Така ми идеа и мене лани - адидас 21, најк 22. А сеа ме буни што нема 24 најк, следно е 25. Да не треба 26... тоа се мислам.
Аха, јасно. Извини, се вмешав, а не сум те ни сфатила што прашуваш Најк идат 22-23.5-25-26 Адидас 21-22-23-23.5-24-25 Чудно идат вака...најубаво според цм да видиш. Па ако не ќе ги замениш, не е страшно, само што ќе поминат 2 недели додека чекаш и праќаш
Сега пред некој ден пишев за второ Од секогаш сум сакала бар 2 деца, уште сакам ама не би издржала сега на пример, малку потака за 3, 4 години Немав компликации во бременост, се беше во ред, ама тешко ми беше цело време само се жалев 9ти месец неможев да одам од што ме болеше половината, па и царскиот леле бре што беше таа болка, мислев дека никогаш нема да помини, многу ме болеше првите 2 недели, мнооогу ни кашлање, ни кивање, ни смеење, ништо, среќа немав главоболка, сега ќе снимам половина, да видам што се случува, ептен ме боли, па и жолчка за ваѓање, мх мх хаос сум на 30 години Па и да менувам пелени на 2 деца истовреме ова големово борба да водиш пелена да смениш, малово цицалче, 15 пати на ден пелена да смениш, 100 пати да цица малово, големово да препрашува се и сешто, ти неспан ами кај има тука јадење, пиење, готвење, капење...... уф не би сега во никој случај секоја чест на сите што си чекате второ јас вака го замислувам Синко заспа одвај во 10 и пол и не плачеше со Дино Мерлин пак почнавме за заспивање, засега е супер, секој ден новини овај период досега ми е најинтересен, се разбира само слуша и меморира, неможиме да зборниме ништо скришно, почнавме со мимики, на пр, скриј ја вилушката, ова тивко кажано за да не сети оти ако слушни ќе ја бара и ќе плачи...и ред др слични примери, мислам ме разбирате Денес ново му беше пикање на двата прсти в уши, демек не ве слушам, кој знај кај го научил тоа, цел ден повторува
Ќе полудам од ова што се дешава. Не можам да го издржам периодов многу е напорен. Досега плачеше еден саат, а сега си игра со играчките. Ова е лудница.
Нека е жив и здрав,ама на второ не ни помислувам. И јас имав лесна бременост,ама после тоа што дојде првите 3 месеци,хорор ми беа. За некои работи уште ми е. Маж ми сака дефинитивно уште,ама јас темата ја затворив.
Да го сумирам периодов: - толку многу плаче што повраќа ( има некој слично? Се дешава после јадење ако заплаче) - никако не можеш да ја легнеш да спие ни преку ден ни навечер. Ако ја смириш да не плаче заспива два саати - ноќе се буди со силно плачење каде нема презаспивање. Тоа трае со саати и станува и си игра - вреќата за спиење не ја сака два пати поврати на облекување од плачење, а од раѓање спие така. И попуштив синоќа зошто поручекта на заспивање поврати и ја легнав само на пижами за да ја покријам до тенко јорганче. Прво измрзна скроз оти на секое покривање се будеше, а кога беше покриена и беше претопло. Ми треба време да ја научам комбинацијава али она не спие мирно и се плетка во јорган и е немогуче да спие така. Некој решение да ми каже? Со чорапи да ја легнам? - јадење одбива и пребира - нон стоп кемка за се Ми треба некој да ме фати за раче и да ми рече: не се секирај ќе ти ги земам домашните миленичиња на една недела да ти ги почувам ти само спиј и се ќе биде во ред.
@FreeMind за спиењето.. Кај мене или спие по боди и тенки пижами со тенки чорапи, или со хулахопки и боди со горна пижама. Нема кај да бега, и да се открие хулахопките ќе ја штитат. Ова зборам за периодот пошо е никакво времето кај нас, а инаку првата комбинација. Постојано се открива, чекам да заспие па да ја покријам полека. Вреќата е убава, ама и ограничува простор. Затоа кај мене менува позиции додека спие, па како кај хепи синоќа од креветчето над веѓа удри убаво. Ама немаше ништо. -Да не се прејадува?
@LoveHope супа ручаше не верувам дека би се прејала од тоа. Али вода пие многу, значи многу. И почнува да плаче силно до заоѓање прави притисок во стомак и се иде во млаз надвор и низ нос. За спиењево ќе иде пак во вреќа еве ја почна да кива. Е уште ми фали да настине.
