Давам маџун, и пред да ја ставиме давав сируп за имунитет сигурно едно 6м.Се надевам дека нема да биде исто.
@BabyT* Ова за МРП зборите така. Ние треба за еден месец да ја примимие. Да појачам за имунитет нешто?
Јас имам прашање дали вакцинирате периодов? Мене ми е шубе и покрај препораките, треба да ставам дтпр ревакцина у јуни и стрептокока таа не е задолжителна ама сакам да ја ставам пред есен. Нели има термини ама персоналот од кај да знам дека не е заразен.
Овде и се препорачуваат овие две вакцини да се стават сега особено пнеумококите кои ја штитат плуќата. Нема одложување на вакцинација во никој случај ради корона. Плус мислам дека сега поубаво ќе поминете персоналот е заштитен и нема гужви како што слушнав. Сега било идеално време за прегледи. @BabyT* кај мене само температура качи на седми ден. Али тоа што спомена е составен дел од секоја вакцина. Се сеќавам дека беше таква на последнава ревакцина од шествалентната. Поспана и омалаксана. Малечка има уште ревакцина на мрп крај на Јуни и готово заврши со сите.
Кај малата имаше слабокрвност затоа. Ама не е на одмет да дадиш нешто за јачање. Многу се мислев ама си реков дури сме у карантин ќе иседиме дома, после на топлото ни малата, ни пак јас планирам дома да седам. 70та недела со неколку дена. Точно кога почнува скокот и плус што викаш од вакцината. Нека ми е со лесно
Јас денес се токмев да ја носам да провериме крв и ако е се ок да ја боцкаме за МРП. Ама некако не ме бендиса времево за рашетување по болници. Никако да се наканам за таа вакцина, само си наоѓам изговори. За ќотек сум знам.
И јас така планирав, а не ни и испитаа крв. Ми рекоа после 7 дена да сум испитала. Веќе и е 9ти ден, незнам зошто одпосле.
Јас следен месец му ја ставам ДиТеПер ревакцина на 18 месеци и на 2 год пнеумокок. Досега сите вакцини ги прими точно како што требаше, ММР на 13 месеци, никаква реакција, ништо, на ДиТеПер му беше местото тврдо ама на ниту една не крена ТТ. Исто треба и за БСЖ да правиме тест дали е успешна, бидејќи нема белег, ако не е и таа на 2 год треба пак да ја прими. Имунизацијата не смее да се одложува според мене.
Ние ја одложивме по совет од педијатри бидејќи е родена 36 та недела па со вакцини почнавме на 5 ипол месеци затоа сега на 2 години ќе ставаме ревакцина дтпр. Дали некој ја има ставано со стрептокока заедно? @BabyT* крвна слика не правевте?
Јас ја ставав заедно со Превенар. Реакција даде вечерта качи околу 37.8 температура и и се спушти сама за 2 часа.
Вака ко ве читам за пак во труднички муабети, абе се разнежнив ми иде така блажено чуство, ееееј да не забегам јас,какво пак враќање во труднички ама добра екипа си бевме, сите ликови со свој посебен печат не само ние три
Не, ми рече дека немало смисла секако после 1 недела давало реакции вакцината. И јас испаничив ама сега за сега добро ја минува.
Епа ајде,врата отворена не се соблекувајтеникако да ве убедам... А јас па чекам 5 за 12 да кажат дека ке отворат градинки и да му ја дадам мрп. Не дека ептен ја доцниме не е ни месец но не сакам да одложувам работи. Секако и кс и брисеви да спремам па со арно и убаво да ја прими и таа вакцина. Деновиве е ептен досаден луѓе. Неможам никако да го анимирам подолго од 4 минути. Скокот 8ми заврши не го осетив толку лошо фала богу. Само немирно си спие сеуште. Вади доле двојка уште една му остана. Вчера прв пат се пушти 5 чекори сам. Јааас полетав за капуљача само го држев. и се сети дека не ме држи и одма си седна на гз и почна да плачи демек се удрил... глумец. Но мислам каде и да е ке се олабави. А сам не знае да се исправи на нозе. Сам знае само да лази. Ајде за брзо ке частам колачи како што е редот
Значи жено аман од нашиве две. Ко по книга пресликани се Ми даде кураж со овој 8-ми скок. Утре официјално влегува. Мама у ПМС, заби искачаат сите наеднаш. Беба се буди 4679954666 пути навечер, плаче, кенка. До сега најлош петиод. Не јаде уште, фала Богу нели. Многу е немирна, го тегне малото на јатрва ми. Не и дава ниедна играчка. Скржавица на мајка. Ти да ме израдуваш кога ке почне да спие. Инску, да не заборавам. Нели јадат се мазно блендирано. Е, некни и зборев на другарка ми и ми вика, "Ооо моја Ники до три години така" Супер, што друго.
Тој е најнапорниот период. После 12ти е некако се полесно. Од петти до дванаести лом. Трпение, што е тоа? Ајде после е лесно како песна еве сите лежиме со нозе во вис, наспани одморени, за мерак.
Не верувам веќе во ништо. Се навикнав веќе. Моето дете го донел оној штрк од клипот, со заштитен панцир и кацига што лета Љуби га мајка, синче мое убаво. Па да беше мирна, не ќе беше вака интересно Само неколку работи да се сменат, не барам многу
Дали сте ослободени од работа ? Пишува дека се ослободени родители што имаат деца до 10год Или тоа важи само ако се запишани во градинка?
Каков е тој тест за бсж? Кај нас на здраво бараа белег не најдоа и ми закажаа сега во јуни за ревакцина. Да не треба да го тестирам прво? На овие ама баш ич не им верувам, умот ми го одскатија
Јас работам од дома. Нас со деца не прашаа како сакаме да продолжиме. Секако школска година завршува за тие од 6-10 години и преку лето се снаоѓаат. За помалите сигурно ќе бараат белешка од градинка, по моја логика ова.