Малку е слабокрвна па затоа сакам да и дадам ама не сака да го јафи ни со банана ни со ништо... па реков дали можи со млечен производ да се меша?
За да се врзе железото треба да се избегнуваат млечни производи пред и по семето. Нема поента да го даваш ако го измешаш со јогурт. Јас на ќерката давав со чај и мед, или во смути, а и јас така го внесував.
Епа тоа ми беше оти знам дека железото не се врзува со калциум ама некаде по групиве читав дека некои го пијат со јогурт. Во ред фала
@FreeMind читам и вие маки мачите со бањање, тој тренд трае и кај нас изминативе може 2 месеца...за замивање на лавабо не е проблем ама а треба и коса да се мие, т.е скроз стриптиз да се праи абе пискотници се слушаат од Галичник до Река.... што се однесува до тие регресиите за спиење што ги муабетите, ете и кај нас стигнаа изгледа, 3 дена по ред, прва дремка од сабајле едвааај пола саат, е сеа на втората малку се вадат и е повеќе од саат ама пак бе, единствен бајрам на мозок си праам во тие мигови и сеа тоа ми е ускратено Ај па ич нека не се спие ако не па Навечер е кога како, еднаш обавезно мора будење, ама тоа само од една, ако една се буди еднаш, другата мора минимум 2 пати...и ова ми нема логика,обично се будеа една со друга... Ај нема везе , веќе се е измешано...и не знам ни што да очекувам... фала Богу со јадење не ми праат проблем, се што се сервира , се оди маф! пу пу!! и тоа разноврсно!! и да, со лажица јадат, ама кога ми се брза некогаш пак знам цуцлата проширена бап и ко смути се да отиде наеднаш... абе две се луѓе, снаџи се па живи ми е практикава... се изнапишав, секако само на Фри не се однесува ова, на сите вас мамички што минувате низ исто... И така, ...
@Emma2 ти скроз си пошашавена со две. Јака ти душа, да не сум ти у кожа @srekice кога да викаме на глас Среќен роденден! Тука негде си иди ајде на темава доста дремеш со “гуштери”
Ево ме бејб. На 10.06 лепотицата полни годинка. Инаку јавно тенкс до тебе. Ме искара и мали сега лази шпринт. Се исправа се качува. Кај и да е ке оди @Emma2 дојди да полудиме заедно. Инаку, ај да се префрлам во темава и јас
Богами да не си ми! Нели не завршив во Бардовци првава година, мислам дека ќе успеам!! Јас важно ќе изгорам оддеднаш, вас тек второ ве чека
Како тоа јас дури сега ги дознавам новитетите за Мали???? срам да ти е, ја сум увреџена и воедно многу хепи за напредок на Мали
Неможам да најдам по маркетите семе од коприва. Од провинцијален град, хелп. Просо прво кисните во вода па варите? Колку време?
@FreeMind, Why me!?? Ке родам, здравје. И тоа ти со мене заедно во труднички. Ќе ми правиш друштво, знам. Предосеќаммм Само не брзо време. Да се оправам малце. Да, се вратам меѓу нормален свет па после.
Здраво генерацијо... Ич,ама ич не ве пратам.Не дека не сте интересни ама со две деца дома по цел ден стварно не стигнувам.А и некогаш ми доаѓа преку глава од се па и од форумов. И со карантинов преку глава.Тешко на вас што сте по згради,еве ние сме со двор ама и што ако и тој веќе им е здосаден.Големиов препека за градинка и другарчиња.Малово што да кажам,мисли дека е голем како брат му.По цел ден имаме борби по дома.И нормално судијата да пресуди кој згрешил,па и да казни.Големиот седи во ќош а малиов оди и од солидарност стои до него и му вика Тош.Со големиот имавме многу мака дур да прозбори,и само молев Бога со малово за тоа да ни олесни.И кажува многу зборови како навиено е.Се што се трудев да постигнам како мајка со првото преку игри вежби стимулации,малото самото си го постигнува преку брат му.Се го прати што прави и не само што го прати туку и успева.Најдобри се во скокање по кревети,пентарења,колути,шпаги.Се тепаат многу ама и неможат еден без друг.Вистина ми е многу напорно ама нека се живи и здрави,благослов ми се најголем.Ќе се издржи некако.Сонувам за денот кога ќе се заиграат заедно без да има тегнење,штипење,буткање,земање боенки и боици од раце,без да слушам мамоооооооооо.Изгледа ќе си почекам.Инаку кај малово тантрумите почнуваат на најјако.Ама сепак не се исти како на брат му,и недај боже да бидат зошто ќе се пријавам доброволно во Бардовци.Кај малово гледаме успева игнорирање сега за сега,кај големово ништооо не успеваше.Кога сите ги одбивте си викав ај уште малку,и еве сега дојде периодот кога виси на цицка.Мама цица да дда да да и клима со главата за потврда.Хахахха смешки се. Инаку Фри тука спомна за кучето,просто го обожаваат,ама и немаат баш осет со него.Пробуваат да седат врз него,за опаш да го влечат,и слични итроштини па така се чувствуваме како 3 деца да имаме.Кога шетаме некаде се мислиме по кого попрво да трчаме. Тука пишувам 2 пати годишно ама подолго да држи до следниот пост Поздрав девојки имајте убав ден
Не, ама имавме страшен пад на имунитет, глава не можевме да крениме од разболувања Се надевам кај вас нема да е вака, со лесно Јас се токмам да го однесам за ревакцина на дитепер, ама никако да се наканам. И после бај бај вакцина до прво одделение Добро ако тргне во градинка би ставиле и стрептокока...