Море ич не се нервирај ако ја легнеш да заспие сама, а она ти иде во кујна додека средуваш (има и такви чуда од деца, ги оставаш во креветче и сами заспиваат ). Ако ти кажам дека година и пол јас го успивам, некогаш по саат и повеке, ако заспие за 10-15 мин за мене е празник и вело време сум на штрек зашто се буди. Одма трчам да го презаспијам за да не се ококори . Ете синока заспа едвај 11.30, се будеше цела нок, спие немирно, сабајле од 6.30 докај 7.30 беше буден го презаспав, и тамн реков ке поспие јас да фатам нешто од сабајлечки, еве ти го во 8.30 буден, свеж, наспан
Убаво си пишува. Му се случуваат големи промени во 'системот'. Иста беше и мојата пред скок, а сега бетер во скок. Се надевам ќе биде како кај Бела, само првата недела да е ваква....
И синко помина ок со последниов скок. Само првата недела беше покенкав и нерасположен, инаку е ок. Да дека е почувствителен, веднаш реагира ако нешто не е по негово, и залепен е за мене и мм повеќе, ама ништо страшно.
И на назад и со замижани очи и на прсти и да се врти во круг и трча со замижани очи и не бара кој кај е и вика ова мама, ова тата, ова баба.... Дур не се акне некаде.
@BabyT* стварно и на мојот не му е интересен садоперот веќе ,се насевам дека е привремено. Барем со тоа си се играше. Исто и за откривањето,додека е буден не дава да го покријам,а откако ќе заспие,го изритува кебето. Не му е жешко сигурно,зошто спие во тенки пижами,со тенко кебенце. Мене која не сум многу по жешко,ми пристудува додека го дојам ноќе,а не па он што спие непокриен додека го сетам. Ептен немирно спие. Ако му се истури вода од чашка,ако не успее да земе 2 топчиња во рака,ако при пресипување гравчиња во канчиња му се истурат на земја,ако било што не успее да направи сам,следат плачки. Вчера кај мајка ми виде бебе кукла,ама целата искината,главата и се држеше на многу малку,кога почна да плаче едвај го смирив. Дури и дома кога си дојдовме му текнуваше на бебето и приплакуваше. Толку ли му се виде страшно или жал му падна дека скоро му извадена главата
Од жал ќе да било И ние сме исти, ако не по нејзино легнува на земја и плаче Некогаш ми се плаче, некогаш ми смешна.
Добро е, значи групно сме вакви Почнав да се секирам кај е проблемот, што така се го фрустрира од нигде. Работи што и до вчера не ги правел денес го нервираат дека не може да ги направи. Многу ми е мака да го гледам вака. Од ништо излегува плачка, незнам ни кај да пазам... Еве го сега плачеше и липаше дека не можеше да ја дофати кваката на надворешната врата и во обид да го гушкам и смирам заспа во мене. Ниедно време за дремка. Лудо ќе биде периодов
Хаха,исто вака прави.Мижи и оди на прсти,па трча и се смее и гледа позади.Па става на глава некоја блуза и оди.А наназад оди додека не допре нешто и после пак повторува.И после плачела,епа ќе плаче кога не гледа.
одвај ве исчитав секогаш со жалење почнувам На кратко да кажам. Подобар е дење, 2 ноќи подобар, сношти беше лошо, стануваше многу, многу, и јас и мм нишавме, не плачеше ама стануваше, @Dina911 до ден ден во раце заспива, не се случило сам да заспие, во количка може да заспие ако го возам, а дома исклучиво во раце и тоа со нишање пеење, скокање на кревет, седам нишам....ракава ми е откината од што ме боли, еве сега во 12ч, 20 минути го заспивав и тоа прошетан надвор @hello-kitty.90 сега е веќе подобар дење, се заигрува со коли, со коцки со се, дома сме деновиве кај нас е преладно, дува многу ветар и плачки имаше само за надвор пак се лути ама не е како што беше. @FreeMind нишалки бега од нив ко од ѓавол пишти корни нема шанса да го седниш, имаме дома и од оние домашнине, го имам пробано и надвор на истата, на друга обична дрвена, ма нема шанса, ко да го колиш плачи И жени што доите уште секоја чест, тоа не би го издржала јас сега во оваа возраст На крај да си кажам дека многу ми е мил само ме гушка, ме гали, ме бакнува (демек ме бакнува, повеќе ме чука со челото, ама него тоа му е бакнување хаха) ова само со мене, со други не, можи со мм да се гушни некогаш ама ретко, а тој повеќе му оди по газот Едит, за 3ките заборавив да пишам, уште не се пробиени, детево ги искаса прстите, само в уста му се, од 14 месеци почнаа да се белеат, 4 месеци поминаа не се пробиени, а веќе и 5ките се набабрени одамна. Јас си мислам дека кога ќе ги извади сите ќе спие повеќе
Очила за сонце се препорачува ли и какви? Овие на чико или не? Се има некој распрашувано,читано на оваа тема?
Мојата од 7 месеци , носи на чико. Лето, зима кога сме на снег кога има светлина. Без нив не излегува од дома. Има многу светли очи и многу и смета сонцето. Едит. И имавме земено едни и од веро , плачеше за нив дека со маче, ама кога ги проба воопшто не и лежеја на лицето, цело време и паѓаа.
Ги видов во Рамстор на акција 600 и нешто денари,па ми текна,ако се добри да му купам. Или ако има подобра опција некоја,во овие за наочари не сум забележала дали има за деца мали. Секако би сакала да му земам некои кои се добри,а не пластика,која место да штити од сонце,би му штетела.
Овие јас што ги зедов пише до 1год, околу 800 и нешто ги земав. А имаше и од 1 година нагоре,поштосни, поубави. Овие малку смешно и стоат
Ако сака да ти ги носи. Мојава само дента кога ги купивме ги носеше и одтогаш за џабе во торбица секаде ги влечкам. Инаку ок се на чико. Јас имам и од вајкики едни ама тие и големи и се.