Искрено да ти кажам баш деновиве си правевме муабет со мм дека би одела на второ, ем да не се толку голема разлика и ќе си бидат другарчиња, ем да го поминам цело лудило на еден мастраф што се вика Ама чекаме да помине корона кризава па да се селиме накај Скандинавија, па не би трудна баш да ја почнам преселбата
Имав една колешка, второ дете, секогаш се жалеше дека сестра и била погалена. Со колешкава родителите биле попопустливи, ама секогаш доизносувала работи од сестра и, не се сеќавале нејзините на колку месеци и никнал прв заб, или кога точно проодела, немала нејзина радосница... Да не бидам погрешно сфатена, ок родители се луѓето, таа си е преблиска со сестра и, баш се другарки. Ама кога ќе подразмислам, брат ми е помал, сирот ни он нема радосница.
Јас чекам второ, терам 12та недела и сеуште се прашувам дали можеби си зедов преголем залак 2 деца со скоро 2 год разлика... Овие скокови, температури, трчање да ги задоволам нивните потреби и сл..мислам дека дури тогаш ќе полудам.. Ама нема назад... Да се живи и здрави само.. А и ние исто така......
Со лесно да ти е мила до крај. Вие сте женишта бре со Бела и Хепи. Срце планина. Синоќа стана во три саат плачеше на цел глас до пет. Плус и протекла пелената па менувај боди и вреќа за спиење и не и се допаѓаше вреќата...со солзи се мава од душек со цела сила си ја бара помочаната вреќа назад. Ова се заби дефинитивно пред се има и болки се гледа дека ја боли и плаче сака да каса онака неутешно плаче. Па и тие тројки никако да испаднат! Досега супер ги вадеше забите али овие ми наплатија за се. Таман стана да и даде парацетомол заспа. Утешете ме дека ова набрзо ќе заврши зошто ќе плачам и јас.
И јас синоќа се исплачав. Синко не преплаши со мм. Време за спиење му беше, околу 23ч, и се превртуваше на спална ко и секоја вечер. И наеднаш се фрли точно на ќошот од наткасната. А јас до него бев, ама не успеав да го дофатам. Само слушнавме силно баам и врескање. Среќа ја промаши аркадата и окото. Крв имаше, многу плачки, и од него и од мене. Има дупка сега над веѓата. Му ја исчистив раната со хидроген, ставив и бетадине. После тоа си беше весел, како и секогаш. Го држев уште саатипол буден, се плашев од потрес. Ама убаво не потресе со мм.
Душааа, со помин нека му е и вас исто, знам како е. @PeachGirl со лесно да ти е, се да е во ред 2 дена помирен пак ноќе, сношти пак стануваше 4, 5 пати ама без плачење, не плачи сега, барем тоа помина и јас со тројките се измачив со него ексик 4 цели месеци и уште нема ниту една пробиено Ве поздравувам од на работа, од денес старт со полно работно време
Ние затоа сме активни цела група овде на сите ни е прво. Како муви без глави. За второ ти е поминато и нема што да се мислиш што му е. Затоа е полесно второто. Али пак си велам секогаш ќе имаш прво што ќе искусуваш нови работи и ти фали уште второто да вришти и ало Бардовци. И да се чува само сепак си носи проблеми, дали не јаде, не спие, протекува, болникаво,итн. Вака лесно звучи кај други али кај мене да е шо знам
Речиси сите што ги познавам имаат едно мирно дете и едно со сите маки што може да се имаат со едно дете. Мене првово ми е бубаче, ни скокови видов, со некои потешки моменти лесно и брзо се справив. Е затоа наредното мислам дека се тоа низ нос ќе ми го извади. Па ќе доаѓам да ви се жалам и ќе ми се смеете кога вас вторите ќе ви бидат мирни
Замисли... да треба да го будам сабајле во 8 да стане,да плаче единствено ако му ја акне една брат му. Или па да бара да јаде и нон стоп да е насмеано бебе. Да сака да се гушка.
