@FreeMind уф болно. Едвај нокти сечеме не пак тоа... Ќе внимавам повеќе. Обично ќе сметам и проверувам срчи и каменчиња. Ама за поситни работи тешко. Сепак надвор е...
Околу седењето еве го мојот е машко па седи така. Јас баш сакав да пишам деновиве зашто знам дека е неправилно. Често му ги вадам ножињата,но забележав кога седи повеќе од 1 мин сам си ги исправа веројатно не му е удобно, се надевам нема да премине во лоша навика. Незнам дали само тие што лазат ова го прават? Инаку и кај мене е нон стоп бос,тој и зиме си ги собуваше сам и се беше бос,среќа е секаде теписони па може и затоа го оставав. Туку уштe стои /оди на прсти. Трча околу маса,со едно рече оди но не се пуштил сеуште да оди сам,ќе биди и тоа кај и да е. Ко сенка сум му,нон стоп позади него сум оти се си правам и јас лоши сценарија
Какво ви е ова седење во w? Моето е мало, не сум за темава, ама ве зачитав. Има 9 пуни и седи чудно, ама не знам дали е истото ова што го зборите w. Лази и седнува од лазење, само со едното ноџе свиткано позади, а другото е нормално исправено напред. Некогаш го исправа сам, но почесто ние. Мене ми личи како да ќе му се скрши во секој момент, како да му е неудобна позицијата. Имам уште две пред него, девојчиња. И они лазеа, ама никогаш не седеле вака. И каква врска има лазење со ваков начин на седење? За боси, моите пораснаа боси, во кал, земја, песок, трева, камчиња и уште најмногу сакаат боси и ја користат секоја прилика. Исто и бебето ми е босо. Игра пикадо со чорапчиња. За проодување и јас знам е најдобро босо, а исто и на песок препорачливо. Во врска со крлежи и трнчиња, долга е мојата историја. Најчесто имале во глава, врат, на меше. Неброено многу пати и крлежи многу ме плашат. Бебе крлеж лани позади на вратче кај малата, минијатура, не знам ни како го забележав. Повеќе на бемка личеше. И јас имав еднаш, на препони. Ми беше страв гаќи да облечам. И тоа си преспав со него претходната вечер. Тогаш не ми беше смешно!
Ваков начин на седење. И нема врска со лазење, и деца што не лазат седат вака. Моиве лазеа, па вака не седнаа. Нормална фаза во развојот е, затоа што децата вака се осеќаат постабилни, ама од друга страна ако седат само вака, може да имаат проблеми со мускулатурата, а со тоа и координацијата во понатамошниот развој. Имам братучед што имаше проблем со колковите од вакво седење, па го оперираа после пубертетот.
Само ја опоменувам, ама по две секунди пак вака се мести. Некако понарочно и е зошто одма може да скокне да дофати играчка или не знам зошто. И така само си повторувам како треба да седиш, ги прави и ми вика ЕВЕ и пак по некое време ќе се посегне по играчка и нозете вака ќе ги намести. Се тешам дека ретко седи и тоа време гледам да ја корегирам, ама не сакам да и остане навика.
И мојата седеше вака. Многу позгодно и беше да седне и стане од ваква положба. Не ја опоменував, само и ги исправав нозете секојпат. После неколку месеца прекина, сега си седи со исправени нозе. Не сум знаела дека е толку штетно ваквото седење, него чисто да се учи да седи постабилно ја исправав. Сега веќе не ни седи на газ, цело време трча некаде.
И мојата најчесто седи само со една нога свиткана. И се си правам филмови дека таа нога и оди нанадвор од коленото надоле. Ја местам ама за секунда пак ги месте така ако мрдне да земе нешто. Е сеа не седе волку раширено како што стави слика Ана. И идат некако како пола под газ, пола нанадвор.
