигавена цела вечер. Јас од сабајле не седната, (ок, на работа седам кога прегледувам и на ручекот седната се остало на нозе). Па и гладна нешто вечерва, неможев да јадам. Ниту сакаше да заспие ни ништо. Како што и правам секоја вечер, ја оставив на спална одам во кујна да завршам работа некоја она два пати еве ја ти иде цуп цуп боса со цуцлата. Едвај заспа пред да се вклучам на темата. Се дерам? Пцуам? Гневна сум? Малку е. Верувајте домашни малку е. Ниту една работа неможам да завршам комплетно а притоа не седам и да се ксфосувам. Тв е укчучен само за музика, кафето не се пие на мир или на 10тина мин. Го матиш, пиеш голтка и го оставаш во фрижидер. Се изнажалив, ама стварно ми е смачено шо не спие навечер и шо е залепена за мене. Ми се смачи. Добра ноќ.
Регресијата си трае и трае . Заборавив што значи да спиеш без прекин . Многу е напорен, 10 скок ми е карактеристичен по лутењето и сакање се во микросекунда,ако не добие,вриштиииии . И пак ми е се во раце,мора да сум до него. Сака само да се игра со вода,и во двор и внатре само чашки и канчиња ми носи,да пресипува вода. Ако излеземе на улица мора да собира песок и камења . И нормално,нема шанси да го одвратиш од намерата. Туку ова ме мачи,упте не се пушта скроз сам да оди,нормално е? 16 ипол месеци е. Зошто му е страв стварно не ми е јасно Оди само ако види дека сум до него и дека сум го опколила со раце. Не паничев досега,ама некако многу ми се оддолжи одењево.До 18 се дава фора за да прооди?
Скроз нормално е. Ама ич да не се грижиш и да не ти оди натаму умот. Ако имаше ортопедски проблем ќе приметеше од кај осми месец. Тоа е ствар која лесно се приметува. Твојот веќе и оди сам ама мама мора да е до него. Само ти лигави го снаа ти ќе те отепа
@hello-kitty.90 др. Антоније вели дека дете треба да прооди до 3г. Според тоа твоето воопшто не доцни не се секирај Туку да ве прашам тие во скок, дали 10тиот се одразува на плачење навечер? Еве 3та вечер по ред плаче, па се смирува не дека не спие ама си викам да не а боле нешто А да сонува секоја вечер некако не ми е верно Инаку @hello-kitty.90 друго се е исто. Плаче за се и сешто, и закачена за ногата како коала....
Со плачењево дење за се и сешто вчера го достигна врвот НЕ МО ЖАМ да трпам цел ден да плачи за СЕ Сите скокови сите регресии ги осетив на најјако, од првиот скок кој беше на 4 или 6 недели не памтам точно па до сега, како по книга е малиов,за тантрумите се плашам најискрено Како што опиша @hello-kitty.90 бре се е исто, пикавци, камчиња, отварачи од лименки секакви ѓубриња збира од земја, дома нема ништо ама вака ко ќе одиме тука во едно паркче кај школото се има само НЕ ТАМУ, НЕ ТАМУ, досега овај период најнапорен, ами кај се 3 години... Друго ново му е што се фрла, досега не фрлаше сега се, само Бам Бам Бам си прави. Второ бебе после 5 години, ако се решам јас Ај добро утро спиев од 4 до 6и пол и сега од 7 до 9. Уште сум во спална одмарам, го слушам в дневна лупа синко Едит. Свеки го зеде надвор ќе пијаме кафе на мир
@BabyT* досега ми нема плачено и да се разбуди,а на средина на 10 скок е,само се буди ептен често и веднаш станува од кревет. И моево само ми се прикачува за нога. Пелена менување е научна фантастика. Некогаш дури и си помислувам да не му ја менувам додека не му пропушти,зошто веќе вриштењето и бегањето и бркањето не се трпи Ептен ретко соработува,најчесто менувањето пелена е невозможна мисија. @lackygirl јас се повеќе размислувам дека е подобро ако веќе чувам второ,да го чувам сега,и онака сум навикната на ова темпо,плачки,неспиење,дремење дома,напнатост...... Кога би си дошло се во нормала и би почнала да спијам како човек,штознам дали би си го реметила конфорот и би чувала бебе пак отпочеток Можеби кога убаво би се одморила и би заборавила како беше,ама па тоа многу далеку ми се гледа,дури синко кога ќе појде во средно . @FreeMind некако и јас гледам дека ептен се приврзав со мали,понекогаш дури си мислам дека треба да одам на психолог за да бидам малку поопуштена
Мајки да ве прашам, син ми има извадено кецови на 11 месеци, сега на година и пет месеци вади по една двојка горе и една доле. Јадејки смоки забележав крв, кога му ја отворив устата горе како набабрена 5ка. Не знам дали е можно? Или да не е нешто друго? не ми дава да му отворам уста да го сликам и да пратам на заболекарот?
