Мајки, вие кои работите, како се снаоѓате? Како малите го поднесуваат тоа. Јас денес почнав на работа и малата беше без мене 14 часа. Добра била и спиела и млеко пиела, се на се супер. Но ме плаши да не се смени наредниве денови. Почнав да давам кравјо млеко. А цицавме сабајле и еве сега пред спиење. На пладне заспала без проблем, но сега не сакала. Еве уште се успиваме со цице Ќе ни се поремети редот. Но тоа е ќе издржиме и ќе се снајдеме некако. Пс Колку кравјо млеко е потребно да пие во текот на денот???
Жолчка си можела да воведеш порано, од 7-8 месеци. Белката после година се дава. Ние сме на доење, ама бидејќи почнав на работа, почнав и да давам кравјо. Имам шанса да земам домашно и такво и давам. За купено незнам ни јас кое да ти препорачам. Гледам мајкиве го фалат Бучен Козјак. Па ако најдам и јас би се одлучила за тоа, бидејќи неделава ќе немаме домашно. Ако не ќе земам од локалниве млекари некое за варење. Трајно млеко не сакам даи давам. Леб можеш да даваш, сама ќе си одлучиш каков. Исто можеш и да му даваш да си џвака мека храна на парченција. Ќе видиш самото дете дали ќе може. Ќерками од година и давам бисквитчиња, суво лебче, круша, а сега и си грицка и краставица. Не сака да јаде блендирано, туку парчиња. Ќе си го следиш детето и ќе видиш како ќе си прифати. Полека, полека ќе се навикнува.
Не знам кој педијатар те советувал да дадеш прво белка па жолчка. Барем за тоа се едногласни педијатриве. Лепче можеш да дадеш, ама за супа би ти препорачала да не даваш од готовите. Не одзема многу време домашната супа. Исто време се вари. Зеленчук свеж и фиде и имаш здрава и вкусна супа. За млеко знам дека педијатрите советуваат после година да се почне со кравјо, ама јас искрено ќе го одложам за понатаму. А ти ако сакаш можеш да дадеш, само гледај да е од она за варење.
После годината постепено освен белка можеш да воведеш јагоди,капини,малини,аронија,цитрусни овошја ,киви,мед. Но сите се јаки алергени затоа биди претпазлива.
Ние пред еден месец направивме година, ама педијатарот ни предложи да ја прескокнеме сезонава за јагоди. Здравје следната година, и онака не јадеме овошје.
Јас јагоди ќе скокнам за оваа година а и за мед ќе почекам. Аронија и боровница чекам да добијам свежи. Мојата ќерка е полни 15 и пол месеци а кравјо немам дадено. Се мислам деновиве по две три лажички да дадам колку да го воведам, да се осигурам дека не е алергична или да го користам во каши и сл. Козко дадов ама само за воведување, по три лажички три дена.
Не сакам да ме сфатите погрешно... Едно е да прашувате за одреден продукт дали смеете да дадете, а сосем друго е цел рецепт. Со оглед на тоа дека не знам на како е приготвен рецептот (состојки и начин на подготовка) не можам да дадам конкретен одговор. Моето мислење е дека штом пишувате во оваа категорија и тема сигурно сте со навршена година каде исхраната е многу пофлексибилна. Изборот како ќе се храниме е наша одлука. Искрено, ако мислите на оној стандарден рецепт за палачинки, тоа и јас ги избегнувам да ги јадам, па не би ги дала ни на син ми. Ако е некоја поздрава варијанта можеби и би дала... Сепак ова е мое мислење, а вие сами одлучете си затоа што не постојат строго одредени правила смеам/не смеам...
nie jademe jagodi so slast.imame vo dvor neprskani i sigurna sum vo niv zatoa i gi davam, vo pocetokot 1 2 dodeka gi proba i da vidam dali ke se pojavi nekakva si alergiska reakcija...no bidejki nemame a mnogu ni se slatki jademe so slast...za cresi da ne pravam muabet ednostavno gi obozavame!...
