Што врска имаат годините? За големина или нешто друго? На нив ли пишува за која возраст се,да знам какви да барам? Вака кога гледа наочари обавезно ни ги мести на очи,а он дали ќе сака да ги носи,штознам . Јас сакам битно,ако не,ќе стојат,како и многу други работи кои ги имаме купено за џабе .
Не сум пишала неколку дена и неможам да дочитам . Се плашам кога ве читам за 10 скок, малата е тек некој ден пред 9 - ти и сега за сега е мирно. Нормално има пискотници ако нешто што намислила неможе да го направи, но се трпи сеуште. Некако ми смени оваа недела, почна сама да си измислува игри и се заигрува по 10-15 мин. Обожава да преместува играчки од земја на стол, па од стол на маса, и така си реди топчиња, коцки, па ги полни коцките во кутија. За прв пат немора да седам до неа, само да ја пратам . Друго интересно ми е што почна сама да си ја носи пелената во канта, само ќе и речам ајде да ја фрлиме пелената, и ја зема, ја носи во канта . Секој ден учи нови работи, ново и е што знае да покаже што е глава, рака, нога и уста. Со спиењето навечер, стандард се буди еднаш-два пати, но бара малку да ја занишкаш и продолжува да спие, не е многу страшно тоа, и онака се будам неколку пати да проверам дали е покриена. Надвор е многу напорна, затоа што сака секое каменче и ѓубре да го дофати и да го стави во уста, па само велам не не, па сака да седе, мислам познато ви е .
Мојава сега ми фрла работи во канта и што не се ѓубре, а не ги сака. На пример чорапите или некое овошје што не и е по ќејф. Или ако речам нешто ова е блјак одма трча во канта го носи. Исто и ако јаде чоколатце, смути или било што запаковано, штом го дојаде збира книжињата и правец во канта. А започна прво така со валканиот памперс како твоето. Сега и велам ај донеси ми памперс и влажни да те слечам и се одма ми носи. Ама потешко за легнување мирна да можам да ја преслечам. Многу се чешат и рани се прави.
Леле исто, веќе некое време ми се чеша на соблекување. Таман ќе и се смири црвенилото, мислам од она што се чеша пак засцрвува. Се борам да и тргнам рака
Не да се чеша... Рани си прави со ноктињата и дур крв си пушта и се смее. Се борам и се убедувам, ама на неа смешно и е. Не знам зошто, а нема брунки илк да е касната од комарец. Ова новитет и е. Кај досега се бркаме за облакање сега борби и за чешањето. Страм ми е на педијатар да ја однесам, ќе речат јас ја повредувам.
Синоќа стануваше на саат време седеше и си плачеше. Како на менгеме да ми е главата денес. Од новитети знае бац бац да прави само со кукли и мечиња, а нас ни мава глава во нос. Знае и да се гушка ама само кога сака. Бип бип да свири како на дугме. Испушта по два слога нон стоп досега ги слушнав сите букви фактички. Уште да ги поврзе и толку П.с сега за ова се мислам утре кога ќе отворат уста нема да затворат ќе барам тишина. Ама шта чеш.
Бевме вчера на ортопед.Во суштина се е во ред,ама ми напомена за седењето да не седи со нозете нанадвор( знаете она W седење).Нон стоп ја преправам кога седи оти знам дека така не треба,ама ете ортопедот одма кога ја виде,кажа дека така седела.Да ја учам навнатре како по турски да седи за да смени навика.Сега за сега не проблем ама во иднина ќе и се искриват нозете.Го сфатив крајно сериозно и морам да ја одучам. Друго,ми напомена да земам обувки и за дома,по дома боса да не одела.Со цврста пета и со влошка како оние ортопедските со испакнато што се.Па сега и топлинки ко сандалчиња планирам да и земам.Не знам дали некој од вас има добиено ваков совет.
Може да пишеш кај кој ортопед? Ова за првиот дел сите го напоменуваат. И јас за исправам и пак седе така. Треба долго време за да се стекне навика.