Полека, смирено. Нормално е однесувањето за дете. Остави нека се протрча голо, пробај пак по пет минутки.
Кај мене оставањето гол се покажува како успешно сега за сега. Прво ќе го соблечам и го оставам 5мин да трча гол. Без никакви знаци дека следи облекување (како спремање нова пелена на видик) и за 5-10мин коа ќе се зафати со нешто му ја облекувам новата дури како ни да не приметува. А кога имавме процедура ајде сега легну, застани, соблекување облекување тоа беше невозможно. Исто и после бањање така функционираме. Од коа ќе го исплакнам орварам врата од туш кабина и чекам сам да излезе и да трча низ куќа па по него полека го бришам и го облекувам. Ако јас го извадам со крпа и одма почнам облекување исто беше ужас и плачки. Така да пробувајте, ќе се најде нешто што ќе функционира
После 2ките следуваат 4ки, тоа е набабрено. Вообичаено никнуваат сите кецови и двојки, па после се 4ките, ама не значи ништо ако малку се поремети редот. Да не се секираш, слично е и ќерка ми. Пред годината кецови, сега на година и 4 месеци има само горе двојки, а веќе излегува една 4ка.
18+ месеци и уште не сум ја осетила регресијата,ама има време.Сега се заморува, дека со една дремка во денот, и навечер 9.30 веќе е заспана.До кај 6 некаде,кога се рассонува ама глумиме спиење и презаспива до кај 9.Вака се трпи некако.Станува најмалку 2 пати ноќта ама брзо презаспива. А на пелена мењање бега и се смее,ама јас држам и си облакам.Ќе види не попуштам и се смирува за кратко.Тренерки и чорапи во трчање по кревет облакам.Е татко и го вергла како сака.Таа се смее а тој се нервира. Туку кај пак се појави тој сепарејешен енгзајати досадниот.Не ми дава да мрднам луѓе.Дури и татко и да ја држи пак се тегне накај мене.Лепенка по цел ден.Вчера ај да ја прошетаме на чист воздух во природа,таа само за во раце кај мене плачеше.Па билдав мускули по патот,а татко и си шеткаше до мене и ја смееше.И после него грб го болело,раце го болеле,нозете потечени од одење му биле
Ме има фатено мрза за пишување, гледам секој миг да го искористам за играње и шетање, ама ве читам сите. Регрес во спиење имаше пред 1 м кога се прфрлаше од 2 на 1 дремка, па 1 и беше малку, а две многу. Ако спиеше два пати иамвме журки до полноќ, а ако спиеше 1 заспиваше рано и се будеше во 12 свежа. Ама се стабилизира иако сеуште знеа некогаш да и се пореметат дремките, па да си играме сред ноќ, ама не ми е мачно. Навикнав. Макар што поубво ми е да си има ред, па на утро да си стане рано. А и јас да си гледам филм со мезенце и пивце или да си читам некоја книгичка. Денес се напив и малку винце, ама не и давам да цица после тоа 6 часа, се надевам ќе помине. Инаку морам да и земам миленик. Комшиите имаат зајак само се пикува преку ограда да го рани. Па да не им досадуваме ни го даваат на поседок. Најново извади и долни тројки, па со јадењето зеза, повеќе сака купечки каши и глупости. Ама се додека јаде, среќна сум. И тоа е тоа. Не знам др што да кажам. Ве поздравувам друштво.
Добровечер мајки Да си ја кажам и јас маката Малава ми е 20 месеци и по цел ден само ми шкрипит со запчињата,а навечер па ја немам заприметено,можда зошто ја оставам сама да си спиет..,ама преку ден е удав дури и језиво ми е. Кажете чаре каако да ја натерам да престанит пошто не се трпит појке?!?