Заби или скок.Трето нема. Тантрумите до сега се под контрола.Кај нас пали сечење во старт.Обично кога не е по нејно знае така да се треска и да се мава.Ама одма залажувам со нешто оти ако ја оставам после со ништо не се смирува.Највише на сред јадење во хранилка ми се треска,како да нема трпение.Ама еве после скокот почна и сама да се заигрува кога сака.И сака да ја закачаат,сака внимание од други луѓе.Ова дека беше малку асоцијална претходно.
Овде на шеталишта веќе се шетаат. А многу е посеверно од доле. Сега искачаат од дупките и гледаат што има ново годинава. Исто и глувчињата се искочени. Совет: бегај додека те држат нозе друг совет и нема. Ако во случај ве касне се стиска местото погоре силно со било што се преврзува и се оди најбрзо во итна помош со купена инекција против отров бидејќи во болници во мкд ја нема да не губите време доколку се работи за поскок кој е чест во Мкд. Во никој случај не се обидувајте да ја фаќате или убивате, само свртете се и јуриш.
@FreeMind на полни 17 месеци е скокот? Ноќта се буди со плачење, па пак презаспива.. И таман и јас сум задремала ете ја пак со вриштење се буди... Скокнав од паметот веќе. Како шлаг на тортата... има и температура веќе 2 дена, не јаде, не спие... Хаос. До кога трае овој скок? Да знам да се наоружам со нерви.
Па неможе така точно да се каже кога е бидејќи скоковите се рачунаат нели од due date, од 71ва до 75та недела. Плус може да варира две недели плус минус кај различни деца. Ете нас не фати со полни 18 месеци и една недела. Инаку 4 недели е. Ама ударниот период е 1 недела, 72рата
А и по тротоари... Мене пред некој ден пред количката ми излезе и се пикна во шахта... Малечка беше,ама змија е змија... Инаку тантруми кај нас се манифестираат со лупање на главата во тоа што му е најблиску. ..софа,ѕид,комода,играчка или ќе клекне и се мава од подот. Скоро на секое не/nein.
Мојата таман е за скокот, 75 недели точно. Инаку ако пресметам ова со будење ноќе почна пред недела или две.. Само што не беше толку силно манифестирано. Сега е хорор. Фала ти за инфо.. Си лесно на сите кои го поминуваат овој период
Мојов денес е супер. Пу пу (веќе и во бајки ќе почнам да верувам) 5 дена траеше лудилото. А гледам и нов заб извадил. Не верувам беше само до забот, дека имаше и чудно однесување. Може болката само му ја влошувала ситуацијата. Денес е многу мирен, се заигрува, се смее. Пак редевме сложувалка Не вришти одма ако нешто неможе да направи.... Ќе видиме како ќе биде вечер со спиењето. Денската дремка помина супер. Инаку и тие беа ужасни и кратки. Се надевам завршил ударот од 10ти скок. И се надевам и кај вас вака кратко да трае
4 дена по ред е супер. Сабајле имаше малку налик тантрум, БЕЗ никаква причина. Се разбуди, си лежевме, смеевме и наеднаш почна. Ама како беше пред 4 дена ова е одлично
Кај мене е многу лошо неколку денови скок, заби и тантруми. Плаче на се, не спие, се мава од земја. Само да помине периодов папсавме скроз.
Пак фазата со бањање Не се фалам веќе.... Ја ставам во када, три секунди и врискање колку ја држи глас... Ни играчки, ни садоперот, ни бутур помогна. Заврши само 'одмиена' со вода..
Успивањата се хорор деновиве. Едно успивање трае од два до три саати. Очите и паѓаат и мижи и се влече низ спалнава и плаче. Јас ваков период досега немам видено. Ужас и ден и ноќ. Ова е веќе страшно и некако од ден на ден се засилува станува полошо.
Исти сме скрос. Абе како со ист калап да се правени нашите? Само на арно да ги фатиш треба. Што не добиват врескат. Не ми е јасно тоа трескање од земја на сред соба, улица. Ме гледат луѓето како да ми фале нешто. За бањањето. Ја бањам сама во базенчето (доле ни е коритото, а горе базентче мало од џамбо) и госпоџата на три пати главата напред да пикна во вода намерно и и беше смешно. Ама за облекување плачки.
Не. Во тој исто беше неподнослива али ова моментално е сите досегашни скокови собрани и мултиплицирани по сто за да ги запаметам цел живот. Почна со бањањето и само добиваше на моменти и јачина и овие задни три дена е кулминација. Навистина се плашам утре како ќе биде. Ни сака да оди, ни да ја носиш, ни да спие, ни да јаде, ниту цртани, ни дома, ни надвор, ништо не сака.
Едноставно секој твој потег, секој твој чекор, што и да направиш и/му смета и е погрешно. Да ти е страв да се издишиш бе.
Петки на повидок Искрено ваков хорор викенд одамна ми немаше приредено. Се му се собра, и вакцина (пред неколку дена ставивме конечно ДиТеПер) и заби и тантруми и се. Скиснато, разлигавено дете, и само ме тегне за прст и вика тука мамаааа А тука сум, до него. Да не зборам дека со спиењето е исто ужас, станува по 4 пати и бара млеко, па морам да му ставам барем 2-3 голтки за да презаспие, инаку вришти и пишти. И нејадење си оде у пакет нели. И како врв на се Синоќа падна толку лошо измеѓу гарнитура и стаклената логија и тресна толку силно што мислев дека си го скрши черепот Плачеше ама немаше ни модринка ни ништо, од завесата не видов кај се удри точно. Ама јас што од стрес што од страв се изнаплакав и цела вечер душата не можев да си ја смирам Мојов за неполн месец прави 2 годинки, велат како растеле полесно било. Е кога ќе дојде полесното бе? И на вас гледам ви е тешко, кој со тантруми, кој со бањање или нешто трето мака мачи, еве ви една гушка. Ќе звучам клише ама трпение-спасение мајки, ќе пораснат, а ние ќе остарееме
Родете второ, ни скокови ќе броите, ни ќе нишкате, ни ќе се стресувате... Со син ми табелата напамет ја знаев, сега не знам колку месеци е малата, а не недели и скокови да бројам.