Мајки значи децата ви се со веќе наполнета година каде што секако храната е пофлексибилна, и токму после годината е тој период на постепено адаптирање на храната на возрасните. Веќе можат да јадат речиси се, така да не што сакате може да им дадете. Јас кива имав давано пред годината, сега прочитав дека е алерген. Да признаам дека не се оптоварував многу, кај мене се знаеше, овошје, зеленчук, месо и житарки, па воведував според тоа дали содржат глутен, колку се тешки за варење и ете за јагода знам дека е после годинката, така да дури сега проба. Ги обожава, сам ги јаде, имаме во двор и малини и јагоди. Сепак внимавав првиот пат да не даде некоја реакција. За останатото сум поопуштена. Инаку кога сме кај алергиите, вчера пак на лекар, за два дена грлото жар црвено, а ете некни немаше ништо. Очите наутро полни горделки, затворени, нос тече, кашла и матичната покрај алмацинот ни даде и лоратадин. Само што се напи синко се смири, значи разлика голема. На крај ќе испадне дека сите проблеми ни се на база на алергија најверојатно.
Јас не прашав за рецепт,прашав дали смее палачинки (се знае на стандард начин како и сите што ги приготвуваат)бидејќи кога веќе смее јајце да му направам палачинки,за да бидиме пофлексибилни како што кажа во исхраната Темата дали за рецепт,дали за некој одреден продукт е наменета за секакви прашања мене можи тоа ме интересира и си прашав,некој друго го интересира,не видов да пишува ограничување на темата пишувајте само за продукти бидејќи ако прашате пример за некое јадење ќе добиете цел реферат.Како не ве мрзи да пишувате,ако знаеш пиши одговор,ако не прескокни.Свашта....
Ок, смееш ако сѐ што има во рецептот + намазот имаш воведено. И да немаш сѐ воведено смееш доколку сакаш да ризикуваш. Јас лично не би дала палачинка на моето дете. Се надевам помогнав.
Zeni, na sin mi mu se rastece noseto denes, a sme na more zamislete, pred 2 dena bevme na plaza se banjavme i bas go gnjurav da ne se razboli demek od jodot da izleze i da ima nesto i eve denes mu tece nosot kako vodicka i sega edvaj zaspa ne moze da go izduva noseto i se nervira place ne znam dali e obicna nastinka ili? Sto da mu pravam? Utre da go vodam na more i da go banjam od vodata da se iscisti, ne znam nema drugo nisto ni T ni nisto samo kako vodicka mu tece od noseto
Во гρупата на фб здρава хρана....баш денес админκа имаше ставено слиκа од палачинκи(основен ρецепт мислам беше) мачκани со κисело млеκо или павлаκа,и имаше мислам оρеви. мелени посипано за 12+ да се служи κаκо доρучеκ или вечеρа. Интеρесен ρецепт беше.
moze se cisti zatoa sto i ti koga bi se nurnala neli ke ti potece sekret samo sto ti bi go izvadila bez problem za razlika od decata ako nema tt mislam deka mozes slobodno da go nosis. No ajde neka dade sovet i nekoj poiskusen ova e moe mislenje ne sum imala iskustvo. Tek sega nas toa ne ceka nabrzo zaminuvame na odmor
Ne e od nurkanjeto, toj sekret odma potekuva dodeka sme uste na more, a nego posle 2 dena mu se rastece isto koga nastinuva, ovoj pat nema T ama takov e raskisnat cela vecer placese ne spievme nikoj i denes isto takov e, mu tece proziren sekret, sto da mu pravam, fizioloski rastvor ne mu stavam zatoa sto na more sme i taka go vdisuva ovoj vozduh solen.....
Доколку не е настинка, тогаш веројатно се чисти од секретот. Мене ми се има случено тоа, неспремно ме удри голем бран и три дена ми течеше носот, се чистев. Друго не му се плаши, промена. Во секој случај проверувај го одвреме навреме и купи му некоја нова играчка, можеби ќе се заигра за да подзаборави. Поздрав и убав помин.