Нз нас во ДХ така ни кажаа, да одиме на уред во Битола за да направеле некој тест и да се видело дали била успешна, со закажување било. Ќе одевме ние ама фати коронава и не појдовме, сега ќе почекаме после септември, матичнава ни рече дека до 2 год можело да ја прими.
Прашај си, мене и старата докторка пред пензија беше ми кажа, сега е нова млада е исто и таа ми кажа, ова во вакцини кај нас во ДХ Подобар е со спиењето 2 дена, без сируп, без ништо, станува 2, 3 пати од 23ч до 7ч не плачи (што е најбитно). Подобар е и дење, помалку плачи за се и сешто Др што прави ново деновиве е одење на прсти, никогаш не одел, дури и кога проодуваше беше на цело стапало сега пробува, изведува нешто, глуми па се пули дали го гледаме се почесто испушта/повторува зборчиња по нас. Ново тоа, не ми текнува др сега.
@lackygirl да се надоврзам и кај нас тоа е ново. Цел ден оди на прсти. Се врти во круг во место,губи рамнотежа и паѓа, се смее, станува и пак се врти. И оди на назад. Значи цело време тоа прави, ексеприментира со одењето и многу е смешен коа оди на назад е најсмешен, така оди полека и се подгрбавува и замижува со очите демек чека удар и не запира додека не се удри во нешто Вчера го изнесов после дождот да шлапа во вирчиња, тоа беа невидени радости...
И мојата е балетанка. Се чудев што и се дешава нон стоп што е на прсти дури и во патики. Кога ете фазата глумам лудило се уклучила. Денес во градинка со еден врсник топка си подаваа и си збореа на чуден бебешки. Пресмешно беше. Учителката рече дека на едно чудно ниво се разбираат. И навистина изгледаше дека се разбираат. Бебишта слатки едит: и за јадењето глуми само на хип ручек јаде, друго се одбива.
Исто и мојата е со одење на прсти, она и така одеше ама сега ептен никако не гази на стопалото. Се врти во круг и паѓа па се смее и не мрда, пошто и се врти. Сега ја шетам и вика њеко њеко нема(нема млеко), не и давам веќе. Или ако го нема мачето вика маче нема, чатпат и њаче го вика Па ќе му викне њачееее ајдее. Ако ја прашам што прави мачето вика нане. Стварно цело време спие Па се бркаат во шаторот, комедии се. На бебешки јазик цело време зборува дури и очекува да и одговорам
Не е глумење лудило, туку нормална, посакувана и очекувана фаза после проодувањето, а е битна за правилен развој на стапалото.
Женски спремајте се,најстрашното допрва доаѓа 10 скок е нешто невидено Да опишам на кратко : - Преку ден кемка за се и сешто; -Мора се да е по негово,ако нешто не успее да направи,пишти и се треска по глава; -Не застанаува ни на секунда,само да се оди некаде,а ни он не знае каде; -Ништо не му задржува внимание подолго од 40 секунди и со ништо не се заигрува; -Само писка по мене и ми се обесува за нога и да ми е во раце,лепенка невидена; -Слабо јаде,ама и додека јаде,бега,нема живци да седи на место; -Ноќе се буди 6435578 пати,седнува и почнува да плаче; (@BabyT* таман ти реков дека не плаче ноќе,еве го,почна,од пред 2 дена) -Кога ќе треба да заспие,плаче и он не знае зошто и се буни и не ми дава да го успивам,станува,се влече....; -И последното го оставив за крај. Имате среќа што на повеќето не ви цицаат бебушите веќе Само ме тегне и нон стоп е на цицка,ама НОН СТОП. И дење и ноќе.Само да се цица. И ми ја дига маицата и да ми седат градите голи и он да ми ги гали и цицнува,и штипе и гребе Дури,се шетаме кај нас во маало и ми брка под маица и почнува да ги гали градите и пробува да ги вади Дури и некако насилен станува додека цица,со цела сила ме удира,а богами силен е . Цел ден да седам со голи гради,и само да ме влече,штипе,гребе,цица,не се издржува ,ама никако не успевам ниту подои да намалам,а камоли да го одбијам. Во кратки црти,тоа е,сигурно има уште,ама мозоков почнува да ми блокира. На средина сме,демек громчето помина,ама сеуште е неподносливо. Спремајте живци. @lackygirl вас скокот ве дрмал на најјако кога се жалеше. Каква е ситуацијата сега,се подобри ли? Некако последна надеж ми е дека кога ќе заврши скоков,ќе почнеме и со спиење и јадење и се како што треба. Во спротивно,ќе од мака,и неспиење де . Мирна ноќ. Се пожалив,сега може да спијам