Баш со бејби зборевме за искривување на нозете зошто и мојата така седи. Во најмала рака нема манекенки да бидат А за сандали по дома не сум ни прашала, а педијатар не ми ни споменал. Само за во градинка е со топлинки внатре. Да не мислел да не и се лизга ногата на чорапи во таа смисла? Баш ќе прашам следен пат по ова прашање од форумов се информирав дека боса требало да оди дома.
И ние кога бевме на ортопед ни рече дома бос да оди,а не со топлинки или патики,а баш во зима бевме. Рече дури летно време е препорачливо и надвор да оди бос,ама да не се боцне на нешто,па да го оставам по чорапи. За носењето пелена во канта,и мојот почна кога беше во 9 скок. Сега знае и да не бацува мене и мм,и се што ќе му кажам ме разбира и реагира.Исто и знае да имитира. Едвај чекам да видам што ќе е ново по 10 скок. Сигурно ќе почне да збори? @paleska3 кај синко 9 скок почна мирно,за да се засили пред крај
И за лизгањето,ама повеќе за тоа дека одат по тврди и рамни површини,па јас го разбрав дека треба на пример по песок за да и се формира стапалото оддолу.Затоа и влошката да била таква со релјеф.
За одење по песок е препорачливо тоа го знам. И летово би било идеално по плажа нон стоп да трча. А за дома немам информации. Ќе морам да прашам.
Баш ме интересира што вика медицината таму.За ова и јас прв пат слушнав затоа по дома си беше боса и по чорапчиња.Знам дека тука од др до др сите различно кажуваат па затоа сакав да чујам ваше мислење.А за седењето нљшиве што лазеле природно им доаѓа така,ама не ја оставам.Се е навика,па и тоа.
Ова “проблемов” со седењто со нозете на надвор примтив дека се јавува кај девојчиња. Дали така случајно се погодила статистика, или има некој и со машко вака да седи? И мојот лазеше ама никогаш не седнува така. Ние за две недели сме на ортопед, прв пат после проодување па ќе видиме што ќе каже. И мене како инфо во глава ми е дека најубаво бос секаде каде што може. По дома е бос цело време. Често и низ двор го оставам бос. И планирам коа ќе се стопли убаво цел време да си биде бос.
И моево во w положба сака да седи. Кога и велам исправи ги нозите, ги вади нанапред, ама по некоја минута ќе стане за да земе некоја играчка и пак така ќе се намести. Ќе пооди ова додека да сфати дека не треба така да седи. За топлинки прв пат слушам, нам ортопедот ни напомена дома боса или со чорапи со гумички да не се лизга. И за надвор патика тек кога прооди убаво. @hello-kitty.90 ме утеши сега
Боси е најубаво. И за возрасни. Како би ви било вас да ве стегнат дома во патика и во топлинка? И јас лани и надвор во двор ја оставав боса. Мојава не седела со нозете во W до сега ниеднаш.
Знаеш за ова w седење можеби и си во право. Син ми никогаш така не седнал, а ќерка ми одвреме навреме знае, но не е алармантно. И двајцата лазеа, па не верувам дека тоа има врска.
Јас не можам боса на паркет секогаш сум со влечки. Ме боли буквално цела нога ако стојам боса и тоа голема болка да не можам да стојам на нозе. А како мала имавме тепих дома колку ми беше убаво се сеќавам. Потоа мајка како најголема пединтерија на свет ги извади оти и правеле прашина и од тогаш сум со влечки. Можеби и навика е се али моментот боса на паркет и како језиво ми иде. Додуша увек сум со чорапи не се сеќавам боса да сум одела. Во врска со седењето не знам дали и се собира 20 мин да седи на газ така да не верувам дека ќе и се искриват нозете од тоа. Ама сепак и ја влечам ногата. @AlicaInWonderland утринава и вадев трн од рака со чупкалица. Мислам можеш и да замислиш како личи тоа вадење и кој боречки захфат го направив за да го извадам. Од надвор што е нон стоп на земја ете и се закачило и јас да не видам цела ноќ. Ама така и беше затскриено накај палец среќа што и видов ќе загноеше ако подолго стои. Сакам да кажам многу внимавај бос надвор. И од крлежи и од срчи, гранки...