@FreeMind за будењето навечер да кажеме дека е нормално.Почна адаптација и нормално е да се буди навечер.Тоа го потенциаат и воспитувачите.Штом ќе се адаптира минува. Плакање со повраќање и тоа е нормално бидејќи долго плаче од што се засркнува од секретот го повраќа.Зарем досега не ти плакала до повраќање? Значи мирно дете имаш Заби да не се во питање па затоа да плака и да несака да јаде. За нејадач мојата е број 1.Добро што не ми ја одземаа на 18месеци имаше едвај 9кгАма многу пазев што јаде , а таа не сакаше тоа да го јаде.После мм почна да и дава каши , сквич и се остало по продавници.Битното беше јадеше нешто.Па почнав и со јајца од препелица кои многу помогнаа за да зајакне и да стопира некое време со вирусите.За жал нема одамна по едека од овие јајца инаку ушто ќе и ги купував.А многу ги јадеше.Пробај ако најдеш некоја недела со овие јајца дигат имунитет За навечер ќе ти кажам додека трае периодот легнувај си со неа или твојот нека ти помага во дел од обврскитеЗнам убава е тишината од заспано дете За спиење летно време во градинка спие на гаќи и со чаршавДома имам тенко кебе со пижами на куси.Тт ми е моментално околу 23 стрпени. Дај децата на тетка Ава и така она гоне вештерки навечер.Ама за Ози не знам дали ќе се снајдам
Јас не ја покривам ноќе. Спие со голи нозе. Ниеднаш од тоа не настинала. Топол ми е станот, најзината соба посебно. Кога некад ми било ладно мене, ја покривам само преку стомак. Нозете ако и се покриени одма прета. И во Јануари беше истото. По склет се децата, кога и да ја пипнам била топла. Ногата гола и седи, а топла и е.
@FreeMind за повраќањево, мојава повраќа по желба. Значи јаде цел тањир, слатко си јаде без да ја терам, не е ни количински многу, мало бебешко тањирче со житарици и сецкана јаболка. И завршува со јадење, вика дека нејќе више, ме гледа во очи, еднаш ќе направи фаца за повраќање, буквално со сила се напиња, и вториот пат поврати се. Од онака. Не плачеше, не и бутав со сила, си седеше во хранилка. Ми идеше да и ја вратам повраќаницата во уста. По кажувања на старосватот, и неговото на оваа возраст повраќало од забава. Не знам дали е некоја фаза кај некои деца, и не мислам дека е истото кај тебе проблемот, ама може имаат момент каде сфаќаат дека кога им е нешто неубаво, со празен стомак им олеснува, па се стегаат на баш тој начин. Може си прават и јас филмови за полесно да ми е чистењето повраќаници како новородено да имам. За кенкањето, тука сме сите. Најава за тантруми, да почнеме да се плашиме однапред. Има и подобро денови, ама има денови кога ќе стане во 7ипол, и до 8:15 веќе се треска од земја за некоја глупост. Јас ја игнорирам. И проаѓа за некоја минута. На спиење, од кога стана претопло за зимската вреќа, ја облакам на боди и шпикозни со ногавици. Јас спијам до неа со јорган, она гајле нема. Сега еве залади деновиве, ја пипам по рачиња, поладни и се, и пробувам да ја покријам, ама од мрдање не седи долго покриена. Ама за 2 недели не ми се исплати да купувам потенка вреќа, па за сега тераме така.
Ми прооде детево луѓенца. Конечно мислам, редно беше. Си пушташе она чекорчиња од едно до друго место, ама сабајлево си се исправи скроз сама и почна да оди. Е сега не е некако баш најстабилна, се тетерави, си паѓа. Нормално е?
Нормално е синко дури на 16 месеци беше стабилен скроз, а од 14 прооди, уште знае да падни ама поретко, лесни чекорчиња Дали ви се верува дека синко досега нема повратено, значи ич воопшто, ниту еднаш, пу пу. Дури и кога цицаше не повраќаше, само некоку пати ми имаше така малку плукнато млекце. Немој сега уште тоа ми фали да почни да го прави Ноќеска хаос, 26283839 пати стана
За спиење јас му облекувам пижамчиња со долги и боди со краток ракав сега, без чорапи и танко ќебе но дупло е, кај нас ладно е мн, еве денес е малку потопло иначе измрзнавме. Спие само на грб и странично, на меше не, не сака.