Како моево дете да го имаш опишано, од збор до збор, и за цицањето исто, хаос, на едната града цица, другата ја тегне, боли, џабе го карам, плус излегуваат сите четворки наеднаш... не знам како сте со плачки, ама мојов од мал плаче директ на најјако, нема полека па постепено да појачува, комшиите го научија веке мада дека мојот цело време не спие како што треба, мене ми е чудно пример кога заспие во 10 и не стане ниту еднаш до 12, за мене тоа е премија. Еве вечерва го успивав саат време, ке полудев веке ако не заспиеше, од 10 до 11.15 едвај заспа, мене колку ми се спиеше не можам да опишам, ама кога тој заспа јас се ококорив . Башка прошетан, избањат, најаден и пак едвај заспа. Еве само што легнав, очекувам кај и да е да се разбуди. Добра нок Едит: апликацијата вели еден ден до крај на скокот, јееееееиииииииии
Очекувам и јас да се разбуди Кога ќе легнам,од што сум преморена,не можам да заспијам,а ми се спие,ми се плаче дури.Среќа што не одам на работа.А можеби и подобро ќе е да одам,барем 7-8 часа ќе ми е мирна главата. Кога цица сега,се мести за да цица на лева,а уствари цицнува на лева,па се спушта во иста позиција да цица од десна и обратно. И милион пати ќе се преврти да смени страна. Вака правеше во 4скок или 5,заборавив во кој беше,еве го сега пак. За плачење,вришти и моето . Фали се,ако добиеш "ново" дете по завршување. Да ми дадеш мотив да издржам.
Леле исто е со цицањето, цицка ловер е од мал, не знам и јас како би го одвикнала од доење нема местење цица од која ке може да ја докачи Ете овие денови си ги вади двете и си цица де од една, де од друга и плус тв си гледа
Кај мене така насилна во цицање почна да биде од осум месеци. Ако ја доев до сега ќе ми маваше и боксови во глава сигурно плус без пупки ќе бев бидејќи ќе ги откорнеше и цела со хирушки захвати. Како доите до сега ви се поклонувам до земја за храброста и издржливоста. Плус големи се и силни една пелена не можеш да наместиш, а не цицка од уста да им извадиш. Само замислувам низ што поминувате, тоа мора да е страшно на раб на лудило. Сепак стојам на ставот дека најлесно се одбива бебе до една година. Сега и да сакате не знам што би советувала за одбивање. Они веќе разбираат не ни можам да замислам како е ако не му дадеш да цица. Абе за една пластика цел стан го крена во вис што и ја земав од раце. Плус понатаму е уште потешко да се разбереш оти не му даваш. Во врска со 10ти скок мислам дека нема пауза од 9ти кај мојава ради тројките. Само плаче за се ми зуе главата. Од кога ги чекам да испаднат ама се ми се чини готови се и нигде нема заб.
@hello-kitty.90 од збор до збор истото го прави а уште е на сам почеток на скок. Вечерта се успа во 19ч со плачки, а беше кома. После тоа стануваше на секој саат хистерично плачејќи и што викаш седнува и плаче. И си ги соблекла шпикозните (кога и како не сум ја сетила), спиела само на пелена, а јас и мм на долги и покриени. Кога ја видов шлог ме маана. Она мразз ладна, ја облеков, ја покрив и почна да плаче Незнам веќе што занимации и да и барам Штом веќе на садоперот не му обрнува внимание, друго се е излишно.
@hello-kitty.90 @BabyT* Од збор до збор што пиша хелоу кити исти сме, само што не цицаме. Навечер станува, пие млеко, се треска од креветчето и неможе да презаспие. Вода и подавам, шишето го фрла 2м подалеку. Обесена на нога, не смејш ништо да работиш. Се треска од земја кога не и даваш нешто, а кога и објаснуваш дека нешто не смее, не треба така упорно го прави. Вчера неможев да ја приберам, шетавме до кај роднини пешки до кај на бејбиТ маалото, цела угорнина од доле до горе и назад ја одеше. А јас количката си ја гурав. Па на улицата кај нас неможев да ја приберам, имаше деца играа со топка она им ја земаше. И си зборуваше на нејзин бебешки. Ја стимулираат да зборува, да испушта звуци. Синоќа за заспивање уморна, преуморна плачеше пак, па ја Носев во нејзината детска, вртевме книги сликовници. Го испи млекцето се фрли на колена и ја преместив заспа. Многу е немирка, a се разбира. Најјака ми е (и најнервозно), ја легнувам да спие, трчам во кујна да средам, еве ја цуп цуп иде.