Мојата вака речиси никогаш не седе. Напред и се нозете вкрстени. И рацете напред ги вкрстува и става на телото како стар човек. Малата е 15 месеци полни, уште малку 16,спие денски само саат ипол. На целата активност што ја има и малку спиење она постојано станува навечер Ти бе, саат ипол да спиеш преку ден и навечер да стануваш, ма комирана сум јас бе.
@Spidy малата ти беше запишана во Литл ми, така? Импресии? Денес поднесов апликација, се видовме и со директорката и прилично задоволна сум од ова што го нудат. Имам неколку познанички со деца таму и сите се презадоволни. Ништо не испадна со државнава градинка. На крај не е запишана сепак. Страшно и мизерно. Литл ми не ми одговара воопшто со локација, ама немам во близина други приватни. Меревме денес со маж, за 15 минути стигнавме. Ама немаше гужва многу. Што ли ќе се прави во шпицот? Небитно, мислам дека детето ќе биде среќно.
Што да ти кажам, цели 7 дена идеше пред коронава. Океј беше, немам никакви замерки. Ама малата не ми е проблематична, немаше некој момент според кој можам да речам дека се покажале добро или лошо. Ме примија да влезам првиот ден, ми кажаа се што ме интересираше, ми се јавија кога да ја земам. Даваат ливче со тоа што јадела, на земање кажуваат како поминал денот. Ама сепак сето тоа е дел од адаптација, од трет ден остана со спиење, ама дефинитивно не беше скроз навикната да иде.
И мојава не е проблематично дете, никогаш до сега не вриштела по мене и по татко и ако одиме некаде без неа. Им реков таму, две недели адаптација, не можеме повеќе, и за тоа маж ми ќе треба да прави 300 организации на работа. Може другарки ќе биднат маливе
Добра си ти со две недели, јас реков до 5 дена. Само позитивна мисла, си ја знаат таму работата, се снаоѓаат со децата. Јас повеќе мака видов да ја оставам на свекрва ми сега после коронава, ја немаше видено 2 мессца и се утепа од плачење. Во градинката поише беше заинтересирана за децата и играчките. Плачеше на врата на оставање, ама викаа дека после тоа не плачела ич цел ден. Искрено многу сакам да се врати во градинка, ама отиде свекор ми во пензија и можно е да не ја праќам сега дури и кога ќе отворат.
Втора вечер по ред лудница. Плаче се мава во ѕид со глава презаспиваше околу два саати. Преку ден плачлива...само трпение. Сакав да кажам синоќа ја бањавме во дневна пред Тв со цртани (така ја бањаме од кога почна да рика) и вчера не плачеше. После две одвратни и страшни недели госпоѓа не плачеше. Имам некое лошо чувство дека многу ќе настрадам од тантрумите. Најмногу на свет. Ја гледам како расте и се натаму оди кон мавање од земја за се драматично. Многу драматично. Туку освен Мара што помага при тантруми кај деца? Лексилиумче од пет?
еве една силна гушка од мене. Ке преживееме ваљда Јас како мала сум рипала како мачка штом со туш ми ја миеле косата. Ме плашел изгледа. Сум гребела и скокала од корито...сите за тоа ми зборат како хепи не сакаше да се бања со туш... ја плаши нешто и Емили штом си рика но за брзо ке и помине ке дојде на сцена нешто ново . Мојов па седи како турците нозе изврзани ,ни W ни под гз... Ме нервира што многу чкрипи со заби јас го опоменувам тој ми се смее и си продолжива. Ме ежи и мислам секој момент ке скрши некој заб.... Само писка и вриска не знае ништо друго. Оди и ако му текне дека сум ја тргнала раката т.е дека самостојно се движи и одма на гз седнува и глуми дека плачи... Мажи глумци Ноќе си станува како новороденче и ново е што спие со мене од 1 по полноќ. Станува како да месечари седи гледа ме бара и во раце заапива,штом го вратам одма станува да плачи. А на спална си спие...
Дајте предлог место каде да се шета со мало дете? Во околина на Скопје, да не е Водно и парк, нешто неурбано, ливада некоја...