Еве мојава ја будев сабајлево во 8. Најчесто е станата уште во 7, ама вади една четворка, па малку немирно спиеше ноќеска, и одма надокнадува. Јас и маж ми сме биле мирни деца, искрено не очекував поинаква и ќерката да биде, ама може следното на вујко или чичко ќе се метне, па ќе дупнува глава на секои 3 месеца јас ако сум била прва, јас сама сум се чувала, а по брат ми сите трчале. Едното мора да е побесно, ако имате две мирни деца досаден ќе ви биде животот
Ако ти се погоди како мене второто ќе видиш второ само се чува Јас сум второ дете али и сестра ми не била лесна за чување. Ама јас сум била оток жив тантрум во движење. Еднаш сум се фрлила ласта во продавница на плочки за да ми купат кожна јакна со реси, 100 марки била. Толку многу сум била уверлива што стварно ми ја купиле со чекови. Се разбира не сум ја ни облекла. Од тогаш не ме носеле по продавници никад.
И јас ова од @Spidy го имам слушнато од повеќе жени, едно мирно, едно не Ама имам другарка во Австралија е, вели исти двете, двете "лоши", еве второто машко и е со синко иста возраст, исти се двата ми вели Јас си мислев со второво полесно ама ова и полошо од првото (женско) ете така и ме утеши дека првото на 3 години почнало да спие ноќе ако не завршам дотогаш "в комшии"
Ја би уште едно веднаш. Да ми речат еве денес иди роди го и чувај, одма. Не ме плаши ниту пораѓај ниту чување. Ама бременост 9 месеци не би! Нема да раѓам 2ро поради бременоста која треба да ја поминам. Така на моменти ми е многу жал што ете ќе останеме на едно, зашто секогаш сакав повеќе деца, дури 3 ми беше желбата ама тоа е. Да ми е живо и здраво ова, доволно е
И јас не сакам да се голема разлика, не повеќе од 3 години, ќе почекам уште малку таман дека и со царски. И кај мене не од "лошите" но не беше па и бубалче ,кенкалче поидеалнобарем со спиењето се погоди, си фати некој ред, уште од бебе беше спанко,мене дефинитивно ми беше најлесно до година ,сега се по него со ова фазата проодување ми е ептен досадно,па и кенкав ако не сум до него,ако сум во кујна ми се влече по нога само, и затоа му готвам кога спие и јас тогаш јадам. Очајно ми требаше помош овој период ,али со коронава пропадна визата на мајка ми,то што е. Туку гледам сите ваши вадат тројки веќе,4ки,мојот само кецови има,тек сега 2те пебелеа ,многу касно . Тоа значи назад ми е орото,таман ќе ги вади со тантруми И конечнооо покажа интерес за парчиња храна,алелуја,и тоа за оризови галети бе,ги крцка ,ги џвака, ама и овошје,добар е, до 2 ќе пројади.Многу ми е смешен сега кашите ги вади од уста хах,претходно така правеше кога имаше некое парче во кашата. Значи едноставно не бил спремен,џабе јас нудев тој мачкаше и фрлаше. Значи се во свое време.
Не биди лигле за една бременост Млада си секако дека сите бремености не се исти. Многу е поубаво повеќе деца за иднина. Јас покрај бременоста што ја сметам за најтежок чин и накај 40 одам и стварно не планирам вакви епизоди да гледам во следни пет години. Сакам малу да олабавам и да поработам на себе некако како да си фалам на себе си. И глупа корона еј мајка ми никако не може да дојде плус и глупиот менталитет ќе изгинеме без помош со месеци. Како се нервирам ни одмор не можам да планирам, ништо во воздух е се.
Јас се исценкав со маж ми за второ догодина, максимум 3 години да се разлика. Искрено ви љубоморам што сте трудни по вторпат, да беше до мене и јас ќе ве дружев. Па и да се погоди бесно дете да е второто, ќе издржам па уште и близнаци, па да си завршам работа да си имам 3, ехеее на коњ ќе бидам