Извади го горниот дел и наполни го со вода долниот. Направи бродчиња од хартија и дувај ги. Ќе си поиграш пола час. Можеш и во кадичка истово. Мојов го размонтирал и наместил утринава да ја изненади со нова форма за искачување. Па и го ставил и мечето да ѕирка баш ме насмеал: Вчера цел ден во кутијата си играше. И додека се монтираше саат време помагаше. До вчера во градинка барем првиот дел од денот и е исполнет. Потоа спие па станува во 13. Колку толку мине пола ден поинаку. Денес се мислам каде да ја носам се и е досадно на “големата”. Ако има некој идеја за надвор игри нека каже. Од лулашки се плаши. Само мојава или има уште некое друго што не сака да се ниша? На лулашки доле земјата ја собира. Полека оралната фаза поминува поретко става во уста, се до вчера кога си пикна цел цвет. И кога викнав НЕ пред учителки ме погледнаа налудничаво. Ама океј они се лабави и очигледно не функционираме на иста бранова должина. Ми го оставија детето да си игра со цвеќињата каде беше полно со пчели. И земав физички ја преместив. Кога почна да плаче тие уште полошо ме погледнаа. Во цвеќињата имаше и како стапчиња на кои можеше да си извади око, а зад неа бетонска плоча каде ако паднеше ќе распукаше глава. Ме заболе како ме гледаат, мене ми е битно да ме сфатат дека ако и се случи нешто ќе ги задавам во цвеќињата. Мислам дека ме сфатија Да си ги допишам маките
Хахахаха ме пресмеа И мм така пресметува ризик за се, јас сум по чил и ме нервира со неговото претерано Ќе пробам со бродчиња само да побарам како се правеа, заборавени ми се
Не сум пишала и јас неколку дена. Во шок сум. Не ми се верува штп се случува. До сега скоковите ги миневме лесно и најчесто неосетно па сега ова ми е ептен како wtf? 10тиов скок у-ж-а-с. И ние сме на почеток на громчето. Не ми е јасно што е ова ми го сменил некој детето преку ноќ. Кемкање за се и сешто. Што и да направам е непогодено. И се тригира од мали и глупави работи и одма ќе почне да вика, да плака. Ете вчера си играше во песок и му се истури песокот од лопатката и коа почна да плака да се дере на цел глас, не ми беше јасно. Барав да не го каснало нешто, да не се удрил, или изгребал нешто иако го гледав и немаше ништо друго. После еден час дома ја буткаше вратата и почна исто бидејќи неможеше да ја затвори, а никогаш не ни можел дека имам ставено оддамна заштитници да не фати прсти и не се затвара. И пак исто се дереше пола час и сфатив тогаш дека се тригира од глупости. Пред некое време почнавме да редиме сложувалки, до пред 3 дена со една сложувалка со форми си игравме 40мин. А сега овие 2-3 дена нема шанси. Ништп не го интересира. Дури и новите неотворени што не ги знае коа ќе му ги покажам не го интересираат. А барем за нови работи првиот пат секогаш беше заинтересиран. Се треска да иде надвор без патики, вика по мене несмеам да мрднам ни секунда, ако на 3тото мама ме нема почнува плачење и потресување. Почна и по име да ме вика и само вика по мене. И најјакото почна да се буди навечер. Од коа престанавме со доење пред 6 месеци се нема будено. Понекогаш станува со плачки, понекогаш само ќе седне до мене и ми брка во око, нос, уста, па ме гребе, ме кубе. 10ти скок + вадење 8 заби наеднаш + регресија во спиење.....проверувајте ме од време на време дали сум уште при здрав разум од позитивните работи што ги прави периодов, ме вика мене по име и мачето и многу е кјут. Иако најчесто моето име е проследено со викање и плачки коа следи нешто јако тогаш го користи. Почнува со мама мама и после некст левел иде името Претходно што пишав, оди назад и се врти во круг и на прсти. И многу се гушка. По цел ден залепен за мене и ме гушка